Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Некој очигледно не разбира дека вербалниот деликт може да донесе многу поголеми последици од физички инцидент.

    Физички болката може да помине но психички зборот се носе цел живот и може да има трајни последици.

    Само кај нас на тоа не се обрнува внимание.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    4.699
    Пол:
    Машки
    Ама вие кога се расправате, изгледа дискутирате на високо ниво. Не се сите такви. Мене да ме навреди некој веројатно ќе си заминам, ама некој ако ми навреди некој, кој ми е значаен, не би премолчил.
    Да видам да малтретираат некој послаб пак не би премолчил.
     
    На Осе и Luciferka им се допаѓа ова.
  3. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Дали си сериозна со муабетиве... курвице мала има потрајни последици од изгубениот живот на Тот?
     
    На CameliaMiller, Harper, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    41.202
    Пол:
    Женски
    Ама така е. Никој не вика дека не се убијци. Убијци се и заслужуваат казна. Прашањето од прееска е дали казната е соодветна? Стварно не разбирам како може толку црно-бело да гледате и да имплицирате дека се бранат убиства само затоа што се поставуваат прашања надвор од пресудата.
    Ете и мене ме интересира некој правник објективно да напише пример за исти вакви случаи дали исто се судело, дали се даваат слични казни, дали се земале другите фактори предвид....
     
    На KateKane, Luciferka и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.352
    Допаѓања:
    119.374
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш срц?
     
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Различни држави, различни системи, секој случај своја приказна.
    Имам читано за Америка педофил да одлежува 45 години, овде не сум слушнала некој да е обвинет толку за полов напад.
    Како е правилно кој да каже стварно не знам.
     
    На Harper, Осе, KateKane и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    41.202
    Пол:
    Женски
    Да, знам, за кај нас мислев.
     
  8. _Naumche_

    _Naumche_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.764
    Пол:
    Машки
    Па да ги потсетам кого чуваат дома. Пардон, чувале веќе е во пртивор златното детенце. :)
    А и заслужуваат ја да сум ќе се преселам на крај од светот ќе отидам да дознаам дека сум татко, брат на убиец а не гордо да се покажувам на тв. Под земја ќе пропаднам од срам.
     
    На Ouravanture и elimkd им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.472
    Допаѓања:
    90.991
    Пол:
    Женски
    Зошто да отвараме дискусија колку години казна е соодветно?
    Секој случај е посебен.
    Тие ќе излезат од затвор секако, кога тогаш!
    Ќе се вратат дома по 10+ години.
    Тот нема никогаш, поради нив.
     
    На CameliaMiller, Harper, Осе и 8 други им се допаѓа ова.
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.589
    Допаѓања:
    126.128
    Пол:
    Женски
    Не е битно.
     
    На fana и Luciferka им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.441
    Допаѓања:
    190.763
    Епа да, ние сме возрасни жени, не ни се спојуваат жичките. Мислиме дека секоја акција има реакција, ама и последица, и така. Комплициран мисловен процес.

    Утре овие будали комотно може да те здробат од мавање пред бурекџилница, јер криво си ги погледнал, или така им се причинило. Абе ај...
     
    На CameliaMiller, Harper, MarijaMi90 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.565
    Пол:
    Женски
    И за Андреј не би рекла дека нешто се кае :|
    Еве да цитирам:

    Најголем шок беше евидентен кај мајката на Андреј Костовски, третообвинетиот, која со лелек и неверување ја слушна 16-годишната казна за својот син за кого судијката посочи дека имало искрено каење. Таа беше во шок.

    По завршување на судењето, Костовски се обрати до мајка си: „Пред Господ сум чист, не сум убил никого. Совеста ми е чиста. Тоа е поради јавност, знаеме под какви околности. Не секирај се, мама, сè е во ред“.

    Извор: https://a1on.mk/macedonia/lelek-ten...e-me-izbrkate-od-sudnica-chist-sum-pred-boga/
     
    На Bezimenka90, Bitter-Sweet, Sielo❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Не сум го видела ова, знам само кога му ја изрекоја казната од 16 години дека кимна и ја прифати, а и цело однесување во текот на судењето му беше примерно и прибрано, за разлика од другите двајца.
    Изгледа и он не се кае. Само си ја прифатил судбината.
     
    На Harper, Осе, Bitter-Sweet и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Навистина жално колку жена може да биде отровна према друга жена, не сте во кожата Клементина и не знаете низ што се има поминато па да коментирате за нечиј приватен живот.

    Ќе бидам искрена и јас навлегов во тој круг од некои причини но за среќа имаше кој да ме извлече од него, за разлика од неа која немаше никој толку близок, на моменти и јас се каам за ХХХ постапки или нешто што не сторив во други ХХХ случаи но ете.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.606
    Допаѓања:
    63.325
    Пол:
    Женски
    Што зборите бре вие, дал сте бре вие крштени?

    Имате снимка на која убаво се гледа све, како го вадат од такси, како го шутираат, па кога паѓа уште толку го клоцаат, маваат, детево не реагира, овие се враќаат, па кога воочија дека не мрда, пробаа да го мрднат малку и си идат. Анџело дури и мавта со раката, во смисла ај батали, тргни се. Ниту да повикаат брза помош, ниту да ја почекаат таа брза помош, ниту да пријават некаде, ниту пак ги интересирало што се случило, туку си отишле дома да се наспијаат и да се отрезнат. Едниов вика во шок бил и под антидепресиви, затоа го немало. Правење на будали од сите таму присутни.

    Па и на изрекувањето на пресудата, се мршти, праи фаци, и префрла на судијката ќе видиме дали јас ќе платам во смисла. Типичен насилник, да не го прибереше адвокатот којзнае што ќе се случеше во таа судница. Кај има убиено човек до смрт, па уште се нечка, се мршти, се тетерави.

    И ќе дојдеш овде на фемина форум, и ќе најдеш вакви луѓе со некоја извитоперена слика за реалноста каде кажуваат дека требало да лежат малце години оти немале намера од дома да го убијаат.

    Има последица мртов човек.
    Готово, крај, го нема. Згаснал живот на 27 години оти некој го претепал до смрт. Ако не ви е јасно тоа, препрочитајте уште еднаш. И уште еднаш. Неколку пати дури не сфатите дека дечкото е претепан до смрт, оставен да лежи на ладен бетон и изгубени се витални минути дури не го префрлиле на КАРИЛ.

    А да, најниско, најдно, најбесрамно е да вметнувате нешто одвратно, нешто громорозно како силување. Тоа е најголемиот страв на секоја жена, нешто најстрашно што може да ни се случи, нешто што треба да се коментира и збори со максимална сериозност, нешто што не посакувам ни најцрниот душман да го снајде. Не е играчка за да добиете аргумент на фемина форум, не е нешто што треба да се користи за лаф муабет и не е нешто со кое што треба да се расфрлате за да си докажете некаква бесмислена поента. А особено иритантно е маж лаже за таква работа, сите влакна на телово ми се ежат.

    Опрајте се, ама најсериозно.
     
    На CameliaMiller, Harper, Waverly Raven и 27 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.589
    Допаѓања:
    126.128
    Пол:
    Женски
    Доволно е тоа што има дете да се свести и да се оттргне од тој круг.
     
    На Harper, Осе, Bitter-Sweet и 7 други им се допаѓа ова.
  17. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Aха...па ако не ај нека и дадат ослободителна пресуда ако прошла низ работи во животот и утре пак нека убива. Ти знаеш дека Клементина е таа што беше најнасилна од сите тројца? Единствената што не му пружи помош што го маваше у глава со штикла откако тој изгуби свест.

    Како ја браниш, па не другарка СЕСТРА нека ми е заслужува да не излезе од затвор.

    BTW сите убијци имаат некоја тажна позадина, не значи дека сите треба да се шетаат на слободна поради тоа.
     
    На Harper, Осе, Bitter-Sweet и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Јас колку што прочитав тој прв го извлекол Тот од таксито и го удрил, па девојкава го туркала Тот па Анџело да се покаже го зачукал со боксови и така е зададен тој смртоносен удар. Поточно од падот на асфалтот имал повреда на рбетен мозок која да ја немал ќе преживеел. Него по тоа овие продолжуваат да го тепаат, Тот не дава знаци на живот и не разбирам како имаа душа да го удираат или што мислеа дека глуми мртовец?
    Туку отежнителни околности имаат сите што не укажале помош откако увиделе дека е мртов, некоја девојка побарала брза помош и го свртеле обратно демек мртов пијан да изгледа дека е и не дале точни информации на брзата помош дека станува збор за тепачка. Изгледа затоа се расчу првично немал повреди на главата, првична грешна информација била тоа.
    Друго на што се чудам во судницана роднина или нечија мајка вели не е убиство, е како не е што мислеа ќе го претепаат до смрт и тој магично ќе оживее...

    За тоа што пишувате дека и вербална навреда боли и се памти долго време, така е, ама како може да ја израмнувате со физички повреди кои резлутирале со смрт и да го одобрувате тоа?
    За првово има стручни лица се работи на тоа, а за второво што има, ќе стане некој од мртвите?
    Казните за Анџело и девојкава по однесувањата и сите лажни извави мислам дека се премали, само жалосно е што ниту затворот ќе ги промени и им ги смени однесувањата едноставно затворите не функционираат по овој принцип. Само пак ќе бидат во средни 30ти или рани 40ти имаат уште години пред себеси, а оштетениот земјата одамна го покрила.
    Жалосно.
     
    На CameliaMiller и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Да, но секој живот не е ист постојат многу сијалички во мозокот.
     
  20. Zorina

    Zorina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    За првата реченица се согласувам со тебе него ова ме занима.
    Кога ќе им каже тоа што си пишал погоре што мисли твоето девојче дека ќе постигне и што ти мислиш дека ќе постигнеш со тоа што и даваш одобрение тоа да го направи?
    Не разбирам што сакаш/ сакате ти и таа да постигнете со тоа, што ќе ви смени на двајцата дали ќе им кажете нешто такво кога поминувале по улица?
     
    На Осе, Bratot, Stefi_555 и 4 други им се допаѓа ова.