Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Ништо не ти го поткрепува мислењето, туку е само предрасуда. Алкохолот и дрогата може помагаат да се остварат психопатските тенденции кај личноста, но не се главни причинители за истите, туку проблемот е многу подлабок и кај вакви дегенерици е докажано дека уште како деца покажуваат знаци на пореметеност, а сигурно не се дрогираат и пијат алкохол од градинка.
    Само ќе излезат сега на виделина сите проблеми кои психолозите по училиштата и социјалните работници си ги пикаа под тепих децении наназад.
    Ама таков народ сме, си мислиш дека додека не те засега тебе, не е твој проблем, а тој може да е секој ден до тебе и твоите најмили, не можеш да знаеш дали е финиот колега, добриот сосед или секогаш насмеаниот роднина. На силувачите и насилниците не им ни треба супстанца, најчесто е доволен еден тригер за да делуваат по своите психопатски фантазии.

    Ако е така како што тврдиш, на толку алкохоличари и наркомани во државава, ова ќе беше секојдневие.
     
    На CameliaMiller, M.B. и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    40.355
    Пол:
    Женски
    Јас знам еден кој што е добар човек, но кога ќе се опие почнува се да крши, станува насилен, се тепа со тие околу него, едноставно друг човек е. На трезно е спротивно од ова. Кој знае што има во тоа главата
     
    На MeowMeow, cresa-jagoda, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Во главата сите му се криви сѐ и ги тепа секојдневно.
     
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    40.355
    Пол:
    Женски
    Не е така за тепањето. Можам да се заколнам. Едноставно супер си е. Не праве проблеми. Само кога почне да пие
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Па тоа беше муабетот... секојдневие е. Колку често имаме прегазени луѓе од пијани возачи? Колку грабежи има поради наркомани? Еднаш бев ограбена во станот на спиење... не влегле во спалната среќа. Ги фатија, наркомани беа. Инспекторот ми рече, имаш среќа што не си се разбудила, искуството ни кажува дека во таква состојба не рассудуваат дали ќе те повредат или убијат. По секоја цена им требаат пари за дрога.

    Не разбирам што толку ве погодува фактот дека алкохолот и дрогата се еден голем дел од црната хроника, тоа е факт. Знам дека пиете, и јас потпивнувам, и сум пиела, ама не ме вреѓа лично мене тоа дека ќори пијани газат луѓе на пешачки.

    И никаде не реков дека нема психопати на кои не им треба субстанци... има многу такви, и тие се дел од овие гнасни случки. Тоа не значи дека треба да речеме супер е дрогата, супер е ракијата, и не е причина за криминални дела. Целината ја сочинуваат сегменти, и не сфаќам зошто толку ве погоди што спомнав еден сегмент. Екстремно делувате увредени.
     
    На cresa-jagoda, Mnik и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.295
    Пол:
    Женски
    Случајот од Тетово, во врска биле децата или роднини?
    Ич не ми се верва да е од чиста мира или од играчка плачка. Не дека е оправдано ама се надевам ќе го откријат мотивот.
     
    На Осе, JuLleE, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.829
    Пол:
    Женски
    И јас ова последниве денови го размислувам. Секој ден слушаме само негативни работи, пред 2 недели две девојчиња од по 30 години од мозочен удар починати, прегазено девојче, пронајден мртов дечко, сега ова..... Што се случува со народов. Жалосно
     
    На butterflysk, boo3, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Ние сами ќе се истребиме ко народ
    Не ни требаат ни брачата, ни татарите никој.
    Е толку ќе ви кажам
    Склони сме кон самоуништување
     
    На Sielo❤️, Nikolina35, Серотин и 4 други им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.700
    Допаѓања:
    126.712
    Пол:
    Женски
    Апсолутно!! Треба да се знае дека колата е оружје ако не управуваш со неа совесно. Страшно е што се случува! Богами и јас би му пресудила ама не да го убијам.. Туку да се мачи секој божји ден на земјава што ќе го помине.
     
    На Осе, CameliaMiller, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Шо би рекол тато ,,,коа искачаш од дома со главата у торба си, поготово коа возиш” и у право е чоекот…
     
    На cresa-jagoda и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.700
    Допаѓања:
    126.712
    Пол:
    Женски
    Мене татко ми покоен ми велеше и глава ако те боли земи такси. А не пијана ( мада ја не пијам) или не знам што.
     
    На Осе, CameliaMiller, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    У право се старите… ама треба некој и да слуша
     
    На Ouravanture, nena2010 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.234
    Пол:
    Женски
    Ајдее, сега ми сугерираш дека јас се пронајдов па ме "погодил" муабетот. :rofl: Не се секирај, не ме засега ништо лично.

    Инаку ти ја сфаќам поентата, ама работата е што со овие муабети се дефокусираме од вистинскиот проблем. А вистинскиот проблем е дека има силувања бидејќи се нормализирани. Не директно, туку индиректно. Многу долго време или подобро кажано - од секогаш, биле нормализирани сексуални вознемирувања, "не значи да", мислењето дека жените треба да бидат на услуга на мажите и дека им должат секс, мислењето дека мажите не можат да си контролираат сексуалниот нагон, мислењето дека во врска/брак не постои силување...сите овие верувања неминовно кулминираат до точката да силувањето во главата на силувачот не е ништо друго освен нешто што жртвата го заслужува. Да додадеме и знаци на насилно однесување кое не се адресира никако, туку се сфаќа како "маж е, остај го".
    Ете, која жена не доживела нешто од типот на сексуално вознемирување? Не постои таква. Колку пати сме слушнале дека некоја сама си го барала?
    И доаѓаме до моментот кога тие ненормални однесувања ни се толку секојдневни што веќе не ги ни гледаме како страшни, што доволно зборува колку е длабоко зло општеството во кое живееме и јасно е зошто некој би отишол подалеку од тие граници и би силувал. Едноставно, му се може.

    Фала Богу што феминизмот има земено голем замав и рапидно се менуваат работите на подобро.
    Се надевам, многу се надевам дека новите генерации на родители, оние што сега имаат мали машки деца не ги воспитуваат да мислат дека жените под дифолт им припаѓаат.

    Нормално, не е само ова причината зошто некој би силувал, голема улога имаат и други работи од психолошка страна, ама овие работи кои ги набројав имаат директна врска со тоа зошто постојано жените се злоупотребуваат. Доволен пример за ова се западноевропските земји каде што е далеку побезбедно за жените отколку да речеме, земји како Саудиска Арабија, Иран каде што владеат религиски норми и со тоа и екстремна мизогинија. Мизогинијата автоматски доведува до поголема стапка и на насилства и силувања. Тоа е најглавното. И ние сме земја со висок степен на мизогинија.

    Точно е дека од алкохол и дрога се прават непромислени работи. Но не е точно дека голем број алкохоличари и наркомани се причинители за овие случаи. Само што секогаш кога ќе има вест дека силувал наркоман, како сега, таа е ударна вест и на тој начин се формира јавното мислење.

    Прва работа, не само што се засилува стигмата кон нив и се изедначува зависник=силувач, туку се добива идејата дека насилниците се некаква изолирана група која што е далеку од нас.
    Втора работа, многу лесно се трга одговорноста од силувачот и се препишува на надворешен фактор, на алкохолот/дрогата.

    Заклучок, да, нормално дека дрогата и алкохолот играат улога во многу деструктивни однесувања, прво кон себе, а потоа кон другите, ама не се директна причина за силувања. И ако веќе збориме за идеален свет без зависности, треба да се третираат причините кои довеле до нив, зашто зависноста е coping mechanism.

    Крајно, ова го пишувам не е да ти водам некалов инат туку конечно да се зборува зошто некој би силувал. Затоа што секогаш кога во јавност има ваков случај се препишува на некој трет фактор, а се игнорира она што ни е пред очи - ни треба промена во културата од корен.
     
    На Осе, CameliaMiller, Ambitious и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Нема зошто да бидам увредена, знам дека едноставно не е така и директно како што ти тврдиш. Не смее дрогата и алкохолот да му бидат изговор, оправдување или олеснителна околност при судење, кога планирано ја однел насамо и каде знаел дека е без помошна. Тоа не го прави човек што не е свесен за своите акции.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Ама јас сум против да се користат како олеснителна околност... баш напротив. Јас викам НЕ Е олеснитена околност туку додатно нешто што треба да се товари кон престапникот. Значи возеше 180 кај што треба 40, казна, плус уби човек казна, плус возеше во алкохолизирана состојба - казна, плус избега одместото казна... и така да си се товари се при утврдување притвор. Јас се нервирам кога таа состојба се зема како олеснителна околност, ама факт е дека кај многу е тригер, и кога би биле свесни може не би го направиле тоа. Треба да се едуцираат младите кои се последиците, што се се случува во состојба под субстанци, да не се прогледува низ прсти кога се ќори пијани или дрогирани по улици или зад волан, да има дебели казни. Не верувам дека така лесно ќе се искорени, ама мора да се работи на тоа.
     
    На Осе, MeowMeow и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Јас конкретно зборам за силувачот, читам коментари наркоман бил, којзнае под што дрога бил, а по она што прочитав многу добро знаел што прави.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Јас за општо зборам, оти беше муабетот зошто толку лоши работи се дешаваат цело време. Силувачот, пропалица, се надевам ќе скапе в затвор.
     
    На Mikha4 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    Сиромаштијата и корупцијата си го прават своето, затоа, и нема да биде подобро.
    А силувачот ќе го гонат со казна која носи макс 5 години затвор, само што кажаа на вести :envy:
     
    На Nikolina35, jacqueline.s и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    13.689
    Пол:
    Женски
    Во Тетово што се случи убиството, епа верени биле децата, сега на Сител кажаа.
    Вереница си го уби вереникот....(А они 16 и 17 години)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Машала
    Епа ние на 20+ ќе им ги читаме лектирите и ќе им ги пишуваме домашните, децата нека се зимаат
    Ало како може да се верени испотд 18
    Кој уопште го дозволува тоа
    Нормални ли се
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.