Како правно лице треба да знајш да дискутираш оти леб од то вадиш и да "продајш" мислата шо сакаш да ја дајш. Ако не оди види кај се сопна. Можда некоја карактеристика *кашла* ароганција *кашла* застана на патот.
Зошто да се ограничуваме само на тоа? Јас дискутирам за промена на цел закон за сообраќај. И вакви дела да се класифицираат како убиство од небрежност. (Што во суштина така и се класифицираат, горе имаше извадоци. Значи и законот го класифицира како убиец.) Пишуваше дека минимум се 4 години затвор. Секако овој треба да добие многу повеќе од тоа.
А чек сеа, возам по прописи, некоја будала прелетува на црвено со 130, ме удира и загинува. Што тогаш @Luciferka ? Ја сфаќаш разликата? Е поради вакви ситуации не може баш така да се суди ко што викаш. Возел над дозволеното, крај. Овде не збориме општо за сообраќајки, збориме за сообраќајки во кои заради преголема брзина и непочитување знаци има жртви.
Бидејќи законските се според европските и не би требало да правиме некакви племенски закони. @Цвет88, истото се однесува и на тебе.
Аха. Е па пошто и кај нас и по закон е класифициран како убиец, што сакаш да кажеш? Нашите не се европски? Племенски се? Или европски се, ама и нивните се племенски? Почна да се губиш у логиката.
А ако возам со 70 да речеме, и ми прелета на пат каде што нема ни пешачки, ни ништо, ограничувањето е 120, што тогаш јас, убиец?
Тој пред тебе ќе го прегази, пошто очигледно ако ограничувањето е 120, возиш на автопат и возиш прилично споро. Ко даваш примери, бар гледај да имаат смисла и логика.
Секој пат си има ознака колку е безбедно да се вози. Тоа е смислено од човек кој го конструирал патот, го проценил и тоа му е струка. Секаде каде има ознаки за 120 е речиси автопат каде не ни може да претрча некој. Ќе возела она 70 на 120 ограничување за поента да докаже, кукала ми мајка.
Дечко ми има асигматизам, и секогаш полека си вози навечер, а и општо полека вози он, колку пати само така ќе му прелета некој пред кола, каде што нема ни пешачки, ни ништо..