Оти не враќаш бе Луциферке? @Luciferka Баш ме интересира твое мислење како правник што мислиш за тоа за нанесување на удари со смртна последица, непружање на прва помош, напуштање на местото на злосторот и давање во бегство.
Ама не сакал да ја убие значи како не разбираш. Требало да го ослободат. Абеее леле ебати државата што сме. Да бараш да ослободат некој што претепал човек до смрт со образложение немал намера. Поцрна хроника од ова нема
Повторно не ме разбра изгледа, никој не вели дека нема убиство, но нема убиство со умисла, обвинителство не успеа да докажи дека ударите се причина за смртта. Можеби најбитно обвинетите не избегале од местото на настанот туку се обиделе да пружат помош.
Луциферке, буквално на снимката се гледа дека се качуваат у такси и си идат. Денис е најден од чистачката коа фрлала ѓубре. Што ти е девојче?
После укажувањето на прва помош си отишле не биле запрени ни од полиција ни од никого од која причина би останале понатаму?
Значи ако сакам да се оттарасам од некој само да го претепам дур не му откажат органи или трас една по глава и толку. (Оти нели удар по глава и мозочен удар не се разликувале според нашите доктори) Ќе речам ама само го тепав, неќев да умре. И фино лепо ќе ме ослободат.
Оу мај гад, и пилето на дрво знае од шо почина Денис. Сите тројца адвокати кажаа дека физичките удари на нивните клиенти не допринеле за смртта на Денис, што е оправдано се фатиле на орото и го играат мора да ги бранат. Епа од што почина бе Денис, гром да не го удри или јас нешто не разбирам? Чиви удари беа пресудни за смртта? Се разбира на сите тројца подеднакво, последователно само ја влошиле состојбата.
Ако ти влезе наркоман дома да те ограби, слободно помогни му да те изнесе оти ако му ја залепиш една ќе лежиш ти. Знам и јас ваков пример. Македонијо, ој ти земјо на правдата. Цело време ја читам темава и се крстам и чудам.
По таа логика, ако турнам некој од 10ти спрат, не сум убиец јас, туку бетонот долу е крив кај што паднал чоекот. Или евентуално тој сам е крив што не знаел да лета.
Така е, го утепале човекот и си отишле дома мирно да си спијат. Кур ги боли што се случувало понтаму. Таман се отрезниле, па си избегаа од полицијата, па тек после неколку денови се пријави тој едниот. Имаат само среќа што судијката е истата што досуди ослобидтелна пресуда за типот што по втор пат направи сообраќајка со смртни последици, а после тоа утепа маж и неродено дете од жената на мотор. Ако им пресуди ослободителна или нешо ситно Хрватска го има сето право на светов вето да ни лупа дури сме живи.
Од причина што тогаш неспособниот Спасовски изјави дека човек на Мицкоски го убил Тот. Пробаа да го заташкат случајот
Па не е нивна вина што одбил да оживее после мавањето на шамари за да се освести. Што требало да прават? Зарем да повикаат брза помош и да чекаат додека дојде? Главата негова сама ја провоцираше штиклата на девојката да се забие во неа неколку пати. Можеби не е со умисла, ама дефинитивно е убиство во афект. И треба да одговара како за убиство. Може ете некоја година помалку.
Дечки не знам за вас еве ама знаејќи се себе, да удрам некој у афект и да изгуби свест, толкава паника ќе ме фати, што последно на памет ќе ми е да продолжам да клоцам и да си отидам ко ништо да не е. Не знам, у место ќе се здрвам, ќе рикам, ќе се онесвестам од стрес, ќе викам брза помош....не знам. Ама нормален човек таква ладнокрвна реакција како нив на снимката нема да има. Ми се чини едниот само му пријде да провери дали е жив и ја држеше Климентина што пробуваше да го клоцне. Е тука се гледа намерата. Не ја фаќа никаква паника "леле жив ли е"/"леле викнете брза помош" туку "абе цркни идиоту"
Најсериозно сум читала вакви оправдувања за сообраќајки. Дека смртта настанала кога чоекот паднал од хаубата на асфалт, не од самиот удар.. Пошто он сам се акнал на хауба. Или па ако врзеш во вреќа некој и го фрлиш у море, твоето дело е фрлањето во вода што не е причина за смрт. Он се удавил и тоа го убило. Едит Имавме несреќен случај со близок и многу добро знам што значи "немав намера". Реакцијата што ја имаше човекот што беше крив беше дааалеку од оваа на тројцава.