Зошто помалку вина? Го викнала да дојде за да го убијат, потоа го сокриле телото и како ништо да не било. Како е тоа помала вина?
Нека скапат. И мило ми е што семејството си бара отштета. Сите нека го следат примеров. Нека си бараат отштета во случај на убиство. Невработени биле господава, со исклучок на едниот дечко. Ова да им биде лекција на сите силеџии.
Ја имаше и неа,кога имаше збор,да каже нешто во своја одбрана.Дури и раката од лице ја тргна госпоѓаата
Фацата на оној кога му кажаа дека е осуден на 18години му ја видовте? Каква гнаса од човек. Ќе скапат таму сега
Незнам што очекуваа стварно.Може добиле поинакви ветувања од адвокатите нивни.Па уште сто пати упадна во збор и го заќутуваа.Сега конечно може да си го соблече кошулчето и да се спреми да си одлежи.
Фацата на Анџело кога му рекоа 18 години као дали сте вие нормални. Не бе брат ти очекуваше 5 години и со добро однесување ќе те пуштат за 3 години. Он не се дал у бегство, мислам... Секоја чест за пресудата.
А што очекуваја да ги ослободат па сега изненадени се од пресудата. Значи ладнокрвно до смрт претепаја човек. Дури и максимална требаше да им дадат
Ovde cela presuda https://kanal5.com.mk/presuda-za-ub...vski-16-godini-zatvor/a557949?mibextid=Zxz2cZ
Која е Лефковска на видеото? Леле лош човек овој што се тресе цело време. А овој помирниот се гледа дека сфатил дека заслужил, дури изгледа и како несвесно да го сторил тоа, пијан на пример. Конечно некоја правда. А како се постигна оваа правда? Го немам следено случајов. Прашувам за како да се постигне правда за се, како успеја до ваква правда да дојдат?
Само Андреј изгледа искрено се кае, а ако Анџело, според неговата реакција, мисли дека 18 години се многу, не е ни свесен што направил и по тие 18 години изгледа со истиот памет ќе си излезе.
Шо ви реков оти се зимаат предвид и дали пружиле помош откако се онесвестил и дали избегале. А не само со умисла или без и то е то.
Малку многу ми делува казната, ама така е тоа, жртвата државјанин на ЕУ - тоа најголем фактор, ама најлошо е што го доудирале по првичното колку што разбрав. Иако, не верувам да имале умисла за смрт. Претпоставувам апелација ќе им намали за 1-2, ќе излезат за 10-12 или плус 1 и толку. Не ми е само јасно дали имало усна провокација од страна на жртвата, и тоа веројатно би се броело во олеснителни околности. Најдобро тргање настрана од тепачки. Особено со вакви судии, да беа некој и нешто најмалку или политички врзани за половина или повеќе помалку ќе добиеа. Да, навистина мислам дека судиите се вртикапи, една власт ќе ги намести, а кога се менува власта се менуваат и тие па најчесто и на самите тие кои ги одбрале им ја дерат кожата, најчесто како местенка од спротивниот политички табор. Има еден збор со 5 букви кој почнува на К и е универзален во славјанската група јазици и потполно ја опишува ваквата појава на такви личности, но заради пристојност нема да го пишувам.
Добија си толку колку што си заслужија. Толку колку што предвидува казната. Срам да ви е сите што ги бранете. Недложен човек умре поради нив