Сега и тој идиотот од Велес нема да можат да го најдат таман време да избега преку граница. Ебати неспособните, битно журка си правеа за Европа...село гори баба се чешла. На Европа не и треба ваква јама од држава. Бог да го прости девојченцето и да ни прости зошто неспособните можеби нема да го најдат нејзиниот убиец. Тешко на мајката.
Не е најден, ја сум од Велес. Му останала регистрација на лице место од колата. По тоа дознале кој е. Нормално и по сведоци. Во бегство е.
Чекајте сега и за овој ќе дојдат да го бранат оти нЕмАл нАмЕрА Инаку мајката и девојчето биле на крајот, значи овој сигурно ги видел од далеку, не дека одеднаш му излегле на пешачки. И возел брзо. И ова ако е без намера еве да земам да се обесам стварно.
На копилево не му било прв пат да лудува по улиците,. Добро бил познат на полиција и на народот. Око за око заб за заб, арно правеле Албанците. Нека почива во мир анѓелчево. Лесна и земја Ако некој почне да го брани убиецов на форумов, демек закони и права,ОДМА банирање
Журката со несреќата нема врска, не е ни прв ни последен што избегал од место на несреќа, се надевам ќе го најдат што побрзо и ќе се расчисти цел случај.
Епа сетисе за Клементина и екипата, Луциферка ги бранеше на форумов,повикувајки се на закони. Ебати и закони и се.
Леле 11 годишно како возиме по улици, на пешачки премини еден куп несреќи, да прелетуваме преку улици треба, на пешачки не си безбеден како пешак. Не ми се верува, 11 години
Не беше само за Клементина, Луциферка го бранеше и тој кај Сити Мол што ја прегази девојката, а дечко и што беше повреден... Не излегол со намера од дома да прегази некого Еве да не се мачи Луциферка јас да го кажам истото што ќе го каже и она... Само што јас не го мислам тоа, да не се разбереме погрешно... Само го кажав за да биде јасно зошто се тие муабети во темава...
Значи да не се повикуваме на закони, секој секирата во рака и нека брка правда ? Повторно истото ќе го пишам и за овај, ако не тргнал да ги турни намерно не е убиство, тоа се тешки дела во сообраќајот со смртни последици, не го знам случајов како бил така да за сега нема да се произнесам со мислење за целиов настан.
- Дечкото што ја прегази девојката кај Сити мол беше младо повлечено момче, кое поради момент на НЕвнимание и недоволна сигнализација на патот т.е поставен сообраќаец на раскрсница кога не работи семафорот, поради момент на невнимание направи фатална грешка поради која што цел живот ќе си носи грижа на совест, казната му е сосема доволна, никој не го бранеше. - Овие тројца кој што го убија ракометарот, поради тоа што се крена толкава фама и оштетениот е од држава членка на ЕУ добија толкави казни, иначе регуларно требаше да им се суди за насилство со смртни последици а не убиство со умисла во кое недостасува умислата ама сепак така го водеа. Јас во ниту еден момент до сега не ја сфатив Луциферка како некој кој брани убијци, туку како некој што се води според законот и ги согледува реално фактите без да биде пристрасен, и мислам дека доколку еден ден биде човек кој што го спроведува законот ќе биде непристрасна и многу праведна.
Ги видел од далеку и возел брзо и не застанал. Значи намерно е. Намерно газиш на гас, сигурно ногата сама не му отишла натака.
Не го знам случајов од Велес и нема да го коментирам, само ќе кажам ако не ги турнал со умисла не може да се смета за убиство како што споменав и претходно, за случајот кај сити мол детално имам објаснување дадено во коментарите, за секое дејствие што беше тука споменато има соодветна анализа од правна гледна точка. За овај од Велес ќе додадам дека плус отежителна околност што побегнал од местото на настанот за разлика од Јордан кој останал на местото.
Од дома сигурно не тргнал со намера да ги убие затоа што сигурно не ги познавал, ама да возиш лудо со голема брзина и да видиш луѓе на пешачки премин и да продолжиш со иста брзина не знам што е, ако не е умисла... Сигурно не мислел дека автомобилот сам ќе закочи или дека ќе стане авион ќе прелета над пешаците и нема да ги повреди... Ич не ми е гајле дали бил млад или стар, дали бил повлечен или не. Ако нема доволна сигнализација на патот и ако нема сообраќаец, тоа значи дека е потребна ЕКСТРА ВНИМАТЕЛНОСТ, а не да лета без да му биде гајле дали ќе прегази некого и после ќе се појави Луциферка или ќе се појавиш ти и вака ќе го сожалувате, а нечиј млад живот што згасна тоа не е важно. Важно тој бил млад, повлечен и ете малку бил невнимателен... Не знам што да кажам со која совест го оправдувате... Недостасувала умисла Не знам дали да плачам или што, зашто не е за смеење работава... Како може да недостасува умисла кога таа Клементина онесвестен со сета сила неколку пати го маваше во глава! Ударите во глава што се? Прва помош за да стане ли? Или за да го доуништи? За Анџело ај ќе речам во моментот кога му мава 2 бокса може немал намера, ама после ни Анџело ни Андреј не повикуваат Брза Помош, сами изигрувале доктори, односно со тоа нивно мрдање допринеле да му стане уште поризична состојбата. А кога некоја женска викнала Брза Помош, тие се правеле наудрени наместо да кажат што точно се случувало, односно со тоа нивно прекривање јасна е намерата дека не сакале да му помогнат, односно да знаат докторите што се случило, за да знаат што да преземат. Па уште и да бидеш во бегство, па да се правиш будала дека не си знаел дека те бараат, па демек после одма сам се пријавил, односно така сигурно го подучил адвокат, зашто експресиите на лицето кога беше пресудата јасно покажуваат за каков човек станува збор и дека нема ни трошка жал и каење кај него. А исто без каење и без жал се и Клементина и Андреј.
Сега не мешај убиство со тешки дела против безбедноста во сообраќајот, многу порано ова исто се пишуваше , слободно побарај каде што детално се имам пишано за двете дела.
Повлечено мало сутра... Го браните ти и адвокаткава. Што значи жолто трепкачко светло се учи во предметот Сообраќај(кој/а го имал/а треба да памти), исто и при полагање за возачка. И при доближување до пешачки премин, возачот треба да ја намали брзината. Се знае што направи овој. Нема совест.Да имаше, Викторија ќе беше жива. И овој возач нема совест. Совесни возачи не усмртуваат луѓе и животни.Почитуваат сообраќајни правила.