Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.466
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    Како возач ова не можам да го класифицирам како незгода со тешки последици, затоа што типот свесно без запирање на пешачки премин поминува со голема брзина. Што мислеше кога не поднамали со брзината, се знае и се учи уште во автошкола дека пред пешачки премин се намалува брзината. Ами сега Луциферка ќе кажи ами тој не излезе со намера за да згази некој, да не излезе ама со своите постапки исто како да било со таква намера. Секој кој вози над дозволената брзина, без возачка, не застанува на пешачки, и е под дејство на алкохол и наркотоци, и заради таквото однесување предизвикал сообраќајка со смртни последици или нанел тешки телесни повреди за мене е убиец... Свесно загрозува безбедност на сите, а тој што ги брани ваквите смрдловци, нека се стави на местото на родителите и после нека дели правда.
     
    На CameliaMiller, azelea, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    На dejziii и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.929
    Допаѓања:
    23.906
    Дечки може да ти се случи сообраќајка од касно закочување па го чукнеш на семафор или да чукнеш на паркинг при излегување. Еве јас имам лоша перцепција на простор и при возење ми е проблем ама се снаоѓам. Или има коли со "тешки" кочници и ако првпат возиш таква да не закочиш на време. Ама пак да закочиш доволно да биде само материјална штета или минимални повреди.Може и во рикверц да удриш некој што ти излегол од страна или во мртов агол, особено кај поголеми возила ова.
    Ама сите овие не би имале страшни последици и се последица на некаков недостаток при самото возење, не секогаш ете 100% вина на возачот. Лично никогаш не преминувам пред и зад паркирани коли ако се упалени без да ми даде знак возачот.

    Ама дешавкава не е ни момент на невнимание, ниту "не ги видел", ниту некоја маана на колата.
    Овие биле на крајот на пешачкиот, значи типот ги видел од сигурно 20 метри. Второ што гаста сама не се гази. Еве да не те боли кур за другите, за себе ќе ти е страв да возиш толку. Трето што ги удрил и продолжил.
    Значи нормален човек ќе акне кочницата со сета сила да излезе било што пред него, макар и некој сред улица да преминал.
     
    На Harper, Nikolina35, MeowMeow и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Може да дискутираме за промена на закони, моменталните законски прописи се такви.

    Во конкретниов случај можеби и има можност да се разгледаат и други околности со оглед што побегнал.
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.466
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    За да се случи сообраќајка не треба многу, баш како што кажа @Munchmallow20 секунди се во прашање, може да биде од мало невнимание на шофер или на пешак, али во овој случај нема ништо такво. Само што знаејќи кај нас какви пресуди носат на крај нема ни година да лежи во затвор
     
    На Nikolina35 и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  6. Памела77

    Памела77 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Дамнешната 1998 адвокат на пешачки собра 6 девојки, не му ја земаа ни дозволата.

    Истата 1998 доктор ја усмрти на пешачки Петранка Костадинова, не лежеше.

    Наша позната пеачка со иницијали А.А усмтри пешак, не лежеше.

    Кај мене во населба дете со спортска кола неположен усмрти мајка трудна на лице место.Не лежеше ни еден ден.

    Македонија вечна.
     
    На CameliaMiller, bertold, Harper и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.738
    Допаѓања:
    14.162
    Пол:
    Машки
    Да не го заборавиме 16 годишникот шо со џип го изгази хирургот Јота, шо едвај спаси глава во Словенија, исто така помина со опомена.
     
    На Harper, Ahoy, Maca Macka и 11 други им се допаѓа ова.
  8. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    3.997
    Пол:
    Женски
    Упорно како со глава во ѕид удира членкава. Како што имам читано по темиве уште студираш. За да делиш правни совети тука и да толкуваш право, прво дипломирај, магистрирај, земи малку поднаули од некого. Помини пракси триста, собери искуство па после дели совети и толкувај право. Не ми изгледаш компетентна вака, така што не ни и давајте простор ни реплики.

    Друго, на возраст отприлика колку девојчево (нека почива во мир) една будала исто вака на пешачки не собра и мене и мајка ми. Кога ви кажувам дека влакно не спаси (особено мене), не претерувам. Најголемата среќа на универзумот било тоа. И нормално, зошто беше во тој момент локален шериф, му дадоа условна казна, ама ај ќе речеш немало голема штета. Ама пошо карма функционира, година дена после тоа уште една таква глупост направи и си лежеше богами, не знам ни дали е уште излезен.

    Така што, во што и да верувате или не верувате, карма стига, кога тогаш. Само памет и сила на родителите да им даде господ да го пребродат ова, ако воопшто е возможно да се преброди.
     
    На azelea, Bezimenka90, manako1 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Памела77

    Памела77 Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2022
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Јас ова од памет по сеќавања,да земам да копам по нетов којзнае што се ќе најдам.

    Кај мене во околина со мотор над 50 кубика таканаречени тркачки усмртија старец.Не лежеше.

    Некој нека ме освежи, возачот на Тоше одговараше или?
    На Мартин Нешковски убиецот уште лежи или?
     
    На cresa-jagoda, Feminka22 и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  10. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.395
    Пол:
    Женски
    Типот го немаше два дена.Сега кога го најдоа не го ставија во притвор (а очигледно е склон на бегање ) .Додека обвинителот го сослуша ,овој пак ќе им фане патот.
     
    На Meckicja, cresa-jagoda, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Нели е изнесен пред судија на претходна постапка?
     
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    8.060
    Пол:
    Женски
    Пак да не е виновен асфалтот?
     
    На cresa-jagoda и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    13.664
    Пол:
    Женски
    Никој не брани убијци, постојано вергламе во круг, постојат олеснителни и отежителни околности врз основа на кој се носи одлука за висината на казната, прегазување на човек на улица може да се смета за убиство само ако предходно со сила го легнеш човекот пред кола, му врзеш раце и нозе, и го изгазиш.. За се друго казната е тешки дела против здравјето на луѓето и имотот во сообраќајот и за тоа казната е поблага, и кај нас и во другите држави..
    Исто како што за насилство со смртни последици казната е поблага отколку за убиство.. Нормално дека треба да си одлежат во затвор, во конкретниот случај типот што избегал, не им укажал прва помош, бил пијан(најверојатно), возел 130 иако било ограничувањето 40 или 50.. Ако ги споредиме случаите со тој од кај сити мол, Јордан и те како има подобри олеснителни околности за разлика од типов од Велес со мерцедесот и затоа и казната му беше помала..
     
    На Meckicja и Luciferka им се допаѓа ова.
  14. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.395
    Пол:
    Женски
    Не,како што кажуваа на тв,денеска ќе го изнеселе.Ако не го стават во притвор после сослушувањето,кога ќе им фане патот пак ќе глумат лудило,дека не се криви они .Не знам оти до сега не е ставен ,умрена држава сме.Стави го па ислушај го .
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.534
    Допаѓања:
    8.060
    Пол:
    Женски
    Па сигурно е близок на некој.
    Само во тоа сме најдобри.
     
    На Meckicja, cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Мислам сега е кај судија на претходна, судијата на претходна ќе одреди дали е потребна мерка за обезбедување кое во конкретниов случај мислам дека треба од причина што осомничениот се даде во бегство и не беше достапен за органите на прогон.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.395
    Пол:
    Женски

    Прееска слушам адвокат на тв,кажува дека делото се казнува од минимум 4 до 20год .По кој критериум судот одлучува дали обвинетиот ќе лежи минимално или максимално ?
     
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Чек чек....
    Ама тука се збори како тоа некој може и да не е крив воопшто.
    Сите сме доволно писмени да знаеме дека различно се суди за убиство до огнено оружје и сообраќајка со смртен исход.
    Тука е презентирано како да нема врска што има жртва.
    Олеснителни околности не знам како може да има кога во ниеден од случаите не се почитувани сообраќајни правила.
    Укажување на помош исто така не може да е олеснителна околност,зошто тоа е должност.
    Ама небитно, нели не може сите исто да размислуваме.
    Поентата не е да се докажуваме на форумов кој е поучен чоек.
    Кој што професија е.
    И збори е од тоа што го презентираат на јавноста.
    Нормално е по тоа што сме го слушнале да реагираме со револт,зошто не е прв пат.

    Еве пример.
    Позади зграда имам улица со кривина.
    Треба да се вози со 30.
    Ама фраери се залетуваат на правото, па и со 100ка влагаат у кривина.
    Во една вечер се десило да се лупнат 3 пати у паркирани коли за кои паркингот е обележан и со ступчиња.
    Ако случајно тука до колата седи дете/човек и овој го удри и го усмрти, значи на паркинг, не може да не е крив.
    Која олеснителна околност ќе ја кажат тогаш?
    Да возиш 30 нема да се деси тоа.
    На партизанска се маваат на семафор, зошто? Зошто не почитуваат правила, се залетува, нема време да закочи, или пак ме држи растојание со возилото напред.
    Крив е и не нема олеснителна околност.
    Значи тие правила не се направени за џабе.
    Некој осмислил зошто и како, колку и каде може да се вози.
    Друга случка, во школски двор влага типка со кола.
    Знаете зошто? За да сврти(за назад). полукружно. Што ако згазеше некое дете? Значи свесно влагаш у школски,кај што замисли има деца ваууу...
    Да не биде само после мајката крива што го пуштила детево во школо.

    Се надоврзав само на твојот пост. Не е директно упатено на тебе.
     
    На CameliaMiller, bertold, Harper и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Сите околности под кои го има сторено делото, во конкретниов случај има доста отежителна околност што избегал од местото на настанот.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.559
    Допаѓања:
    43.887
    На лепе очи...
     
    На Harper, Bezimenka90, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.