Не му ја знаеш состојбата моментално на Јордан во затвор каква му е, затоа те молам не коментирај.. Му се заканувале, па го преместувале од келија во келија неколку пати, и го тепале, психички е уништено детето.. Ова ми е од човек близок што им е ми кажуваше, детето е комплетно психички оштетено веќе.
А на родителите на Викторија ружи им цветаат дома? Нивната психа не е уништена? Нивната ќерка од гроб нема да излезе, ама Јордан од затвор да. И што да не треба царски третман да добие за тоа што го направи?
Да не треба да го жалиме? Он е тој кој уништи животи одземајќи еден. А, за состојбата на семејството на Викторија? А, на дечко ѝ? За тие не те интересира? Тие се уништени.Не он.
Епа тоа е цената кога леташ по улици и не мислиш дека некаде на пешачки некој треба да ја премине улицата.
Значи да биде убиен што друго ? Гледаш што е пишано тука насилство, е***и државата и ваков народ и се.
Вие провоцирате бранејќи убијци! Збор не рековте за одземените млади животи и за психички уништените родители за цел живот, само тие си знаат каква болка имаат и дека цел живот додека се живи пекол ќе им биде во душата.
Јордан си доби казна, но уште повеќе сметам кај него ќе влијае моралната, каде пишува во кој закон дека дел од казна е физичко и психичко малтретирање ?
Зборуваме за насилство, психичко и физичко, малтретирање, зарем било кој човек на овој свет го заслужил тоа?
Подарок ќе му биде тоа. Ама цел живот да го јаде совеста, да нема мир добра казна ќе е. Да биде во иста психичка состојба како родителите на девојката. И да не му текне во кола додека е жив да седне!
Знам дека нема врска журкава, ама државава се распаѓа од сите страни они уво не ги боли. Да беше држава на место овакви ко овој што избегал немаше да има ќе беа казнувани дебело.
Ништо не му вреди што е жив, кога веќе нема да биде повторно како што некогаш бил, комплетно е уништено детето, никогаш повеќе нема да може да се вклопи во опшеството и да се социјализира, и што сега? Му дадоа казна за да се рехабилитира, да си ја научи грешката и да не го повтори делото, а он стана психички оштетена личност со нарушено ментално здравје, и сега, која е поентата на казната? Тоа што наместо после 5-6-7 години да искочи вразумен, он ќе искочи и нема да може ни сам за себе да се грижи..
Што бидна во Велес со професоров што имаше однос со средношколка? Дали и он добива олеснителна околност зашто сакал да си ги испразни тестисите а не било со умисла? @Luciferka