Не се криви што ги испровоцирал, криви се што го убиле. Како бе така 'резонирате'? Ами ај секој што ќе ми преречи нешто, да земам да го отепам?!?! Purge нека има. Шо ќе ни се закони... пфффф... глупости
Да не излезеше снимката од камерата во јавност кој зна и како ќе завршеше случајот. И докторите потфрлија не може да немал видливи знаци дека е тепан како првично што велеа. Ќе се заталашкаше цел случај , среќа снимката.
Дали Тот им возвратил за да биде тепачка? Такво нешто на видеото не се гледа. Еве да речеме и да е тепачка со смртни последици, можам да се согласам за Анџело на пример му удира два бокса на Тот, Тот од силните удари не успева да врати и паѓа. Да речеме дека Анџело немал умисла да го убие, туку ете само да го удри или да го бутне без да го убие. Ама на видеото убаво се гледа Клементина по глава со клоци го удира повеќе пати Тот кој лежи онесвестен без да мрдне, а не па да ја нападне... Кажи ми што е тоа? Сакаш да кажеш дека нема умисла? Плус со средно медицинско била, па ако она не ги знае можните последици од нејзиното однесување што да кажам друго... Па и Андреј не е чист тој го извадил Тот од таксито и плус го удрил додека бил онесвестен. Ама како што слушнав само еднаш. Ама Клементина најпсихопатско однесување со умисла имала од сите тројца. Јас од тоа што го слушав вчера сфатив дека Тот се повредил од падот на бетонот, од двата бокса од Анџело, ама дека уште повеќе придонело да му стане критична состојбата од ударите во глава, затоа што со ударите му се мрдала главата. А кој го удирал во глава? Клементина! Значи? А дополнително е тоа што ни Анџело, ни Андреј, а да не зборам па за Клементина никој од нив не викнале Брза Помош веднаш по падот, туку откако го доутепале Анџело и Андреј сами изигрувале доктори и после кога таа некоја друга викнала Брза Помош, тие криеле од Брзата Помош што точно се случувало. А да не зборувам што Анџело неколку дена бегаше и се криеше, а вчера ќе се прави многу паметен... Да беше ти од семејството на Тот тогаш ќе видев што ќе пишуваше. А вака доволно јасно ми е зошто си толку субјективна. И жити сè кажи ми од што бил исплашен Анџело па му мавнал 2 бокса на Тот? Еве да речеме Тот бил насилен во таксито, ама откако Андреј го извадил Тот од таксито од што бил исплашен Анџело па да излезе од таксито и да го боксира Тот? Затоа судијката многу добро зборуваше вчера кога ја слушав, многу добро знаеше кои сведочења да ги прифати како точни, а кои не. Затоа што е објективна и сака да и биде мирна совеста. А не ти да кажуваш како немало умисла. Јасно е сè! Видовме и слушнавме сè!
Жено Божја, овие го толчеа како да ти објаснам??? Тој неподвижен лежи на земја таа другарката твоја удира со нога по глава упорно.
Читај го ова Извор: https://faktor.mk/klementina-bila-s...ite-na-devojkata-baraat-osloboditelna-presuda
Нема капацитет у мозокот мал наркомански. Ако искочи, бетер ќе е пошо ќе јаде ремет осеќам. Боље да седи у ќорка и да одмара глава малце.
Нема да излезе секако, бар не скоро време. Има притисок и од Хрватска, затоа толку брза разрешница инаку ќе се влечеше со години.
Кој го пишал ова појма нема од основни работи. Нога на слаб и низок човек може да е многу посилна од рака на висок и крупен човек. Оти едноставно нозете се секогаш посилни од рацете поради мускулатурата, контролата итн. Во раце и ја сум млитава ама во нозе не. Да пробаш со некој висок маж он да турка со рака ти со нога тешко ќе те "победи" Глупо ми е вака да објаснувам ама кога два грама мозок немаат и со сила они се прават глупи...
Покушај на перење е. У момент на афект, сите добиваме супер сила. Ја со 50 кила иам во тие моменти премногу сила, не па оваа. Кого лажат Докажано е од психолошки аспект, или пример кога некој сака да нѐ убие, телото рефлексно создава енормна сила пошо знае дека мора да се одбраниш
Ова адвокатите .... Дури и очајно да звучат мора да кажат нешто како би го одбраниле клиентот.... Патетика и јад....
Реално една од позаебаните професии. Замисли треба да земеш јаки пари, а да браниш некој ваков, или уште полоши случаеви. Кузнае колку ги јаде совест навечер.
Не знам зошто и се нафрливте на Луциферка. Тоа го прават адвокатите, го бранат клиентот. Најдобро се докажува правда ако адвокатот ја користи секоја прилика во корист на клиентот, а обвинителот секоја прилика во насока на осудување. Ако адвокатите не се жестоки, и невини луѓе ќе завршуваат во затвор. Ако обвинителите не се жестоки, криминалци ќе шетаат по улици. Сите сме вознемирени од целиот случај и може да не се согласуваме едни со други, ама од правен аспект е подруго гледиштето и секаде низ свет е така. И треба да е така и фала богу што е така.
Ѝ се нафрливме пошо забегуе више си мислењата. Као пробуе да ја брани, се става и она у улога на адвокат. И плус нема аргументи чоек, она и уште 2-3ца сѐ на сѐ имаа слични ставови. До кој е? До нас мнозинството или до нив? Немало докази, правосилна пресуда, повисока инстанца, ќе видиме, повторно судење, не се криви за тоа што ги теретат, тоа па тоа. Има докази, има видео, има слични случаи со слична пресуда, јас лично постирав. Судијката си го одработи своето и тоа е тоа. Не знам што не се сфаќа овде.
Така е да, судијката донесе пресуда, но има и причина што постои можност за жалба. Ако и после жалбата се донесе одлука дека се виновни, ќе си одлежат. Сакам да кажам, ако недај боже некогаш се најдеме во ситуација да сме обвинувани, ќе сакаме адвокат да не претставува, а не народот зошто народот не е правно обучен и се потпира само на емоција. И во болници умираат луѓе и на народот најлесно му е да каже дека е лекарска грешка, а факт е дека луѓе умираат дури и да си направил се како што треба. Пред некое време во Уса имаше сестра која погрешен лек дала на пациент и пациентот умре. И таму сите факти се разгледуваа, како дошло до тоа, дали болницата има удел, дали вработените им се преморени, дали се лековите погрешно наместени итн, итн. А по медиуми се знае, го уби пациентот и толку. Затоа има истражувања и докажувања пред да се обвини било кој. Не зборувам конкретно за случајов, кажав и јас предходно, мое лично, лаичко мислење е дека казната им е таман. Повеќе ми беше поентата дека не можеме да се лутиме на адвокати што си ја вршат работата зошто адвокат е една од најпотребните професии во општеството и недај боже да ни затреба, тогаш ќе сакаме да е екстра добар.