Не бе они не знаат кого чуваат.Чекаат ти и твоите да им кажете. Мислиш на девојчето лесно и е да оди сега на работа/школо?И фалите уште вие да и го дозагорчите животот.
Браво!! И што те прави поинаква од нив? Ќерка ти ја учиш да врши булинг? Што е крива сестра му и мајка му. Мислиш нив лесно им е..
Глејте, неговите шо утнале во воспитување утнале. Ама пред 10 години и поише. Не може сеа да ги суди некој шо е он копито
Физички болката може да остави трајни последици по животот или во најлош случај како овој да го оконча. За болката од збор боли не дека не, ама може да се работи на тоа да се надмине таа болка преку работа и соработка со соодветни стручни лица. А што да се прави кога физичкиот напад довел до трајни последици по животот и довел до многу ограничености во него дури и до смрт. Како оправдувате или сакате да протнете олеснувачко дејство ако физички напад бил предизвикан од вербален испад? Убаво ви пишаа утре и некој ќе умисли криво си го погледнал или ако си искоментирал нешто за тебе денот не ти е ок и си си кажал сам за себе гласно тој друг пак ќе си умисли дека за него си рекол и ќе те срши од ќотек, во ред е тоа? Има и такви мозочни болести поради кои личности вербално неконтролирано и несакајќи си кажуваат се убаво, навреди и се и сега некои вакви лица да ги скршат од ќотек до смрт? Сакате живот во општество а со 0 толеранција сте за сите различности и се, чаре истепај го по можност до смрт. Страшно.
Е ајде сега на фамилиите да им се фрлиме.. господе боже. Се слушате што зборувате? Криви се оние тројцата. Ни мајки, ни татковци ни сестри ни браќа. Ќе си одлежат, ќе си носат на душа цел живот. Крај.
Не измислувај раб што ги немам напишано.Значи татко ти е ако е насилник и ти треба да одговораш пред околината поради него?
Најлесно им е чим не се шетаат слободно по улица како ништо да не било. Пак ќе кажам јас да бев ќе ми беше срам да искочам надвор од дома ќе фатев ќе се преселам негде никој што не ме знае. Под земја ќе пропаднев од срам. Може. Ете конечно некој се согласи со мене.
Жално е да се лепат етикети како силувач и наркоман на мртов човек кој не може да ја каже својата страна од приказната. Тот на тестовите за дрога излезе негативен, исто така нема доказ дека се обидел да силува девојки или да ги напаѓа физички па приказната да се тера на таа страна. Не е воопшто исто пијан дечко да дојде да ти се пушта на маса, па дури и да е упорен и вербално нешто да ти дофрла со насилник кој се обидел да те силува или те нападнал физички. Не значи дека сите машки кои кога ќе се опијат во диско и тогаш собираат храброст да се пуштаат на девојки, на досаден, сељачки начин се еднакви на силувачи, на некој таков се возвраќа со игнорирање или вербално покажуваш дека не си заинтересирана или се тргаш од негово друштво, а не остануваш цела вечер да пиеш на негова сметка како Клементина. Дури и да бил премногу нападен и упорен и да ја навредил и да не престанувал со тоа, не значи дека треба да го претепаш до смрт има многу други начини да се справиш во таква ситуација. Ете во афект било да речеме, го удрија еднаш, дечкото одма падна без да возврати, без да се мрдне и покаже знаци на живот, секој нормален тука би прекинал и би му пружил помош, а не уште долго да го тепа крвнички, така да убиство е и се виновни за убиство колку и некои да пробуваат да ја разводнат ситуацијата и да ги оправдаат.
За мајката и да те сфатам ради криво воспитување, но сестрата не е виновна. Сепак, да не им викате ништо.Подобро е да ги игнорирате.
Луѓе што е со народов кај нас? Правдаат војни, правдаат убиства? Хрватска може да ни стави вето и да рече дека немаме правна држава за случајот. Но, правда треба да има. Па луѓе за 100 кебапи лежат затвор. Имаше еден во Паланка затворен за кражба на 2-3 сока, тегла ајвар, и некои ситници од продавница. Значи материјална штета помалку од 500 денари, осуден и во затвор. Нека им дојде памет на сите насилници со ова.
Сега прочитав си одговорил зошто и ти и твоето девојче така би им кажале. А ти што мислиш тие не знаат што навистина се случило и како е? Иако еднава мајка што ја спомнав уште е несвесна можеби и делузивна дека детето насилно одзело нечиј живот што ме наведува дека неа и треба итна стручна помош. Тоа ми беше муабетот наместо да им се дофрла на блискиве да беше се како што треба, функционално, нив им треба психолошка помош. За тебе немој да мислиш дека секогаш однесувањето и воспитувањето од родителите е толку многу моќно и влијателно како друштвото, околината, социо- економски околности и што уште не врз развојот на една млада личност и во што ќе премине таа во иднина. Има секакви стории за убијци, цели докментарци и стручна литература и знаеш што нема откриено алгоритам или правило по кое може да се детектираат и да се превенираат нивните престапи уште пред да ги направат. Имам само гледано еден филм на ваква тематика ама тоа е само филм сега за сега. Демек затворот треба да делува како место каде што тие ќе се преобразат ама затворите и нивните ефекти повеќево знаеме какви се.
Јас еве бев на раб да си го добијам од тип со кој одбив да се запознаам. На кеј со другарка, двајца типови ни приоѓаат и викаат да се запознаеме. Викаме не. Вика едниов зашто. Викам дечки така и ај гитла. Едниов замавнува нагоре со раката и ме гледа остро и се дере - На кого на ти гитла? Се уќутев, овој се повлекува и дим да ги њама со другарот. И еве ако ми ја акнеше една и недајбоже завршев ко Тот оти замисли сум му рекла гитла, иста песна ќе се пееше. Немал намера јер...само зашто од дома не излегол со таа мисла. Тоа што е говедо од човек и си има проблем со фрустрации ич не е битно, битно ја сум провокатор. Чисто ова ви кажувам како некогаш може да ве снајде вас истото од такви морони ненормални. Патем се гледа дека ваквите длабоко во себе си имаат проблем со однесувањето, моментален афект не те тера да реагираш така.