Devojko, kakva empatija baras??? Deckoto zacrni cela familija za navek, ti go zalis ubiecot na edno nevino devojce. Do koga be vakvi razmisluvanja. Ili pak mozebi si mu nekoja rodnina pa go zalis.
Не јас, вие треба да се запрашате дали ви недостасува нешто, буквално кажувам тепање, физичко и психичко малтретирање, дека детето е уништено психички, вие викате ако му е, бетер да му е.. Еве се ставам на местото на семејството на Викторија, бев и на протест, тешко е, болно е, ама се ставам и на местото на семејството на Јордан, и нив не им е лесно, никој не сакал вака да биде.. Не значи дека ако направил грешка, треба да биде стрелан на плоштад, кога му ја гледаат состојбата, можат барем да го пуштат во куќен притвор, и онака веќе тешко дека ќе може он да продолжи со нормален живот како сите.
Навистина жална ситуација со девојчето. Проблемот е што законот е поставен преблаго во однос на тоа што се случува по нашиве улици. Кога сообраќајната култура и воопшто целата култура се сведени на толку ниско ниво, ти цвета криминал и корупција, државата е должна да воведе построги санкции, едноставно. Значи ако немаш свест, редот ќе го одржуваш со санкции. Така да, колку што е грешката во поединци, толку е и во системот кој е само посматрач на цел хаос. Инаку, овие препирања што и како било... Неколку работи луѓе: Прво, сите сме бесни на ова што се случува, ама не може правдата да ја земаме во свои раце и да даваме произволни квалификации на дела. Во законот е точно предвидено кое дело кои каракеристики ги има, а сите што сме правници знаеме (или барем треба да знаеме) разлика помеѓу директна умисла, евентуална умисла, другите специјални видови на умисла, свесна небрежност и несвесна небрежност. Навидум само теориски концепти, ама многу значајни бидејќи тие се нијансите по кои се определува правната квалификација и потоа и казната. Значи не е само така едноставно и просто, затоа предвид се земаат сите околности. Второ, ако некој извршил кривично дело не може ние да определиме казна ваква или таква, повторно тоа е законот. Не може ниту да му лепиме етикети убиец, ваков, таков... Жал ми е навистина за случајот кај Сити мол, за девојката, за родителите, за дечкото... Ама тоа не значи дека дечкото што го направи тоа не смее да се покае и некогаш, после отслужувањето на казната да се врати и да се реинтегрира. Болно, сигурно е многу болно за родителите, нив детето нема да им се врати, но тоа не значи дека дечкото, метафорички кажано, на кол треба да го набиеме. Едно е тоа да е сторено со умисла, значи убиство, друго е ова. Имаме многу лудаци кои се повратници од боишта, терористи, но спрема нив ваков бес нема. Поентата ми е дека го разбирам бесот кај оштетените, кај јавноста, тоа ни најмалку не е за потценување, ама не може пристрасно да се гледа на работите, особено не судијата. Затоа имаме правници, а не племенски систем на казнување. Тоа што системот потфрла, според мене, е најголемиот проблем поради кој и се јавува бес кај сите, потоа сите несовесни што седнуваат зад волан, комисиите и сите инволвирани во процесот за полагање за возачка дозвола и најпосле родителите дома што не ги воспитале. По одонос на овој случај, немам коментар На пешачки да преминуваш и некој залетан да те удри и да те усмрти, уште па и да побегне Од луѓе што проаѓале таму дознав дека таблиците му испаднале и така се открил идентитетот. Пак, сметам дека треба законски измени и во делата, и во казните, и во процедурите за стекнување со возачка дозвола, очигледно е дека сообраќајна култура нема. Нека почива во мир девојчето
Кога седнувам во кола се сметам со една нога во затвор, некои и за несреќа не разбираат ќе те прогласат за убиец и ќе си лежиш со години, само поради некоја Х личност која има дебели партиски или сл врски. И да згрешиш наместо да речеме 3 ќе си лежиш 10 и притоа ќе бидеш малтретиран/а во затвор.
Ние не збориме цело време за правната квалификација. Да ја ставиме на страна. Збориме и за значењето на зборот. Убиство е секое (значи и намерно и ненамерно) одземање на живот. Гледано од морален аспект, вршителот на таквото дело не може да се нарекува поинаку.
Како е случајна несреќа и грешка ако возиш брзо и не пратиш сигнализација? Не збориме да ти излезе чоек на автопат.
Добро, како е СЛУЧАЈНА или НЕНАМЕРНА несреќа ако возиш брзо? Ако возиш брзо имаш намера да убиеш некој. Точка.
Секој што седнува зад волан треба да е свесен за одговорноста што ја понесува. Затоа и се полага за возачка дозвола, затоа е и тој почетнички период во кој има ограничувања и тоа кај нас е еден од подолгите и построгите, две години. Не се џабе сите оние кампањи за брзо возење, за возење под дејство на алкохол, ама очигледно никој не ги сфаќа сериозно. Одреден период работев со сообраќајки и сообраќајни прекршоци, дури и почести се отколку што мислиме. Во денот, во просек, има околу сто помали сообраќајни незгоди. И за жал, ќе има и вакви случаи, тоа не може да го превенираш 100%. Сега, секој кој направил такво нешто треба и соодветно да биде казнет. Дали од невнимание, дали од брзо возење... Милион фактори, ама тоа сепак значи вина. Од една страна и разбирам зошто сите бурно реагираат, факт е дека сме во апатично општество и тоа е само еден од факторите за хаос кој доведува до лудување по улици и неефикасни институции. Затоа и реков, ако нема свест, редот се одржува со казни. Во однос на моменталната ситуација законот е преблаг, значи треба построги казни инаку, за жал, и во иднина ќе сведочиме на луѓе кои сметаат дека може да прават што сакаат и ќе се извлечат со ниски казни. Но, не смееме да имаме пристрасни судии. Судиш според закон, не според емоции на едната или другата страна. Исто така, не може да се нарече или да се прогласи некој за убиец ако не сторил такво нешто, ама пак ќе речам тоа се емоции во прашање, а правото не се води од емоции. А делот со дебели партиски или не знам какви врски, ми се гади Пак државата треба да си расчисти со корупцијата или ако не може да отстапи место на друга влада која ќе се справи со тоа и ќе го смени системот од корен.
Значи нема намера да убие некого само возел побрзо од дозволеното, за тоа си има друго дело, тешки дела против безбедноста во сообраќајот.
Kje go fatat ne bi trebalo da izbegaa, se nadevam nema 2 godini da dobie...Jer nekoii lezhat 20.... za shto ukral oti bil gladen i nemaal, ma da i toa ne e nekoja opravdanost ama toa e vekje druga pricha....
Cekaj sakas da kazes deka na 10 godini vrhoven go osudi ili karikiras so godinite? Nigde po mediumive ne kazaa nisto od letoska od odlukata na apelacija
Затоа и правото не е исто што и морал иако се тесно поврзани, затоа и има кривично право и цел систем за казнување на виновниците. Не е исто да убиеш некој, макар и ненамерно и ова. Сега ќе звучи банално, ама пример ако јас замавнам со ракава наназад и удрам некој толку силно при што ќе го убијам, тоа може да е убиство поради мојата небрежност. Убиство е и некој што вози брзо и намерно удира во друг при што го усмртува. Тоа не е исто со некој што вози брзо и без таква намера удира во друг и го усмртува. Тоа не му ја намалува вината, напротив. @Munchmallow20 спомна дека секој што вози брзо има намера да убие некој. Не е намерата во прашање, туку лекомисленоста дека некои последици нема да настапат иако свесен си за истите односно премолчено се согласуваш дека си виновен ако дојде до тие последици. Значи не се работи за убиство, туку за свесна небрежност која во некои случаи има поголема тежина и од самата умисла. И ова не е правна квалификација, едноставно ги појаснувам работите. Правната квалификација доаѓа дури отпосле кога ќе расчистиш со ова. Сега од морален аспект, може нема разлика дали е убиство или е одземање на живот, слично ама не исто. Затоа како што наведов, правото не е исто што и моралот па следствено на тоа не може и казната да се детерминира од моралот, ниту пак е исто морална казна со правна казна. Во секој случај поимот убиец е несоодветен иако разбирам што е тригер за да се користи тој поим. Во англискиот е многу добро срочено ова, терминолошки и затоа нема забуни. Едно е manslaughter, друго е murder, трето е homicide. Кај нас таа разлика е во делата, ама очигледно доаѓаме до терминолошки заблуди.
Целата работа е што сите сакаме безбедно да се движиме на пешачки и да не нѐ собере некој будала. А за да се овозможи тоа, требаат дебели казни. Значи не е само до емоции туку како да натераме некого да почитува закон кој е во корист на нечија безбедност. А пак, не можеш да го натераш со смешни казни па да се вадиме на нечии емоции и пишани закони. Ако се такви законите, не се во ред, што да кажам.