Душичка мила,трауми за цел живот,се испотресов. Деца внимавајте со кого влегувате во кола,не знам, јас веќе во никој немам доверба.
Аууф се наежив додека читав,солзи ми потекоа за девојчево,гад. Леле имам две ќерки,вака некој да ми малтретира дете ,жими се не знам што ќе го најде,мајчиното млеко ќе го проплука,.Што е бре ова ,остана ли нормален човек во државава,во што се претворивме бре,во што?? Ми се плаче,ми се бега
Уште еден случај каде што другар, познаник те силува. Барем 70% од силувањата се баш вакви, од познати и блиски. Да бидеш женско значи да немаш апсолутно никаква доверба во никого и постојано да сина штрек бидејќи и човек на кого му веруваш може да те силува. И сега не пишувајте дека сте изненадени затоа што огромни се шансите дека нешто вакви им се има случено и на барем една ваша познаничка, роднина, другарка, ама ќутеле....
Па после се крстат кога девојчиња коа искачаат на дејт пуштаат локации на другарките каде се. Значи ако искачате некаде, секаде кажувајте некому каде ќе идете. Колку сака нека делува параноично, подобро одма да може да сигнализирате некому со кого сте, отколку некој вака да направи. Психопати, црна земја да нема да ги закопаат.
ја затоа и од својата сенка се плашам. Ама буквално и од трауми шо си имам од порано, коа одам сама обавезно се вртам по неколку пати да видам кој има позади мене, слушалки ако носам, само на едно уво и не прегласно за да можам да чујам звуци, нож или тејзерот во мене обавезно. Уште до продавница што не идам со нив. У Господ сум си се заколнала, проба ли некој вакво нешто да ми направи, а се дочепам до ножот, родителите нема да го познаат шо ќе му се деси. Ја да живеам со таква траума цел живот? еве и без да ме силувал некој, веќе сум истрауматизирана и се плашам за себеси, не па тоа. Пре би да полежам некоја година, и да знам дека ѓубрето нема да го повтори делото, него да го оставам жив и да се деси тоа другому. Пошо у државава ПРАВДА НЕМА. Знам дека не смеам да зимам туѓи животи, ама ќе си одговарам пред Господ за такво нешто, боље него да ме слуша секој ден како кукам.
Пријателка одамна за малку избегна силување од брат и негови другари кај другарка.Кај другарка отишла.Никаде не е безбедно ,ни кај другарки ,ни во кола сама ,никаде. И обавезно пејпр спреј со себе,што рече Феминка .
Станавме таков Див Запад. На секој чекор умноболни. Женско тука нема никакава заштита, се почести силувања и напади врз жена! Страшно. Дирек кастрација за вакви монструми!
Бел ден да не виде гадддд... Воспитајте си ги синовите прво..Ова е од преголема слобода, мислат дека и се може се.
Мене во фул плате во Веро си јадам минатата недела, и едно чиче, па 3 пати повеќе години од мене имаше гарант, ми вика моме да не сакаш да те частам нешто за пиење.. Од нигде никаде, ми доаѓа на маса и ми нуди да ми купел за пиење, викам сега ако ми купи и дојде има од глава да му го лупнам со се тоа што ќе го купи.. Не дојде, среќа, немав живци да се расправам..
Ама дали сте нормални Дали сте нормални бе Толку ми беше убав денот дур не го видов ова https://shilomagazine.com.au/2022/1...i49ajiJ0gB6LlkEGKURvE0M-CBf1o&mibextid=Zxz2cZ Како не ви е жал бе говеда недоносени, смрадови едни. Ова е дете бре, дете. Баш во тие кондиции им треба друштво, социјализација, да сфатат дека не се поразлични од нас другите, дека сите сме исти и еднакви. Кај ќе ви иде душата бе, утреден може у фамилија да ви се деси такво детенце да имате, и како ќе се осеќате вака ако му напраат? Злобни луѓе без осет. Ако се држава, ќе ја затворат глупачата. сонце
Го гледав видеото на мајката вчера, додека играа другите деца на бината, Јаков играше седнат на столче наместо со нив. Душа да те боли. Па уште и дрзок однос на директорката... Во образовна институција, кај шо треба деца да воспитуваат...
Абе солзи ми дојдоа на очи.. значи прежално е. Поготово шо ми се има случено ете така сама да седам, и никој да неќе да се дружи со мене и верувајте мноогу боли. Јас до ден денес памтам. Онака се прашуваш зашто сите бегаат од тебе, шо си згрешил/а да седиш сам/а, немаш со кој да си играш. По цели денови сама сум седела дур сите се дружеле. Никому тоа не му го посакувам. Ама вакво двоење? Ќе им сметал? Па на тие години, и ,,здрави” деца се аздисани и неразбрани, пошто се ДЕЦА. Шо другите деца не можеле да им ,,сметаат”? шо е он полош од другите Не бе не можам… Стока народ И двете апсана.
Хорор во Пеќ. Хорор е мал збор за ова https://republika.mk/vesti/balkan/t...aveno-vo-mashina-za-perenje-doktorite-kriele/
Ми се повраќа кога ќе прочитам за ова. Осеќам тага, бес, вознемиреност… Не можеш да имаш во никој доверба. Овој е тежок наркоман, другари беа со години… Самата помисла дека била беспомошна ми се ежи кожата, никој не го заслужува ова! Како хорор филм за кој викаш ова никогаш нема да ми се деси мене… Посебно во помал град, со блиска особа. Каков народ станавме… Се надевам дека институциите ќе се покажат и дека ќе гние во затвор! И таму да го мачат!!!