Браво за тебе како го учиш детето. Типична малоѓраганштина. Они што се криви? Животот им го уништил , уште фали девојчето твое да им каже, они не знаат на кого се брат и мајка .
Здраво, мислам дека имаме недоразбирање. Јас не кажувам дека треба да поминат неказнето или со само симболична казна, туку дека ми делува дека не сите олеснителни околности се земени во предвид заради повеќе фактори - прочуеноста во јавноста за случајот, странец државјанин на земја членка на ЕУ која има доста деловен однос со Македонија, ама и судството - судијката не би да се прикажи дека е блага за да не си има таа проблеми, со оглед на нејзината позадина и особено после скандалот со условна казна за виновникот за смрт на моторџија кај млечен која одлука им падна во вода: https://www.mkvesti.mk/koja-e-sudij...za-obvinetiot-za-soobrakjajkata-pred-mlechen/
Баш поради тоа што е истата судика од случајот што си го објавила мислев дека многу поблага казна ќе им даде. Пишав пред некој ден тука. Што има влијание од надвор,има. Ама никако не смееше да им даде ослободителна пресуда или пак нешто минимално. Да беше така, каква порака им се дава на младите што беснеат по дискотеките? Не е многу строга казната на овие тројца. На тој од линкот е преблага
Што му била и како му била не е битно. Битно е дека учествувала во убиство на човек. Минато, начин на живот, кој е што е не е битно. Злостроството го направила и за тоа ќе си биде казнета.
Не се толку казните, апелација ќе ги намали за околу три години, плус уште по три години ќе им намалат за добро однесување, дали по 10 години ќе лежат, од кој од тие 10 поради добро однесување ако го имаат ќе можат после година две да одат да работат негде преку ден, да одат каде сакаат, само во затвор да дојдат да преспијат..
На Јордан му ја зголемија казната од апелација бидејќи се жалеше семејството на Викторија, на овие со Саздо им ги намалија бидејќи семејствата им се жалеа, исто апелација.
Да во Косово многу има убиства на жени и највеќе одлежуваат затворски казни за малтретирање на жени.Никој не го спречува тоа што ако одлежуваат казна кога пак после истото ќе го направат.Жалосно за оваа трудница сестра и дала изјава дека многу била малтретирана психички и физички од мажот и заклучувана.Не и дозволувал да оди кај својата сестра и ако одела морала во присуство со свекрвата, а тој ја чекал во сокак.Немала родители ни браќа само сестри и кога отишла во родителската куќа он доаѓал и ја терал да оди со него дека тука нема што да бара она.Пријавувале многу пати во полиција барала заштита.Тој ја терал кога ќе се породи, одма бебето да му го даде на него.
Вчера не го гледав судењето, денес ја видов снимката... Оној Анџело пукаше од ароганција, цело време креваше веѓи, правеше фаци со очите и устата, дофрлаше од време на време... Клементина не ни стоеше со исправена глава, најјака беше на крајот кога замавнуваше со косата неколкупати и рече дека 19 роденден прославила во притвор, е сестро златна требаше да мислиш на тоа кога шутираше во глава и гради човек без свест! Андреј ми изгледаше бледо и како да се кае... Ми беше жал кога слушнав дека е дете на постари родители, дека работи на 22 години, дека наместо да студира тој се дружел со олоши, ама жалењето ми падна во вода кога слушав дека тој прв го извадил Денис од такси и прв го удрил... Уште оној Анџело полн со себе, скокаше дека не бил во бегство, штом слушнал дека го бара полицијата, отишол да се предаде, чудно, како не слушнал речиси една недела дека во меѓувреме детето кое крвнички го тепаше починало.... Уф да, на антидепресиви бил човекот, а сите стручни лица кажаа дека тројцата биле присебни и добро знаеле што прават, па уште и со Клементина бараа домашен притвор. Ни срам ни перде еј!!!
Прва дојава за бомба денес во основно училиште, поточно во ООУ ,,Петар Поп Арсов" во Карпош. https://kanal5.com.mk/prv-pat-dojava-za-postavena-bomba-i-vo-osnovno-uchilishte-vo-skopje/a558207
Страшно за сите, тешко и на нивните фамилии. Семејството на Тот не може ништо да го утеши, ми е жал што од глупавост толку животи се упропастија. Изјавата од адвокатот "трагедија не се решава со друга трагедија", ам ако не, кој на кого сака нека тепа и да не се плаши дека ќе добие казна.
Страшно А пак експертиве наши кои со години прислушкуваат се живо и диво, не можат да откријат кој стои зад овие дојави
Како сакаш да се однесува лице на обвинителна клупа кое притоа се товари за дело кое го нема сторено и судот не ги проценил правилно фактите ?