Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Жално за двајцата, премногу млади. Девојката зачитав, имала блог некаде, прекрасни патеписи....

    И не сакам да коментирам вакви работи, ама каде бе по снегови, дождови и ладно време во планина? Не знам, разбирам и љубов кон алпинизам и планина, ама дали навистина мора да се оди и да се освојуваат врвови сред зимо, еве не знам.... :(
     
    На koritsaki, Amellie13, Antebellum и 4 други им се допаѓа ова.
  2. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Револтирана сум искрено зошто згаснаа млади животи. Кобната случка укажува на тотална неспремност на водачите на групата - ништо друго. Невреме било најавено од порано и водачот би требало да ги знае тие многу важни информации. Тоа е исто и во морнарството. Секое тргнување во најавено невреме е голем ризик и капетанот би останал без лиценца за работа. И кривично би го гонеле за загрозување на живот на патници.
    На оваа современа технологија не би требало човек да се изгуби, посебно не некој што е често време на терен.
    IGo, Here, Maps нудат опција за рута на движење и во пешадија и тоа без употреба на интернет. Ја бележат и поминатата рута со друга боја. Уште пожално е тоа дека се изгубиле наскоро по тргнувањето, што значи дека можеле да се вратат назад доколку би имале можност да се ориентираат по нешто. Телефоните знаеме дека често немаат сервис во планина, но во најмала рака воки-токи би требало да има секој планинар. Во зависност од квалитетот секое нуди комуникација на најмала раздалеченост од 1 км., некои и до 50км.
    И да додадам - сигурно се обучуваат за сите незгоди (посакувам да е така) и знаат дека во снежни услови хипотермијата е закана со смрт број еден. Се гледа дека тргнале тотално неспремни. Без заштитни ќебиња, шатори и сл.
     
    Последна измена: 13 февруари 2018
    На P.S.love, koritsaki, Mishela и 8 други им се допаѓа ова.
  3. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека тоа друштво имало само еден лиценциран водич за зимски услови, а тој што бил на Кајмакчалан со турата бил некој со лиценца само за летни услови.
    Планината е непредвидлива, во рок од пола саат таму може да се сменат сите годишни времиња. Требало кога се влошило времето веднаш да се симнат, а не да форсираат да стигнат до врвот затоа што уште малку им останало. Одговорноста е на водичот и на друштвото.
    Сега прочитав дека тие од друштвото три дена бегаат од семејствата на загинатите, воопшто не ги контактирале.
    И многу други работи, прочитајте.
    https://civilmedia.mk/smstvata-na-zaginatit-planinari-so-pismo-do-planinarskiot-souz-na-makdonia/
     
    Последна измена: 13 февруари 2018
    На Rama, Asistentkа и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Пред се последно што прочитав е дека групата почнала да се враќа назад а починатите побарале дозвола на нивна одговорност да продолжат нагоре бидејќи се работело за неколку стотици метри до врвот. Најдени се на 4 метра од врвот.
     
    На Rama, Asistentkа и makedonkamak им се допаѓа ова.
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Жално, голема трагедија.
    Нека им е лесна земјата.
    Што точно се случило никој не знае, тешка судбина.
    Зошто се одвоиле од групата и слични работи не знаеме.
    Да не пишеме и обвинуваме напразно.
     
    На LiliBoz и Rama им се допаѓа ова.
  6. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Отишле да проверат дали некоја залутана жена со ќерката е во манастирчето на врвот засолнета.
    Од кај да знаеле дека ќе ги зафати опасен вител од бура?
    Направиле се што можеле. Се јавиле преку воки-токито на Калина инаку таа била 2от инструктор и пазач во групата. И плус пуштиле сигнал за помош преку мобилен. Сепак да преживееш на -20степени кај што пребарував ми пишуваше од 28-48минути во зависност со јачина на ветерот. Така да тешка и страшна несреќа.
     
    На Troi, Nausicaa, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    А зошто да не. Вистински планинар не прави разлика меѓу год.време но добро обучен планинар прави разлика помеѓу временска прогноза. Колку имало планинарења во лето кога ќе фати летно невреме па ги има гром удрено на планина. Ехеее....нема некои строги правила. Има основни правила-дека навистина во група нема двоење,дека и ако водич одобри веќе си на своја одговорност надвор од група и друго е се правила на преживување бидејќи тоа е планина и не ни е природна средина за живот не знаеш што те очекува.
    @zuto @green.eyes @buba4e89 е во право дека времето на планина и на пониско што се предвидува не е исто.
    Не е иста методологија на климатска прогноза на пониско и планина.
    Но можеле да ги почитуваат препораките на локалците дека е лошо за планинарење и Бубе пред се требале да се ослонат на кажувањата/искуствата на локалците кои велат во оваа доба се прават ветровити вители/бури/магла што ни локалец не може да се бори со нив што ете до некаде ги познава како метеролошка појава и одлично ја познава планината кај да се засолни.
     
    Последна измена: 14 февруари 2018
    На buba4e89, Doozy и Rama им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Јас се сомневам дека тоа со жената не е веродостојно. Зашто пред тоа не известиле порталите или друштвата, зашто молчат.

    Баш ќе прогуглам поубаво за планинарење, ама како што гледав на Дискавери документарци премногу е тешко да се преживее на планина ако немаш соодветна опрема. И зашто друштвото кое видело дека тргнале не ги одвратило? Си молчеле а?

    Срам да им е.
     
    На friendy и Rama им се допаѓа ова.
  9. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Вака гледам немаш познавање од планинарство толку дека си спомнала срам да им е на тие што молчеле.
    При секоја планинаркса колона на почеток е водичот-он дава наредби,одредува темпо итн.
    Помеѓу се учесниците во турата а на крај оди исто водач.
    До водачите со по 2-3 посискусни планинари кои циркулираат низ цела тура да видат дали е се во ред со сите.
    Водачот Зоки и Калина имале воки-токи за да си пренесуваат команди.
    Кога виделе дека многу врне и дува Зоки наредил назад враќање и и соопштил на Калина да се враќаат тогаш Калина побарала од него дозвола со Александар да продолжат кон црквата во врвот да не се засолниле таму мајката и ќерката кои од домот им рекле ги нема(а овие во меѓувреме се вратиле во домот додека планинариве биле кон врв и не знаеле дека тие се вратиле веќе).
    Зоки и одобрил на КАлина дека она му рекла брзо ќе се вратат кон колоната ама фатило тешка бура и снег и залутале се друго е веќе историја.
     
    Последна измена: 14 февруари 2018
    На Troi, buba4e89 и Rama им се допаѓа ова.
  10. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
  11. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.547
    @Asistentkа се е поврзано. Сите промени се предвидливи без разлика на надморската висина, тоа е еден поврзан циклус. Во обуката за вакви спортови (мора да) е задолжителна обука и за метеорологија. Тоа е цела наука која е многу опширна и од која мора да имаат познавање водачите и инструкторите многу добро. Јас сум сведок дека кај нас овој дел е пропуштен и не се учи како што треба. Секојдневно сум опкружена со ваков тип на спортови од најразлични сфери и знам дека дури и да си во воздух ги следиш знаците кои доаѓаат од земјата и од водата. И обратно.

    Исто, во спотрови како планинарење задолжително е познавање на орографија. Она што најверојатно се засолниле во дупката им било најголема грешка. Тоа се вика бела смрт. Затоа што без движење паѓа температурата на телото нагло, заспиваш и толку. Се довеле до ситуација да не знаеш кое зло да го одбереш.

    П.С: Не ми се коментира веќе на темава оти скоро секој ден слушам вакви трагични настани и од кај нас и од светот во најразлични спортови. Најжално ми е што доста од нив и лично сум познавала. Дали е нестручност во прашање, дали е икаров комплекс не знам (ова општо). Одговорност мора да се преземе.
     
    Последна измена: 14 февруари 2018
    На P.S.love, mira.mira, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.214
    Пол:
    Женски
    Жално,многу жално во секој случај.
    Читав некои коментари од девојката и слики кај што поставува дека дом и се ѕвездите и планината,и очите ми се насолзија,кој знае низ што се не поминале до кобната смрт.
    Нема ни да дознаеме,ни нешто ќе ги врати назад,ни пак моќни сме да спречиме да не се повтори на никој повеќе.
    Арно рекле дека сега си тука,а за неколку секунди може да те снема,не сакам да мудрувам,но знаеле дека лоши се временските услови и некои сакале да се вратат уште веднаш,баш тоа го кажуваа на вести,исто на вести и тоа истиот ден рекоа дека групата не забележала кога им се изгубиле починатите,а сега кажуваат друга приказна.
    И јас го делам истото мислење како @LollySky дека во планина за неколку саати непредвидливо може да се сменат сите годишни времиња....исто на вести кажаа дека друштвото немало лиценцирани водичи,и општо државава,повеќето биле за во летни услови,а и тие што ги имало се во мал број,од прилика за такво екстремно планинарење требало на 3-4 планинари да има еден водич,а не на група од 50 луѓе,само еден.
     
    На blackwave, buba4e89, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Asistentkа , можно е, немам познавања за предвидување на времето. Ама факт е дека имало предвидување и најава за невреме и лоши временски услови. Зошто воопшто тргнале ако ја знаеле прогнозата? Како може 50 души со еден водич да се искачуваат?

    Многу отворени прашања има, џабе е сега се’ :(
     
    На blackwave, Asistentkа, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш така се воделе и организирале турите кај нас.
    А овој водич истовремено има и туристичка агенција и ништо чудно се да било во негова организација абтобуси шофери. 50 планинари се качувале на врв а во Лутраки имало уште што си дошле на ексурзија и вечерта додека овие мрзнеле они се пијанчеле во кафана. Кој апсурд?(facepalm)
    Муабетот ми е ене и на страна на Трансферзалец пишува распоред и цена на турава 2000денари тоа се 30евра. По 50планинари и еве 50рекреативци на екскурзија што само отише се 3000евра. Да се раздолжи шофери,смештај со попуст за повеќе лица еве нека има загуба 1200евра до 1500евра значи чист ќар за Зоки Москито водичов се 1500евра.
    Па вреди ли за тие праи ваква загуба ај и да не завршело со смрт да ги нашле живи и премрзнати кои ампутации ги чекале инвалиди за навек.
    Па вреди ли за тие ситни пари таква неорганизација?:@
     
    На mira.mira, Rama, Troi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    Тотални аматери и дилетанти. Не само одземање лиценца туку доживотен затвор за двојно убиство.
    И строги контроли во иднина, a не аматеризам и импровизации.
     
    На Rama, Asistentkа, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    3 дена си молчеле дека ги нема Калина и Александар, а родителите дознале од порталите. Затоа реков дека срам да им е, не ги ни известиле родителите дека ги нема, едноставно си молчеле.
    А и никаде не наведов дека имам познавање од планинарство.
     
    На Feminka22 и Rama им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.780
    Пол:
    Женски
    Можда Трансверзалец има кривица во ова но луѓе, да бидеме реални, никој не може со сила да ме задржи ако сакам да одам и никој не може со сила да ме натера да одам.
     
    На referentka, joy1, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Значи не...Родителите дознале веднаш, но за молчење ги обвинуваат дека не излегле од клубот со официјална изјава за тоа што точно се случило, и сеуште нема, ќе имало дури во петок.
     
    На Bankarkata, crimson, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    2.199
    Трансвеѕалец нивното ѕдружение треба да се огласат јасно и гласно да кажат што се случило сепак биле нивни членови ,колку и да е тешка ситуацијата треба да бидат доследни до крај и да не се кријат, а сепак чим се одвоиле од групата они си биле одговорни самите. Нека почиваат во мир, а ова да им биде едно лошо искуство ѕа сите други планинарски клубови.
     
    На Rama и Asistentkа им се допаѓа ова.
  20. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.541
    Пол:
    Женски
    Родителите на Калина може не дознале од нив,претпоставувам прво од дечкото на Калина дознале што бил во турава само не се искачувал.
    А на Александар родителите т.е. татко му вечерта во саботата дознал кога го известиле дека неуспешен бил обидот 3ца од турата што се вратиле по замрзнативе да ги најдат. Татко му на Александар исто е планинар и бил со нив само не се искачувал.
    Видете Калина и Аце не се било кој и инкогнити,а и се знаат луѓево во планинарскиве води кој е кој,не дека се премногу планинари па да не се знаат.
    Несреќен случај.;((нека почиваат во мир со душите на нивниот омилен дом-планината)
    Неорганизираност максимална исто ко на скоро секоја тура.
    Немаме стандард секој кој е вљубеник во планини да има вистинкска ама вистинска планинарска опрема за секоја годишна доба.
    И самите планинари импровизираме.
    Нивото и средства за одржување на планинарска култура со учество на државата а и на индивидуално ниво се главно се на 0,освен некои поимашни лица како Аце и неговите кои можат и Монт Еверест и опрема и се да си пружат ама еве пак за џабе.
    Инаку претседател на планарски сојуз е д-р Угриновски,ќе видиме што ќе рече во петок.
    Се се тоа кланови и во планинарството(како и во секоја друга сфера на ова труло општество).
    Ама то би риал ретко кој планинар има финансии за сета неопходна опрема.
    Иако пак то би риал со сета импровизација меѓу планинарите сум видела полуѓе од било каде во животот.
    @monibejbi ќе се изјаснат во петок со одлуката на претседателот на планинарски сојуз.
     
    На Rebecca_R, Aquamarine93, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.