Најмалку 10 год или доживотен затвор. Е сега кога веќе зборнавме за свирепо убиство. Убиството на свиреп начин се карактеризира со зголемен енормен степен на физички болки на жртватс како И СВЕСТ И ВОЛЈА на сторителот за причинување токму такви штети. Е сега тоа ја што го зборувам за евентуалната умисла ( дека според мене постои). Делото убиство на свиреп начин може да биде извршено и со евентуална умисла, постои убиство на свиреп начин кога сторителот ЈА ПРЕТЕПАЛ ОШТЕТЕНАТА, НАНЕСУВАЈКИ И ГОЛЕМ БРОЈ УДАРИ ПО НАЈЧУСТВИВТЕЛНИТЕ ДЕЛОВИ ПО ТЕЛОТО, И ТАКА БЕСПОМОШНА ЈА ОСТАВИЛ НОЌЕ НА ОТВОРЕНО ПОЛЕ. ( у конкретниов случај пред диско). Мислам дека сега се е јасно, многу добро знам зошто цело време го кажував тоа за евентуална умисла, и за убиство на свиреп начин. Целава случка и со Тот, е објаснета во ова погоре што го пишав. И тепачка се смета за убиство на свиреп начин со умисла. Ви цитирав од посебниот дел на Кривичното право.
Веќе ти одговорила една членка.Ќе ти одговорам и јас(иако сум друга насока, но знам за сите). Ова не е точно.На сите насоки се полага усно(претежно за правната) и писмено(есејски одговори на прашања-што се применува и за колоквиуми и за испити, на предмети кај што има прашања на заокружување се само 2-3 прашања).
Еве објаснија како одат работите. Треба да докажат уствари дека било со умисла, бидејќи такво било обвинението. Ако било друго, ќе се водело по тоа. Инаку на камерите, тоа е доказ само за тепање и неукажување помош, не и за умисла.
Како што разбрав од целава дискусија, ќе ги ослободат за ова дело (убиство со умисла), ама потоа ништо не ги спречува ЈО да поведат нова постапка која нема да е убиство со умисла, туку не знам, убиство во афект или како и да е.
Може да се екстрадираат. Ако вистина сакаат да ги осудат, ќе ги осудат. Прашањето е дали намерно ваква класифкација на дело одбрале, знаејќи дека нема да пројде или се едноставно толку неспособни. Двете се реална можност.
Нема туку така да ги ослободат, ќе им се суди за убиство. Не е со умисла ама факт е дека се убијци и треба да одлежат. Семејството ќе се бори за правда.
Плус и станува збор за странски државјанин, знаат дека Хрватска ќе збесне доколку донесат некоја неразумна пресуда. Ја сепак мислам ќе ги осудат доста добро, во граници на законот.
Не може да им се суди за дело кое ЈО го нема докажано, едино да си оформат нов предмет и пуштат обвинителен акт па Јово на ново.
А јавниов обвинител испаѓа глуп е, прв пат ова го работи па не знае да го класифицира делото? Не знае за шо станува збор. Или сепак многу добро знаат и они за какво к дело станува збор, и исправно си постапија, а тоа што на некој не му одговара, и бара мал милион олеснителни околности тоа е сосема друг муабет.
Муабетот ми беше дека, чим тера вака, не ја сфаќам потребата од шпекулирање дека ќе ги ослободат? Треба само да почекаме, да ја кажат пресудата.
Да да, те разбрав тебе, тоа се само празни муабети според мене, и неосновани барања на бранителите на обвинетите. Јас и не знам и зошто се крена волкава фама околу тоа прашање. Ќе чекаме 30ти, на 30ти беше пресудата така?
И Игор Спасов не излезе тогаш од дома со мисла - денес ќе го убијам Нешковски. Ама кога брутално некој тепаш, не знам што очекуваш да се деси??? Не беше неговото го удрил и паднал на глава и толку. Нешковски беше тепан до смрт. Ебати законите ебати.
Не можам линк да постирам. 3 годишно детенце починало пред очите на родителите едниот лифт во болница не работел, другиот бил мал не го собирал креветот, требало итно да го реанимираат. Јас сеуште се чудам кога некој ќе ми се рече дека животот во Мк е ок и не би се селел никогаш. Толку нефункционален систем. Немам зборови. Како им било на родителите пред свои очи ваква ситуација да ги снајде. Убаво пишуваат, а да беше дете на некој политичар? Истово ли ќе се случеше? Или само ние обичните смртници имаме вакви "судбини"?
Удрила по свекрвата, па по сопругот, па на полицијата: Детали од најнова семејна драма во Македонија! Велешанка направила ПУЗДЕР – Се степала со свекрвата, сопругот и синот, ЌОТЕК ДОБИЛ И ПОЛИЦАЕЦОТ Вистинска семејна драма се случила вчеравечер во Велес, кога жена во сопствениот дом нападнала тројца од семејството, а при интервенција и еден полицаец. СВР Велес со детали за настанот. -На 22 ноември во 19.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.З.(40 год) од Велес. Таа, по кратка расправија, физички ја нападнала нејзината свекрва, нејзиниот малолетен син и сопругот. При интервенција на полициските службеници, В.З. физички нападнала и еден од полициските службеници, информираат од СВР Велес за Прес24. По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат дека ќе следи соодветна пријава.