И ја го мислев тоа Вака се губат и пари, и време, а и народот се стресира Ама мислам ако прекинат нешто да превземаат, дека кој и да го праи тоа, може стварно на крај да го напраи
Чудно како дојава за бомби во регионов има само во држави каде што народот го нејќе НАТО. Пр. Во Грција нема дојави.
И во Битола, во речиси сите основни училишта дојава за бомба. А изгледа и почнаа по градинките да дојавуваат во Скопје.
Градинки?? Имаш информација? Е уште таму нека почнат ,таман сите спремни за во една лудница да отидеме од секојдневиево
Вчера во два клона имало, денеска овој клон, а можеби не е единствен. Не се објавува целосно зашто се многу со пријавени дојави.
Да имало и во градинки, конретно за Чаир зборам.. Мм поминал сите биле надвор децата плачеле.. Хаос страшно, и народот веќе паничи се плашат што ако навистина еден ден пукне..
Можат, ама треба да работи некој. Ова не е пцовка, или кажан збор на социјални мрежи, ова е тероризам. Ама за горенаведеното одма ќе те најдат и дома ќе ти дојдат со специјалци, ама ова кое трае толку време никако бар еден траг да откријат. Да бидеме реални, за интернет криминал си постојат посебни начини на разоткривање, не е тоа обично систмче па ќе откриеме ип адреси. Они нашле адреси, имале многу, ама ниедна не провериле од кај е, пошо неможело.
Ги избркаа младите потенцијали од државава сега нека бараат помош од ЕУ ,може ќе ни се погоди некое наше дете да ни пратат! Колку исклучителни деца познавам од герациите близу мојата,сите се иселија од тука бидејќи државава немаше што да им понуди ниту за доедукација а уште помалку за вработување. Не сакам да го навредувам одделот за сајберКриминал и тероризам или како и да се викаат не знам. Ама ова е веќе премногу !
https://plusinfo.mk/povlechete-gi-s...pishuvashe-vo-zakanuvachkite-poraki-za-bombi/ какви психопати ретардирани Господе Боже дај Боже да им експлодира компјутерот у фаца
Зошто досега мејловите не гласеа вака? Или не сум слушнала? Вака детално до сега мислам немало туку само дека има дојава за бомба. Дали тоа сеа некој игра по туѓо сценарио? Како и да е доста е!
Имало и претходно ,,Македонски деца мора да умираат блабла” Само не сфаќам на чив меил праќаат Ај по школиве, кај директорот Ама за у Ист Гејт пример? За у Борис Трајковски?
Истово и мене ме интересира, не верувам нашиве институции да проверуваат мејлови нон стоп, како шо се многу ажурни...
Има службени мејлови на установите, во Ист Гејт редовно проверуваат знам, ама ете очигледно и другите проверуваат. Единствено знам за Железничката станица имаа кажано дека пријавата била до полициска станица.
Германија ги препреди своите граѓани да бидат претпазливи во Македонија.Османи уверува дека ситуацијата е стабилна. А, уште не гледаме напредок.
Како беше она.. кога ќе речат нашиве дека ситуацијата е стабилна, значи ептен сме забраздиле Кого лажат не знам На добри дроги се бар