Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Не е ексклузивно, ама не е неточно. Мојот коментар се однесува поради моја лична обсервација на последните несреќи во темата црна хроника, и секако дека имам право да изнесам свои лични видувања.

    Ако твојот став е точен. тоа автоматски не значи дека мојот став не е точен, така?

    Тот случајот - надрогирани и пијани, девојчето од Велес - пијани шофери, девојчето од Гевгелија - наркоман другар.... Што повеќе зависници постојат, тоа повеќе ќе бидат полни овие теми... да точно е дека може да силува и убие и некој што не е дрогиран или пијан, и тоа е ужасно, секакви психопати има... ама тоа не го исклучува фактот дека поголем број од црната хроника е резултат на дрога и алкохол.
     
    На deskarada, JustBeautiful, ZAHRA и 6 други им се допаѓа ова.
  2. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    12.267
    Пол:
    Женски
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    40.354
    Пол:
    Женски
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.234
    Пол:
    Женски
    Тоа е затоа што тие случаи добиваат поголемо медиумско внимание.

    Темата за сообраќајни несреќи е едно, и да, таму огромен процент зафаќа алкохолот како причина за несреќи, ама во тема за силувања, ниту алкохолот ниту дрогата се главни причини.
     
    На CameliaMiller, Bezimenka90, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Пак не те разбирам. Јас изнесувам дека светот би бил подобро и побезбедно место за живеење доколку нема или има помалку зависници, и би имало далеку помалку инциденти. Не гледам ЗОШТО по Богу се запна да ми докажиш дека не сум во право... секој нормален човек треба да се сложи со ова дека е ФАКТ.
    Јас не ти го оспорив твојот муабет, ама ти можда си во ПМС, па ми се залепи како јас кажувам невистини... стварно на форумов едвај чекате некој да си каже нешто и да си ги истурите фрустрациите.
     
    На deskarada и forumce им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.241
    Допаѓања:
    176.210
    Пол:
    Женски
    З г р о з е н а сум за апсолутно се на последни три страни. Си реков ај пред некој ден отворав, да продолжам со темава. Леле. Не.

    И после не исмеваат дека сме се плашеле, дека сме праќале локација на другарка. Јас сум само среќна дека последнава декада како сум со исти другари, никогаш не ми дале сомнеж да се плашам од нив. И ме штителе кога сум се плашела од друг или кога идел кон мене непознат. Можи е привилегија, ама не знам како би се носела ако не беше така.

    Срцето и душата ми оди кон девојката и се надевам дотичниот ропак ќе скапи в затвор. Знам дека затвор треба да е за рехабилитација. Знам. Ех колку пати велам така треба. Ама сакам да го снајди полошо. Да го боли. Да скапи внатре и да не излези. +/-.

    Читав и за то како се криел ропак втор, оној кој чукна девојчето. Целосно отсуство на емпатија и дебилизам. Истото му го посакувам на ропак- убиец, како на ропак- силовач. И second hand embarrassment имам за тие кои ги возел и кои не пријавија.

    Убиството меѓу малолетници ме шокира. Уште го процесирам. Дете да убие дете, да успеј да не зуцни се дур не исплива телото? Дали уште спијам? Дали е ова епизода на Black Mirror?

    И на крај за детето до Даунов. Жал ми е пошто стварно има напори во општеството за различност. Ама ни требат луѓе спремни да се справат со различност, со креативност и љубов. Лесно е да издвоиш некој. Тешко е да вклучиш. И разбирам. Зато и велам креативност. За да ни текни начин на инклузија. Ах.
     
    На CameliaMiller, IRBBB, Ouravanture и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    22.826
    Пол:
    Женски
    Уште ли некој ќе бара олеснителни околности во секој еден случај со кривично дело.
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    леле шо е ова бе
    Абе Тексас не ни е рамен еј, шо е со децава ненормални, Боже ме сачувај
    никој не е безбеден веќе
     
    На Nikolina35, fbaby, boo3 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.689
    Пол:
    Женски
    Да не го фатила со друга девојка па почнала да го удира, ама направиле од играчка плачка..
    Шега настрана, сигурно не и била намерата да го убие, барем сакам да верувам дека не е така, туку дека не била свесна за последиците на нејзините постапки..
     
    Последна измена: 23 декември 2022
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.810
    Пол:
    Женски
    Е овојпат не, со некаков предмет (како да прочитав некаде камен било) да удираш некого во глава, што намера можеш да имаш?
     
    На crimson, Konfetka, FridaodaMk и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.254
    Пол:
    Женски
    Да му го дотера паметот во глава, како што?

    Јас не знам што ви е со тоа немал/а намера, нормални сте?
     
    На CameliaMiller, crimson, Mnik и 5 други им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Да бе си играле со камчиња децата..|(


    Како ќе и се суди дека малолетна ме интересира, ќе лежи в затвор за убиството?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.689
    Пол:
    Женски
    Ќе покаже обдукцијата дали и колкави удари имал по главата и дали ударите предизвикале смрт или се удавил, да не избрзуваме со заклучоци..
     
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.254
    Пол:
    Женски
    КП дом за малолетници, веројатно ќе ја префрлат кога ќе стане полнолетна.
     
    На cresa-jagoda и kristina.k им се допаѓа ова.
  15. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Ајде ок да речеме така ,ама телото е најдено во река (го фрлила ?! ) и не кажала нигде се додека не го нашле...
    Свесни постапки според мене.
     
    На Mnik, Skyler и nextredstyle им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.842
    Допаѓања:
    80.810
    Пол:
    Женски
    А како завршил во река?
     
    На Skyler и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    22.826
    Пол:
    Женски
    Абе доста сериозно
    Така било тоа, умрел од шо се удавил, а ударите по глава пу пу неважи
    Го удирала па го бутнала у река.
    Да не го удирала нит ќе паднел нит ќе се удавел.
    Боже господе.
    Ај да не му предходело ништо на давењето па да разберам.
     
    На CameliaMiller, Mnik, Youknow и 3 други им се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.689
    Пол:
    Женски
    Седумнаесетгодишна девојка е осомничена за убиство на 16-годишиното момче, кое вчера наутро беше најдено мртво во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. По увидот и започната истрага, тетовското Обвинителство до Основниот суд поднел барање за подготвителна постапка поради сомнение за сторено убиство.

    Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичен законик. Осомничената 17-годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор, соопшти денеска Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство.

    Седумнаесетгодишната девојка е од тетовско Рогле, а полицијата за настанот направила службен разговор со уште едно малолетно машко лице од Тетово.

    -На 22.12.2022 во 14:00 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со 17-годишен малолетник од Тетово, соопшти СВР Тетово.

    Малолетникот на 16 години кој беше најден починат е од Ново Село, Општина Желино, информираше СВР Тетово. Неговиот татко во средата околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома со автомобил. Возилото беше најдено околу 02.20 часот, во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“, додека безживотното тело околу 7 часот вчера наутро.

    На местото каде беше најден малолетникот смрт констатираше лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, тело беше дадено на обдукција
     
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.689
    Пол:
    Женски
    Децава психопати се уште од мали нозе веќе. Немам коментар..
     
    На Sielo❤️, Ouravanture, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Не можи секое насилство и убиство да се оправдува и да се наоѓаат олеснителни околности. Млади луѓе треба да се рехабилитираат да, ама вакви монструозни постапки нормален човек не ги прави, колку сака нека се млади.
    Тој од Гевгелија треба максимална казна да добие и во регистар јавно да е, такви психопати често ги повторуваат делата по излегувањето од затвор.
     
    На CameliaMiller, Mnik и FridaodaMk им се допаѓа ова.