Да, ако ги фателе одма ќе ги тестирале. Со самото тоа што не се реагираше одма туку дури не се разбра за случајов беа поминати денови, па се крена џева кога искочи снимката, па тогаш се активираше цела држава, па уште неколку денови поминаа дури не се предадоа. До тогаш се што имале од дрога и алкохол ќе е исчезнато. Умисла за ладнокрвно свирепо убиство немале. Ама предизвикале тепачка која завршила со смртни последици, потоа си заминале без да пружат помош, го оставија да лежи без да викнат брза помош, бегаа првите неколку дена. Зошто Анџело бегаше ако не е крив и не осеќа вина? Зошто веднаш не се пријавил во станица? Така да ако нема умисла има удари со смртна последица, непружање на прва помош и давање во бегство. И те како има за што да си лежат.
Обично во вакви ситуации кога е странски државјанин, државата на жртвата притиска и не дава мир. Лесно е внатрешно да има корупција и местенки и слично ама ваљда Хрватска нема да остави туку така.
Ма и да не е така. Повторив и тогаш И со Саздо беше истото. Крвнички претепување. на крај им опнаа по 19 години. Од се удри од трансформатор, Тот од земја.
Чекајте, не ми е јасно што прочитав..ако не се докаже убиство со умисла ќе бидат ослободени? Ослободени??? Дали стварно е таков законот? Не се разбирам, ве молам објаснете го апсурдот
Де Клементинче напушти го форумот после ваквите изјави. Прв пат овде некој да толку жестоко бране убијци. Едвај чекам да видам што ќе пишеш кога ќе им опнат некоја година затвор.
Тоа и е работа, се изјасни наназад. Само на крај би рекла - ослобедете ги утре кога ќе пресудат на друг некој ќе биде “Леле мајко што направивме”.
Див запад... од утре сите да се пукаме по улици, БЕЗ УМИСЛА... Кај нас да си силувач, убиец најубаво... се жртвата е крива (ако не е крива, тогаш сама некако се треска во пајаци, бетони, трансформатори), насилникот кутар секогаш, испоровциран, за греота. Абе Монти Пајтон не ни е рамен. Освен ако украдиш ќебап... е тогаш си тежок криминалец.
Со ова дело каква порака се праќа на младите? Дека можат слободно по дискотеки да се претепаат до смрт и да се изјаснат без умисла??