Не секад оставаат траги и сведоци Реин. Да, секторот од it може да провали пораки и нарачки, ама има луѓе што прават кривични дела и без тоа. А и умислата е многу релативна работа, сите ја перцепираме на различен начин.
Па, решаваш да одиш да убиеш некого, купуваш пиштол, знаеш кога и каде ќе го сториш делото, како поинаку би ја перцепирала оваа умисла?
Можеш и на друг начин да докажеш умисла, пример случајот со Денис Тот, да не продолжеле да го удираат кога паднал на земја и да викнеле брза помош веднаш, дури и со смртен исход казната ќе беше каде каде помала, дури и нешто минимално ќе добиеа.. Ама судот како клучен момент го зема делот кога они продолжуваат да го удираат, значи они не искочиле од дома со намера да го убијат, ама кога свесно продолжиле да го маваат кога виделе дека он не е свесен веќе, судот го перцепира како умисла.. Немало да биде со умисла ако кога паднал доле, они не продлжеле да го удираат.
Оти да не бе Реин? Кога може Цуфи Кока со пиштол да се шета и да цели кон толпа народ, па да не го судат пошто демек снимал спот кога го прави тоа, што мора да имаат работите логика. Тоа ми е поентата цело време мене, дека џабе пробуваат членките тука да кажат дека немал намера да го убие девојчето, а зел на место кај што треба да вози 30 да вози 130. Кога може тоа да не е умисла и на тоа да го вадат адвокати, зошто тогаш снимање за тикток и несреќен случај со пиштолот не може да исто така да не е со умисла. Туку знаеме сите државава каква ни е. Гореспоменатиот не одговара иако со пиштол мафта кон толпа народ оти спот снимал и немал цевка некоја во пиштолот. Миналков ќе се ослободи оти во апелација грешка имало. За смилковско со днк докази дека биле во колата ги ослободија оти им помина дека биле дента во џамија и се молеле. Кога веќе некој будала при здрав памет те прави, не гледам зошто да не може и пиштолот ко играчка да се перцепира. Затоа што овде сме во некоја алтернативна димензија на некој друг мултиверс, немам друго објаснување како за случајов членките го бранат.
Сега скоро читав за мајка во Америка, која убила осудуван педофил што и ги злоставувал 3та малолетни деца. Му отишла на врата, веројатно со оружје (не памтам) ама судена е за убиство во афект или нешто слично, јер не отишла со намера. На темава со луѓе што газат по улици, што да кажам. Во момент кога возиш над брзинското ограничување, автомобилот може комотно да го рачунаат за оружје. Баш исто како да оди со пиштол и пука по луѓе.
Абе види, сето тоа така си е. Ама, ако збориме правно, различно е со умисла и од небрежност. (патем, имај на ум дека ова што го пишувам од серии ми е). Е сега, си знаеме како функционира све и џабе е, не дека и со умисла да го судат не можат пак да му дадат најблага казна и да фати врски и порано да излезе. Како и да се класифицира делото исто ти е кога судот е таков каков што е и државата е таква каква што е.
Значи за цела Европа законот така поставен е во ред ние да менуваме, од дупка што сме уште подлабоко да одиме ? Доволно е тука да се донеси зголемување на казните.
Како не може умисла да се докаже? Се докажува. Затоа имаш со умисла, без, евентуална. За случајот, нема директна, ама под претпоставка дека во таква состојба може да предизвика. Мислам дека ове ќе биде евентуална оти е свесен за последиците кои може да настанат. Остајте на правниците да толкуваат. На пример јас сум згрозена од настанот. Некни плачев. Како родител би му пресудила. Сериозно. Оти е пијан и возел три пати над дозволеното. Избегал и не застанал. И правно и морално, нема никаква олеснителна околност. Случајот со Јордан е поинаков. Јас не знам зошто не ја преиначат казната и не го испратат во психијатриска установа ако е во таква лоша состојба. Значи да повториме, казната треба да го реинтегрира назад во општеството, а не да го уништи. Значи да го поправи. Тоа што кај нас ништо од тоа нема е друга тема.
Ако возиш со 70, а ограничување е 120 пак го загрозуваш, не можи да возиш толку бавно, сите што имаат положено ги знаат овие работи, и јас имам астигматизам, ако диоптерот ти е погоден нема да се има проблем, и на крај краева ако не гледаш добро навечер нема да возиш, оти и со брзина под и со над е загрозување на безбедност
Америка има сосема поинаков правен систем и закони. Кај нив секој може да има оружје. Не е автомобилот оружје, не му е намената да убива како на пиштолот. Проблемот е друг, и тоа сериозен во Мк.
Прво беше со вакво мислење: За после да почнеш магично да ја браниш и да нè правиш будали За сега па да се согласиш со мислењето на Нина, гледам си го лајкнала, а мислењево е од пред 20тина минути. И сама не си веруваш веќе, еднаш вака, еднаш така...
Зошто прво се истрчува лаички (затоа што додека не положи правосуден, да, лаик е), па потоа го менува под влијание.
Точно дадов некакви коментари пред да добијам целосно јасна слика за случајот но потоа се исправив, не дека бранам или обвинувам.
Хм се исправи? Зошто тогаш сега се согласи дека е убиство со умисла? Пак се враќаш значи на своите први размислувања. Сама си се заплеткуваш.
Не се согласив, се согласив на друг дел од коментарот на членката, Ете и да е убиство со умисла како што тврдиш повторно е делото погрешно формулирано.
И сама веќе не знаеш како да си објасниш. Од мене толку, зашто гледам дека ставот си го менуваш во секоја секунда.