Нивна другарка викнала што била ноќта со нив,и не избегале само не дале точни информации.Секако многу грешки направиле и се им се терети.
Плус, судот ги прегледа снимките и вели дека на нив не се гледа тоа што тие го тврдат. Тогаш, и да се преквалификува делото не може да биде тепачка со смртни последици. Пак ќе повторам, очите не лажат.
Со самото тоа што после чинот не отишле право во полиција туку после денови се јавиле откако знаеле дека ги бараат се води како бекство. Да пријавеле полиција ќе дојдела, на лице место ќе ги соберела и немало да се трага по нив денови додека адвокати не ги советуваат да се јават сами. Тоа е квалификација на бегство. Не е само бегање преку граница, (што не е невозможно да не планирале и тоа).. Те молам скини си ја дипломата ако ја имаш..
Јас сфатив дека таа Рената им е другарка што била со нив на сепаре,како и да е они не викале,плус го измрдале,плус кога го кренале да го освестат им паднал од раце.Милион милион глупости
Онесвесетено лице без знаци на живот тепаат крвнички. Крај! Знаеш како ќе поминело полесно, ако кога паднал, одма викнале брза помош, ако признале дека имало тепачка, ако не го мрдале.. само не знам таксистот дали сведочеше.. и он е сведок.
На што си ти жено? И ние да пробаме кога не ни е денот. Туку, не си ја брукај тоа дипломата што ја збориш, ти си оличје на скапан систем.
@Luciferka Врз основа на што се прави квалификација на едно дело, т.е што треба да се случи за некое дело да биде квалификувано како насилство со смртни последици, а не убиството и обратно, кој се тие работи кој прават разлика помеѓу тоа едно дело како ова каде што има насилство да биде квалификувано како убиство а не насилство со смртни последици за кое што патем казната е поблага?
Очигледно само ако пред да обуеш чевли и излезеш од прагот ти светне мисла "Денес ќе го убијам Трајче" е убиство со умисла. Ако имаш проблем со однесувањето и се степаш за ситница и претепаш до смрт некој тогаш си кутра жртва и можеш слободно да шеташ и да претепуваш луѓе.
Во право е Луциферка. Клементина не е крива, не знам зошто воопшто толкава казна, ма никаква казна не требеше за неа, па ни за другите двајца. Не се криви они што Тот ја испровоцирал, сам си го барал. Судијката појма нема од судење, не знам како ја добила дипломата Некој/а студент/ка требало да им суди, они повеќе знаат што и како треба од некој со х години искуство. Ништо не разбирате вие Видеото можно е да е и монтажа. Ама ќе се докаже сѐ, почекајте само, ќе се докаже дека не се криви, па ќе бидат ослободени. Бог да чува ејјј! Не можам да се изначудам на вакво размислување од 'правник'. Па и роднина или другарка да ти беше, ќе знаеше дека е виновна, и крај на муабет. Се надевам со тек на твоето студирање ќе го преиспиташ твоето размислување за вакви или слични ситуации, па здравје Боже ако стигнеш еден ден и ти да бидеш судијка, да судиш право, да судиш според вистината! Да не се правиш слепа при здрави очи. А, и уште нешто, се надевам дека потсвесно знаеш дека не си воопшто во право, ама инаетот не ти дозволува да си признаеш
Те молам, ми треба точна насока, сакам да знам која е разликата меѓу овие две дела, и како се квалификуваат, што е тоа по што се разликуваат..
Најјако беше кога кажа дека сме биле отровни кон друга жена Чисто играње на емоции. Ако е жена, автоматски добива пардон? И мајка да ми е или сестра - убиец е убиец. Не разбрав дали девојката студира право или нешто слично ама ако е така, пиши пропало.
Ubavo kažano bravo, inaku devojkata Klementina sama si ja "potpisa" kaznata, ne trebaše da se vraka i da go udara po glava sega veke pocinatiot