Да речеме дека Тот и дофрлил груби зборови на Клементина. Не можела шамар барем да залепи и да си продолжи со животот? Нејзиното его и непресметливост сега ја коштаат 18 години во затвор. Среќа што е хрват, па пресудата е таква каква што е. Да беше македонец, сега условна ќе добиеа.
О брат, ај не се праи сеа Светец. ако си у роднинска врска со некој од овие, моеш да се молиш за нив само. А чим волку рипаш, си. Те прашав кај беше досеа? 100 мислења напишавме до денес
Не мора шамар. Збор е доволно да се врати. Ја удрил? Ја повредил? На збор со збор се враќа.Па и на погрден. Дали секој следен син кој ке биде вербално агресивен треба да се убие? Дали тоа вие подржувате убиство на секој што ке се обрати со поинаков тон?
Да не моеш да умреш на раат.. Среќа неговите немаат пристап до форумов, да не читаат вакви глупости, уше тоа им фали
Не сум во роднинска врска. Па чекав да видам што точно се случило. Не можам да претпоставувам. Не мора да е жив некој за да се следи неговиот пример. Може и лик на книга да има следбеници. Јас некогаш кога ќе се нанервирам си поставувам прашање: - Што во овој миг би рекол другарот и адвокат на вујната на Дејвид Коперфилд?
Да не моеш да умреш на раат.. Среќа неговите немаат пристап до форумов, да не читаат вак сеа чекаше да видиш шо се десило? Кого лажеш ти бе другар. Видеото искочи уште на 9-10ти АПРИЛ Денес е 30.11.2022 Значи цели 7 месеци се пројдени. Не сфати досеа шо се десило?
Само во Маќедоња жестоко се бранат убијци кои те тепаат до смрт, ама као не сакале, немале умисла, ама те гмечат по глава, и такви кои те убиваат на пешачки премин. Една Србија светлосни години е понапред од нас, народот се сплотува и бара правда според заслугата... Ние овде се испотепавме да докажеме дали Тот и намигнал на моралната, дали ја 'фаќал по телото' (се чудам од кај излезе тој податок сега, месеци ништо не се спомна за тоа). Ај признајте си сите вие што напаѓате мртов човек, дека си отиде за ништо, буквално за глупост и да го оставиме детето да почива во мир, во најубавите години од животот....
Ако ги убивавме сите оние кои не се 'добар' пример за нашите деца, 80% од популацијата под земја ќе беше.
Тоа што имале проблеми со дрога и психа има врска. Ваљда знаете дека ако имаш криминално минато и историја на користење дрога и алкохол дека секое следно дело ти е сѐ потешко да го оправдаш. Секогаш постои шанса да се смениш на поарно ама досиеја и лекарски извештаи не се бришат и добро што е така. Не дека нема исклучоци ама лице со историја на наркотици и криминал да кажеш дека си е океј човек и е невин...
А беее Во странство кај што има судења со порота, адвокатите ги советуваат како да се облечат клиентите на судењето, а не па други фактори.
Да де, сакав да кажам за овие што викаат зашто сме спомнувале оти биле наркомани. Поверојатно е дека таков човек има вина отколку човек што никогаш немал проблеми со дрога или полиција. Не е дека наркоманот заслужува поголема казна. Знам сеа муабети ќе почнат за општеството ги натерало па бла бла ама едноставно не ги интересира секогаш другите зашто некој посегнал по дрога. Не ме ни мене. Ако некој се зафати со дрога, бегам подалеку. Мојата безбедност и на блиските пред сѐ. Оти факт е дека наркоман не е стабилен човек, да не правиме жртви од нив по секоја цена.
Значи тепачката ја видов. Ама ја чекав пресудата, описот на настанот во пресудата за мене е најверодостоен. Затоа постојат судовите. Народот лесно бива заведен, посебно ако го поттикнат на тоа медиумите. За жал. Не треба да се убиваат. Кој рече дека треба да се убиваат? Јас жалам за смртта. Само вие упорно правите светец и безгрешен некого, само затоа што го убиле, а тој според пресудата бил повод за да тепачката.
Не знам за во пресудата енџи, зборев општо од тука што се разврзаа муабети демек што има врска што биле наркомани. Епа има врска.