Срамота е и што им требаше една недела за да излезат со некое лажно соопштение... За човечки животи се работи, а не за животни па да не им е гајле... Во петочното соопштение прочитав некоја карпа се спомнуваше, а до 19 часот комуницирале, па толку ли не ја познаваат планината, толку ли не можеле да ги пронајдат... А јас како што сфатив од втората група со Калина од 18 души, 7 продолжиле од кои 5+Калина+Александар, а другите се вратиле со првата група. И како што сфатив од втората група тие 7 души успеале да се искачат до целта маузолејот. Тогаш која е причината што 5 се вратиле успешно, а Калина и Александар не? Штом биле заедно како тие 5 души ништо не знаат што се случило со Калина и Александар? Која е причината за да застанат Калина и Александар кај некоја си карпа, а другите 5 да се вратат? Многу прашалници има во мене...
Не ми се верува! Се скинал ременот, планинарот паднал уште подлабоко, а "спасувачиве" си отишле дома? Ај утре ќе го собереме, сега се разврна многу снег?! Ако било стварно вака, смртта веќе не е несреќен случај туку е убиство! Ова мора да го расчистат како што треба и да не дозволат некој да се извлече неказнето за ваква стравотна немарност.
Нема да се расчисте ова и одговорните нема да се казнат. Поготово не сега при ваква политичка ситуација кога им го даваме задникот на грција. Жално навистина, дечкото бил жив а овие го оставиле. Кај ќе им оди душата на смрдливите грци?
Луѓе ова е катастрофа, го прочитав текстот од Нова Македонија и се наежив. Како може да утврдат дека е жив, не успеваат да го извлечат и го оставаат така. Дури следниот ден ги собрале телата. Не е ова само нечовечно, нема ни термин како да се опише. Како им е на тие семејства што седат дома и го читаат ова?
Да не знае човек од кај да почне, дали е крив Трансверзалец и аматеризмот, дали планинарски сојуз кој не ги контролирал како што треба, па мизериине грчки што го истресле дечково па си отишле по дома... А некој лаже, и тоа многу. Не знам дали воопшто е почната истрага или мвр не се замара со случајов.
Повеќе пати силувано 13 годишно девојче, продавано за секс услуги, морало да абортира пред некој ден. Девојчето е штитеник во домот 25 мај. https://vesti.mk/news/15180932/dire...e-ostavka-po-skandalot-so-siluvanoto-devojche Кој дозволил вакво нешто? Таткото си го бара девојчето назад.
Izgleda vo Grcite se site odgovori. Kolku i da se zanikade tie od Transverzalec, neverno mi e deka molcea, nit se branea nit nisto so denovi, samo oti se vinovni. Poveke mi se cini deka ima vo prikaznata, poveke od Transverzalec. Ne znam. Ic ne mi se ni komentirase za temava oti, precudno bese i e sevo.
Мислам дека се претера со лагиве и изјавиве со коментари на кој како ќе му текне така. Непобитен факт е дека Калина, Александар си сите со нив што биле цела група, свесно и дирекно си оделе во смрт. Водичот сигурно не им стаил нож под грло. Неможеш со шушкавец да ми идес на -20 на планина, не е должен водичот да ти кажува како да се облечеш. Не е должен никој таму да ги пази сите ко мали деца. Исто како кога идеш на одмор со туристички водич и ве те шета низ Париз, никој касни 2 чекори и го мава кола да речеме... туристичкиот водоч е тука крив?
И македонското обвинителство по се изгледа ќе отвори истрага за случајов. Цитирам: "Македонското Обвинителство отвора истрага за смртта на двајцата планинари што загинаа на Кајмакчалан, дознава „Макфакс“. Според извори од Обвинителството, се чекаат резултатите од обдукцискиот наод изготвен од Судската медицина во Солун, по што ќе бидат преземени потамошни истражни дејства. Од Обвинителстовото засега не откриваат кој сè ќе биде сослушан во врска со трагедијата што се случи на Кајмакчалан, дали ќе бидат земени изјави од учесниците на двонеделната планинарска тура, водичите и организаторите од планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје. „Сè зависи од тоа кога ќе стигнат наодите од Грција“, велат од Јавното обвинителство. Истрага за случајот се води и од страна на грчките надлежни институции, кои соработуваат со македонската полиција за расветлување на причините за трагедијата. Првичните информации од обдукцијата на телата на загинатите планинари покажува дека причина за настанатата смрт била хипотермија. 26-годишната Калина Велевска и 35-годишниот Александар Миновски загинаа на 10 февруари по бурата што ги зафати на планината Ниџе. Со помош на хеликоптер, 3 возила и 13 лица од службата за спасување двете тела следниот ден беа извлечени од бездната. Во барањето за обдукција на телата на Калина и Александар од 11 февруари испратено од полицијата во Воден до Судската медицина во Солун, се наведува дека грчките специјални единици за справување со катастрофи ги пронашле Калина и Александар уште во саботата вечерта околу 22 часот – или околу осум часа по нивното исчезнување. Се обиделе да го спасат Александар, кој сè уште бил свесен, при што употребиле ремен за да го извлечат. Но, во текот на извлекувањето, поради непозната причина, ременот се откачил и Александар паднал на стрмната падина на уште поголема длабочина. Грчките спасувачи од Солун изјавиле во полиција дека Калина тогаш не покажувала знаци за живот, ниту на чувствителност, поради што претпоставката е дека веќе била почината. Во полицискиот документ што го добиле семејствата на загинатите се наведува дека по неуспешниот обид за извлекување на Александар и поради темнината и лошите временски услови, односно силниот снег и ветерот, било невозможно планинарите да бидат лоцирани."
Погоре имате силувано девојче, препродавано, малтретирано од социјален работник они упорно Александар и Калина. Нема мистерија, лоши одлуки во лошо време, непрофесионалност и неодговорност од сите страни, првенствено од нивна, и тоа е тоа.
Мора да признаам дека не го следам баш случајов. За затајувањето на институциите сум сведок од прва рака, како наставник. Има многу слични случаи но сите си ја префрлаат топката од еден на друг.
Не ми се верува дека грците пишале во извештај дека го доутепале александар и го оставиле . Едно што тоа е убиство со умисла (се врти и свесно заминува) друго и да е така секој ќе проба да скрие и нема да пише-абе го испуштив не знам како. Од друга страна пак ќе кажам. Свесно се оделиле и пошле по свој ум додека девојче на 13 год не избрало да е силувано.
Да должен е,затоа е водич на планинарска тура за која се добива документ,а не водич на тура во Париз. Должен е да не те прими во тура заради несоодветна опрема.
Вo детaли нa другo местo требa дa нaвлегувaш, тукa небитнo е дaли ќе кaжеш. Инaку сведoк кoј не пријaвил е сoучесник.
Ептен сте ЦСИ Реагирано е, и во МВР, и во Меѓуопштински центар за социјални грижи, и во Општината. Верувајте дека многу случаи на семејно насилство ескалираат баш поради тоа што кај нас не функционира системот и не се санкционира насилството на време. Конкретно, се се сведе на разговор со насилникот и ветување од негова страна дека нема да се повтори. За жал, мислам дека само детето научи да премолчува, ништо друго.
Грците свесни го оставиле да умрат. Како тоа се скинал ременот, го доубиле човекот како што пишавте погоре и ајде утре ќе се вратат. Што очекуваат дека утре ќе бидат живи? Еее Македонче, простотот Македонче во Грк некоj ќе се крсти. Им наплатиле сместување, а тоа што се изгубиле, па требало некој да ги бара, тоа не е нивни проблем. Свесно и намерно ги оставиле да умрат и да смрзнат, бетер од кучиња.