Може сѐ да биде веруј.. и мене некогаш ми било чудно, ама и мене некогаш ме стега срцето, ме стега и осеќам како пипци да се шират од срцето накај телото. А иам само 21 година Ама прашај колку пушам, колку кафиња пијам, колку се преморувам, колку стрес иам претрпено ако сум помала, и мене може да ме фркне.. Тоа гомно скапано не бира години
Ако причината била срцев удар, тогаш зошто негови пријатели рекоа дека било пукано во него? Нема смисла. Сомнително е човек спортист да има срцев удар.Можеби имал здравствен проблем, но зошто спортувал.... Тие не идат заедно. Семејството не треба да го прифаќа извештајот на Бугарите. Мириса на прикривање 99%.
Може да биде се, после коронава колку ги има млади мавнато срце, ама сепак нешто смрди прво беше дека застрелан па срцев удар и на крај медиумиве да го избришат има нешто, државава наша се ќе покрие само да му го излижи г**о на кого стигне, замисли да беше БГ државјанин во Македонија што ќе беше ама само замисли.
Има.. ама нашиве скапаници не смеат А да им кажат на татарине.. срамотилоци Ќе пуштиш дете да се прошета, и у ковчег ќе ти го вратат. Смрадови едни. Ако кријат нешто, ќе се дознае кад тад, а и да не се дознае, гледа Он од горе сѐ, па ќе ги праша.
Не го пуштиле да прошета туку имал бугарско државјанство и живеел во софија некој период. Така на вести на сител кажаа
Има срцеви мани кој не се откриваат лесно, т.е нема некој симптоми за да се направат подетални изражувања, а со обично екг не се детктираат. Обично од тоа може да се случи и кај младите често е фатално заради јачината на мускулите кога откажува срцето. Буквално срцето пука. Ова од што имам слушано од доктор.
Види, малце офтопик, ама кога си свесна дека на само 21 година дека пушиш многу, пиеш многу кафиња и тоа си свесна дека ти штети, можеш да намалиш или скроз барем цигари да оставиш. Како си сакаш, твој си е животот, од стресови неможеме да се заштитиме ама од други работи, да. Добронамерен совет, не одам веќе офтопик.
Опасна диета станува тренд меѓу скопските тинејџерки, дневно да се консумираат 3-5 јајца и 750мл вино. Во последно, сите идиотски трендови од Америка дојдоа и кај нас.
Батали.нет дознава дека 29-годишниот Николов признал дека тој го возел автомобилот, дека бил под дејство на алкохол и дека се исплашил од несреќата, па затоа побегнал. Но, тој не бил сам во автомобилот. Со него биле уште тројца пријатели, со кои претходно бил во кафеана. Откако ги удрил мајката и детето, Николов прво ги оставил пријателите, а потоа побегнал. Полицијата ги идентификувала според заедничка фотографија, која Ангелче вечерта, непосредно пред несреќата, ја објавил на Фејсбук. Тие се повикани на распит во полиција. Сега обвинителството треба да реши дали и против нив ќе покрене постапка за прикривање на кривично дело, бидјќи никој од нив не се јавил да ја пријави несреќата. Едит: Типов не се ни криел, дома го нашле, кога отишле, тогаш го нашле и го правеле..
Во врска со несреќава во Велес, прочитав дека братот на Ангелчо загинал пред неколку години во сообраќајна несреќа наводно предизвикана од него под дејство на алкохол. Ако е ова вистина со кој памет истово го правел овој после тоа што се случило.
4 возрасни говеда и на никој не му текнало да застанат и да им помогнат на мајката и на детето. Не да се гонат кривично, да земеш и да ги акнеш од земја треба. Дно. Мизерија.
Прашањето е дали биле во состојба да искочат и да помогнат воопшто, со оглед дека се враќале од кафана.. Можеби и бетер беља ќе направеле како овие со Денис Тот што му давале брза помош а појма немале..
Ако наместо срцето, му го притиснеш желудникот он инстинктивно ќе се исповраќа, и ќе се удави во сопствената повраќаница бидејќи целиот дишник ќе му се наполни со повраќаница и додека да дојде брза помош тој ќе умре.. Прва помош се дава само ако знаеш како, прво и основно правило е да не поместуваш човек ако не знаеш основни правила на прва помош.. Не викам дека не се виновни, требало да викнат брза помош, ама давање на прва помош ако си лаик, може само полошо да направиш.. Како Клементина, со средно медицинско е типката, а прва помош не му дале како треба на дечкото од што појма си нема..