На никој нормален нема да му се допаднат твоите “правни”мислења. Ја не знам како воопшто те трпат овде.
Секое не почитување на законските прописи и поттикнување на насилство кое го забележав во темава од многу членки е казниво дело, можеме да зборуваме за промена на законските прописи, но пред да стигнеме до тоа треба да го отстраните канцерот од нашиот правосуден систем од проста причина што во вакво метастазирано судство би имало премногу граѓани кои се осудени за превисоки казни а не се виновни за делата за кои се товарат и буквално со една одлука би го поминале целиот живот во затвор.
Не ми одговори точно за ова што те прашувам. Наведи ајде некои примери кај што не се виновни а им се судело неправедно.
Како некој кој што е прегазен на пешачки премин во 2011 година, можам само едно нешто да кажам НЕ ДАЈ БОЖЕ НА НИКОЈ. КОПИЛЕТО БЕШЕ ДРВО ПИЈАН ВО 13:00 ЧАСОТ - ЧИТАЈ 13:00 ЧАСОТ. Казна ЈОК, одзимање на возилото ЈОК, возење без возачка СЕКАКО ДЕКА ДА, потплаќање адвокат СЕКАКО ДЕКА ДА. И сакате да кажете дека има правда во нашата е***а држава? Нема, и нема ни да има. И после некој ќе брани вакви копилиња, срам да ви е. Не дај боже на вас или на ваши најблиски да ви се случи да видам дали ќе ги браните. Девојчето младо 11 години замина, што има преживеано ништо. Животот пред неа, ама ради некој мочко ќе лежи два метра под земја. Немам коментар повеќе.
Не би коментирала судски одлуки за кои веќе има правосилни пресуди, но сите знаеме такви случи и нема воопшто да споменувам кои.
Јас не знам И пак не ми одговори што мислиш за овој случај да не си студент по право. Нема потреба ни да пишуваш, знаеме сите колку човечност има во тебе
Такоџе богами Пошо после ова, за ниедна мајка/татко нема живот. Боље у затвор да го пројдам и да знам дека си го добил своето
Ама ја не сум правник, и ме заболе искрено како е правно. Мене ме плаши утре моето дете да не биде жртва. Затоа јас не можам правно да гледам дали некој има олеснителни околности, кои се од глупи поглупи за конкретен случај нели. Ако згазиш човек и почине затоа што си возел над дозволеното крив си. Не може да ти се суди само делот дека си возел над дозволеното. Ако поминеш на црвено исто така. И сигурно го знаеш делот со шта би било лад би било и проценување и реконструкција на случката дали истата би била без смртни последици доколку возел по прописи. Не и не, не можам да гледам правно. Правно ќе си гледаат на суд и ќе дава правни коментари стручно лице кое уз пат има лиценца за тоа. Пошо адвокат не се станува само до диплома од факс. Исто и сведок ако си, не можеш да кажеш ама знаеш олеснителна околност е рестрикција на струја. Тоа суд ќе си решава дали е. Коментирај како физичко лице, не како правник.
Како што кажав и претходно, во многу коментари забележав како се повикува на насилство од некои членки, така да нема сеуште плодна почва во нашава држава да се искоментира нешто од човечки аспект бидејќи некои веднаш би го разбрале како поддршка на насилство и така би постапиле, за дискусија за промена на законски прописи би можеле да да дискутираме се друго не е можно во ваква ситуација.
Леле де молим те приказните за мали деца задржи си ги за себе. Твое дете да беше вака ли ќе пишуваше. Срам да ти е. Се повикало на насилство .. а тоа што дете од 11 години леже мртво под земја што е?
Значи сега каде што гори ајде бензин да туриме, од несреќа сега убиство да се случи ? Од една трагедија во нова уште поголема.
Многу коментари претходно повикаа на тоа, што значи моментално во нашава држава нема плодна почва да се гледа на друг начин освен правниот, бидејќи ќе се случи од оваа или било која друга несреќа да се случи нова трагедија, не треба да додаваме масло на оган.
Некултурата во сообраќајот ни е од многу попуштање. Нема казни, има врски, пријатели, братучеди, пијано возење, брзо возење, ти се смеат ако се врзиш со каиш, од две пива немале гајле, пак си возеле убаво, играње игрици додека возиш, пешачките премини се нацртани за украс. Како стигнале некои земји до поголема сообраќајна свест, само со казни и едукација. Еве ако има трет начин кажете. Немал намера да убие кога излегол од дома, точно, ама со брзо возење знаеш дека можеш да убиеш некого. Чиви се улициве па некој да пустоши како да е кај него дома во двор, а не на јавно место. Премногу се допушта и затоа сме до ова дереџе, на толку мала држава, толку многу сообраќајки со смртни последици. 11 годишно дете да умре од таква насилна смрт...верувам дека некои после цел живот не можат да си простат, не е спорно тоа. Спорно е што многу самодоверба имале пред да се качат во кола. И за таа самодоверба да се контролира, треба казни и едукација. А со оваа простоќа, детето ставено на волан, син на татко, на 2 години вози со колата, нема гајле, нема гајле, се додека има гајле еднаш, е затоа треба казни. Зошто народот не е свесен, заспан е, каиш врзуваат за полиција да не ги казни, а не за поентата на каишот