Јас да сум на ова безвезие не ни пуштам дете на училиште вака... секој ден најави бомби, мајтапи.. никој не презема ништо, демек ова некои ептен спремни деца хакерчиња па со месеци реметат, ама толку спремни што никако не можат да ги фатат... скокотни ме да се насмеам. За средношколците празник, ќе пијат кафиња по кафичи, ќефови... државава и онака не се грижи дали ќе има квалитетно образование и образована нација, сеедно. Вака ќе си тераме до бескрај... ама битно хакерчињата со картичките од мајките вака праеле хахаххаа, абе греој
Премиерот даде изјава, дека не можеле да најдат кој ги праќа мејловите. И почнуваат да размислуваат за таква опција, вчера читав некаде.
Ќерка ми некни кога се врати ја прашав како изгледала евакуацијата,мислев нешто по протокол… Јок! Како стампедо стандард како и секој ден
Не е точна информацијава,имам блиска наставничка е во тоа училиште,немало никакво излегување од прозори,значи медиумиве се бог да чува.. И кај ќерка ми денес во школо, децава исплашени,плачат ,не ми се верува кои стресови на мали деца им ги прават ,нека им се јавуваат во Влада таму на тие мороните.
Класична злоупотреба на деца во политички цели. Ќе речат злобната Русија стои зад заканите, а поверојатно е дека самите режираат драма за да докажат поенти.
Има протокол за евакуација,очигледно ни за тоа не се способни! Затоа се прават еднаш до два пати годишно вежби за евакуација. Но како и се друго во нашата државичка така и ова-само на папир стои.
Имаа кај нас баш минатата недела вежба за евакуација во школово,не знам што да кажам,ама им мава на психа на децава,па и на нас...
Па и подобро е онлајн во ваков случај, ама на неспособниве три месеци не им текнува одлука да донесат, а за деца се работи. Чекаат да пукне негде па после, како и за се друго кај нас. Мизерија
Немало потреба од свикување на советот за безбедност. Ова звучи исто како кога викаат дека се подготвени за снегот што ќе падне. Да пишеш нешто против нив, одма ќе те најдат со се соба ќе те извадат како најголем криминалец. Јас само ги мислам дечињата испоплашени.
Не се бомбите само кај нас, во цел регион има лажни дојави. Значи ни позиција, ни опозиција, ни струја е причината.
Како и да е, мораат да изнајдат некое привремено решение. Плачки и пискотници цело сабајле имаше пред основните училишта во Аеродром, децата ептен ги испаничија. Од средните училишта пак, речиси цело полугодие немаат ден без најава за бомба, па туку роварат надвор-внатре. Не дај боже, да се најави некоја бомба во болница или сл. не знам како ќе се справат.
Не мора да значи. Може да е домашен фактор кој користи ситуација што има такви закани во странство, па се прикрива.
И тоа не е сè, звучам ко на Топ Шоп реклама, ама ова веќе е претерано... https://kanal5.com.mk/dojavi-za-pos...om-sc-boris-trajkovski-stadion-vardar/a560368