Абе светец... таман работа... кој е светец и безгрешен? Само не бива да убиваме луѓе по улица оти биле вакви или онакви.
Што ако бил повод? За што бил повод? Да го удираат по глава? Да го убијат? Како жалиш за смртта, а обвинуваш дека го правиме безгрешен убиениот? За што е грешен убиениот? За провоцирање? Зар нема друг одговор на провокација освен убиство?
А знаеш кој го јаде највише? Убијци Не ми се праи мене паметна и со овие жмигалчињава. Не ви пројде на суд Џабе се силеше. Вакаа ќе е, онака ќе е.
Се уште нема правосилна пресуда и не можеш да ги наречеш убијци и сл, сеуште се само обвинети. Од страна на судот некои факти не се правилно ценети и биди сигурна дека ќе падне на виша инстанца.
@Серотин а тоа што имам дете е важно за случајов или?[/QUOTE] @An-na Епа и твоето дете ќе оди по дискотеки ,колку и да го воспитуваш може ќе се појави некоја како Климентина што ќе посака да го шутира .Плукни си под пазуви чим имаш дете.
Не обвинети убијци туку обвинети за убиство. Обвинети убијци повторно алудира на веќе донесена правосилна пресуда каде што е докажано убиство.
Убиство е, но ненамерно. Овде целта им било да го натепаат. Тоа што дошло до смрт е ненамерна последица. Да го давеле, да му ја пресекле главата, да го оставиле да искрвари би било друго. Ама овие не ни биле свесни дека му задале смртни повреди. И никогаш не реков, дека не треба да ги осудат, туку дека превисоки се казните. Плус целта на затворот треба да биде затворениците да се поправат таму, а не само да го јадат буџетот.
Искрено, читам што пишуваат поединки и не можам да си поверувам дека може да сте до толку ДНО од луѓе! Млад дечко умре, алооо УМРЕ! Го нема веќе! Лесно е кога го нема па сега тројцава убијци можат да си измислуваат приказни, се со цел олеснителна околност за нив. Го убија и крај! Денис не падна сам, не го дувна ветар, значи они крвнички го маваа го шутираа. Сите го гледавме видеото, и не знам што има повеќе за дискусија. Сметам дека 80% од нас девојките барем еднаш во живот сме имале пуштање во дискотеки од пијани машки, ама сигурно не би реагирале вака. Исто, при тепачки се знае ќе се удрат бокс два, па и повеќе, ама да е обострана тепачката, ама тука кога гледаш дека другиот не реагира легнат на земја и ти уште повеќе да го ШУТИРАШ ВО ГЛАВАААА значи треба да си МОНСТРУМ!! Арам да ви е на сите што ги браните, ваш близок човек да го претепаат до смрт и тогаш да ве видам да барате ослободителна пресуда!
Можам ја шо сакам да праам, исто ко и они. И осудени се. Дали ќе стапи денес у сила, или утре, осудени се Заврши нивнито