Абе ок тоа со бегањето ,со тоа што не прушил помош знаеме дека е отежнително ,ме интересира за другите критериуми ,кои се .
Па избегал, не укажал помош, се дал во бегство, ако бил пијан, со која брзина возел, после колку била осветлена улицата, дали од некоја причина му бил попречен видикот, мислам дека и луѓе со асигматизам кога возат навечер не гледаат скроз чисто.. А како олеснителна околност можат да земат дали е млад, дали е осудуван, итн.
Штом влегуваш во кола и свесно возиш над 100 или над дозволеното на прометна улица ти буквално идеш да убиеш со умисла. ТОЧКА!!!
Да бе оти било вечер видикот им бил попречен па газеле луѓе ..Па сите возиме навечер,на сите видикот ни е намален ,ама па затоа кога е намален треба бавно да се вози .
Тоа е дискутабилно, затоа што ти во моментот кога удираш во човекот не правиш убиство со умисла, меѓутоа кога бегаш и го оставаш човекот без да му укажеш помош, без да викнеш брза помош, тогаш да, тука веќе има умисла, бидејќи ти бегаш свесно оставјќи го човекот да умре.
Се додека те прават будала зошто возиш 50 како што е пропишано по правила, ти свират зошто возиш "споро", а толку е правилото, те претицаат плус зошто брзале и свесно возат над 100, постојано ќе слушаме за вакви случаи за жал. Плус казните се премногу мали. Треба многу големи казни да се има за возење што прекршува правила, може тогаш на сите ќе им дојде памет. Ризик е денеска и да си возач и пешак, секакви возат наоколу без почитување правила.
Преска се враќавме со сопругот од град не знам колку коли видовме што возат без светло, јас не можам да разберам како не приметуваат дека светлата не им се уклучени... Еден возеше трактор со приколка без светло и ниеден знак за да се види во темнина. Деца кај мене овде од по 12/13 години возат кола, мотор...Шибаат мува не ги лази и тоа појаки коли како бмв, мерцедес...
Абе битно да се живи и здрави и ќејфот да им е направен На мама и тато убавите Родителите се за ќутекк Родителите.
Не одиш да го убиеш ако возиш над дозволената брзина, со самото бегство и не укажување на прва помош превзема дејство за кое е свесен дека може да доведе до трагичен исход и со тоа можеме да ја додадеме и можноста за преквалификација на делото.
Знаеш дека улицата е прометна има пешаци тесна улица која едвај две коли се разминуваат и ти возиш над дозволеното свесен си дека можеш да удриш некој. Се знае колку е ограничување на брзината во населени прометни улици. Свесно брзо возел од Велес е не му е прв пат сигурно да вози по таа улица ја знаел.
Да не ја заборавиме и соработката меѓу обвинители и такси компании ..Абе и да те згази таксист ,со мочани 1000ев од осигурањето што ќе ти ги дадат ,ќе гледаат да те поткупат да не тужиш,да не ги гониш кривично де .
Јас имам диоптер 2.5 и при здрав памет не возам без наочари. Ако не гледаш чисто или носи наочари или не вози. Толку. А она што спомнав мртов агол е веќе друго. 10 метри пред кола не е мртов агол Да, ја викам и бојата на чорапите да е олеснителна околност. Ако носел плави да го пуштат. Ако биле црни, 10 години. Дали бил млад бе...
Иии сепак… Бил пијан https://a1on.mk/macedonia/veleshane...RlYW4P1qFjCl1qeIP1SLefAWNQG_g&mibextid=Zxz2cZ последно пиење да му е да дае Господ
Чек чек чек, значи ако го удриш со 200 нема да умре, ама ако избегаш ќе умре? Или друго мислеше? Дали сериозно така се суди. Ако не избега не е крив што усмртил човек со брзина над дозволената.
Се надеваме дека судот нема да пресуди да лежи само ебани 4/5 години.Случајов ме извади од такт,гнев ми створи ,како никогаш до сега.
Уште една доста отежителна околност, само како го провериле по 2 дена дека во моментот на сторување на делото бил пијан.