Кога ќе прочитам " правен аспект" или "според законите" ми се Свестете се веќе еднаш дека во оваа земја одамна не владеат закони и права..
Не е и во други земји поарно, за Денис Тот коментарите во Хрватска беа дека кај нив со години случајот ќе се мокнел, и накрај ќе ги ослободеле, или ќе добиеле некоја минимална казна.. Буквално викаа секоја чест за судот во Македонија, во Хрватска никогаш не би добиле толку големи казни..
Сеедно дали имаат само едно дете или уште 10, секое дете се сака подеднакво и нема ништо полошо за еден родител од загуба на сопственото дете!! Да сум на нивно место би му пресудила одма на тоа гадно копиле!
Isto nez mozda I jas oti imam samo edno dete taka me dobole dusata za ovie luge nez nekni I moeto dete od 4 god malku falese da go sogaze eden nepismen pominuvame na edna raskrsnica na pesacki premin I doticniot ni zmigavec da dade oti ke vrte ni nisto zaletan ke udrese direkt vo nas ama posto e sin na policaec misle oti nisto ne mu se moze pa ke gi gaze lugeto kako shatki
Сите што возат над 100 км/ч во прометно место кај што има пешаци треба да се третираат како потенцијални убијци! Законот може да се промени во секое време бидејќи не е факт туку договорена работа. Има многу различни типови на сообраќајни несреќи и убиства кои се вистински несреќи, ама возење пијан со огромна брзина не е обична несреќа и треба да е директен билет за затвор и доживотно одземање на возачка. И не, не смее да постојат олеснителни околности од типот млад е, неосудуван, во случај кога ти, возрасна единка свесно одлучуваш да загрозиш туѓи животи. ***Многу глупо цитирам ама така ја читам темава, што ќе ми дојде. Нормално дека не закочил со сета сила, ако бил пијан рефлексите се мноогу намалени и не ни имал време да реагира. Обично секогаш гледам да ги согледам и двете страни ама не, во случајов нема ни една причина да се одбрани. Сериозно не разбирам како го релативизираат делово, ама па да се направат интересни на форум е големо достигнување во животот...
не споредувам со други земји, ама во денешно време во една реченица да ги употребиш Македонија и право и правда е благо речено смешно.. Инаку сите знаеме каков крај ќе имаше случајот со дечко да не беше странски државјанин.
Е за ова пишувам цело време околности, превземени дејства во сообраќајната незгода. Пример лицето што било заедно со возачот кај Сити Мол повикало брза помош, возачот не избегал, не бил под дејство на алхохол и ред други работи, но во конкретниов случај ниту едно од тие дејства не е превземено што значи дека овој заслужува многу поголема казна, само затоа што има морал и одговорност нула. Затоа не споредувајте случаи еден со друг ниту еден случај не ист со друг. Овде исто така треба да побараат одговорност и од тие што не превзеле дејство се со цел барем да се обидат да се спречи трагичниот исход дури и прикривање на делото.
Мене ме интересира еве правно како ќе биде. Имам другарка што е подобра од мене во ракомет и сакам да ја повредам за да ме изберат мене а не неа во тимот. Имам пиштол со дозвола, сакам да и пукам во раката. Ја викам на гости, почнуваме да се караме, го земам пиштолот, нишанам кон раката и пукам. Е пошто не сум добар стрелец, и она ем мрднува ја погодувам во граден кош и она умира. Јас не сум сакала да ја убијам, туку само да ја повредам, да и нанесам тешка телесна повреда со огнено оружје. Дали јас ќе одговарам за убиство или не, пошто ете не сум имала намера да ја убијам, но сум имала намера да ја повредам?
Посоодветен пример би бил да земеш калаш и си ја пуштиш песнана и си пукаш уз строфите на улица. Намерата ти била само да се развеселиш, ама јбг, куршумите непланирано завршиле во нечија глава. Ти од стрес, паника, душевен немир си бегаш од местото. Исто така си млада, неосудувана и врнело дента. Со такви олеснителни околности сигурно ќе си невина.
Значи со земањето на пиштол свесно си превзела дејствие со кое си знаела дека може да дојде до таков трагичен исход, јас тука би те судела за убиство, бидејќи знаејќи ги ризиците свесно си се согласила на последиците кои можат да настанат. Не се работи за несреќен случај тука ( како за сообраќајна несреќа ) бидејќи си превзела дејство под полна свест да наштетиш. Мое мислење, нека се изјаснат и други.
Дали ако возам на уличка со 100+ км/час може да чукнам некого ми е исто прашање со тоа дали ако си пукам у слепоочница може да умрам. Ај да е прва сообраќајка, ајде. Секој месец по неколку луѓе ни умираат вака, прва е смртноста заради сообраќајки во свет, а ние овде уште ќе се убедуваме дали некој планирал или не планирал да убие некого кога возел ко стока. Нема сакал, неќел. Пијан клен изигравал Токио Дрифт на населена мала уличка, ете како завршило. Ич не ми е гајле што му се вртело тогаш во паметот што го нема.
Закон, постои закон без разлика дали некој сака да си ја земе правдата во свои раце или не, за промена на закони може да дискутираме, но пред промената на законите треба да се прочисти ова наше метастазирано судство.
На форум си, може да дискутирам шо сакам на темава во однос на случајов. Не сум правник и долнава ме заболе какви се законите. Се надевам дека дебилов бел ден нема да види веќе у живот и ќе помине уште полошо од мочконо кај Сити Мол.
@Luciferka како за убиство? Сега оној што возел 130 не бил свесен дека можел да убие некој, онаа што маваше со штикли не била свесна дека може да нанесе смртоносни повреди, туку јас што сум сакала само да ја повредам за убиство да лежам (не сум го купила наменски за тоа пиштолот, сум си го имала, во рака сакав да и пукам) не иде така другари.
Ќе се извадиш со тоа шо нема да избегаш, ќе повикаш помош, ќе се каеш, баш тогаш биле рестрикции на струја и слични глупости. Уште и да си имала тежок живот. Ехеее...
Не бранам коментирање продолжи си слободно. Но си била свесно дека со употребата на огнено оружје тоа може да се случи. Не споредувај огнено оружје со нешто сосема трето.
@S.J.Parker Сакаш да докажеш некоја поента ама споредуваш работи што не можат да се споредат, пукање со огнено оружје и сообраќајна незгода. Во сообраќај, убиство со умисла е да имаш намера и цел да прегазиш и да зададеш смртоносни повреди на некој, а тоа возење 130 низ град, возење пијан, дрогиран, не е со умисла некого да убиеш, туку е тоа немање совест и ништо повеќе. Луѓе има што сакаат брзина, сакаат брзо да возат и не им е гајле за ништо друго. Такви се, не дека рекле еј јас сега ќе убијам некого. Да се добиваа казни за секој прекршок, ќе имаше повеќе совест (можеби) ама ете не функционира тоа така и се силат, се прчат додека некој недолжен ќе загине.