Чекаат нешто ново и сензационално, за ова да се заборави и заташка. Министерката како жена, прво и основно, требаше да има многу повеќе осет за ваквите прашања.
Бил жив и го оставиле, а за Калина не се знае дали тогаш била жива. Но, што ако и двајцата биле живи, а сепак Грците ги оставиле свесно? Мене тоа така ми делува, дека отишле ради реда и ајде пукнал каишот, ќе си одат, утре мртви ќе се 100% нема промашување. Негрижа. Само ќе ти ги соберат парите сигурно платиле за престој во хотел нели, ама ако се изгубиш и мораат да те бараат, е попрво ќе умреш како куче, море и бетер од куче и ништо. И не знам што толку е мерак и ќеиф да се фрлаат пари во таа проклета и мизерна Грција, каде сме подолу и од лајно.
Обично не следам црни хроники, ама случајов со Калина и Александар ме трогна. Цело време си велам што би било кога би било, зошто не ги побарале порано, зошто не ги лоцирале. Гневна бев на спасувачите, на водачот, на другите планинари. Но и Калина и Александар имаат голема вина. Планината е како зависност за планинарот и по секоја цена они сакале да ја искачат. Ајде и тоа донекаде да го сфатам, ама на екстремно лоши услови да одиш во смрт... не сфаќам. Најхрабрите умираат секогаш. Најмачно ми е чувството дека така заробени ја чекале смртта додека секоја клетна на телото им замрзнувала. Во секој случај трагедија, кој и да обвиниме. Ако мало дете не те послуша кога ќе му кажеш ти ќе го фатиш за рака или ќе го кренеш во раце и ќе го вратиш. А тоа не можеш да го сториш со возрасен човек. А никој не размисли дека барајќи ги нив можеле и други да отидат во смрт. Ветерот бил пресилен, а водачот и уште еден се вратиле до врвот да ги бараат. Може грешка е што одма не пријавиле. Судбина која сами си ја напишале, жално срце да ти пукне.
Ниту ги знам ниту ги познавам, ама срце ме доболе. Цело време де прашувам зарем заслужува некој вака да умре. Чудно, го нашле, жив, го оставиле и тек утредента се вратиле. До 22 вечерта што се дешавало, телефон да лоцираат 6 часа им биле потребни или како... Како и да е, не е веќе ни битно. Нека е за памет на секој кој планира да оди со глава во ѕид и да си игра со планина. Нив... Лесна им земја...
Штом пробале значи имале волја да помогнат. Не разбирам до кој крај да пробуваат? Додека и самите тие не погинат? Мислам дека малку повеќе се става акцент на македонско грчките политички односи во овој несреќен случај. Нека почиваат во мир. Пред 19 годинини на Солунска Глава животот го загубија алпинистите Влатко Боцевски, Бранислав Ристовски, Огњан Филиповски и Предраг Толмачев. Нивните тела беа барани со денови. Нека нивната несреќа биде лекција која ќе ја научат младите планинари. Нека овие несреќи бидат црвен картон за организациите кои се се само не професионални. Никогаш повеќе да не бидеме сведоци на вакви несреќи.
http://24vesti.mk/24-analiza-mozheshe-li-da-se-sprechi-tragedijata Еден лиценциран водич во лесна зимска тура (Кајмакчалан спаѓа во лесна) треба да води: 3 лица без искуство, 5 лица со искуство и 6 лица со многу искуство, а не 50 лица.
Уф,цела недела читам вести за ова и се ме погодува.Многу,многу ми е жал.Мм пред некое време го запознал Александар, вели дека му личел на прекрасен човек. Мене многу работи ми се нејасни,има многу работи кои не се совпаѓаат во извештаите.Многу долго време им требало да почнат со потрага,некаде читав дека ги снемал од 11:30,негде пишува дека грците дознале во 16 и 3о.Нејаснотии премногу.Јас се прашувам зошто не се засолниле во црквичката,па да кажеле кај се (нели имале тел контакт до 19ч.што исто е чудно,плус нашле гпс сигнал од Александар.)Па да се кренеле нашиве,да алармирале,хеликоптер од АРМ ова она,незнам ,може јас гледам многу филмови. Се крие нешто тука,но дали ќе дознаеме што. Жално двајца млади луѓе.Нека почиваат во мир.
Сега на Телма на вестите кажаа дека Трансверзалец уште во ноември бил казнет и имале забрана за организирање тури. Ама слатка пара, си продолжиле на диво. Нека ги носи на душа сега несовесниов Зоки загинатите. И друг апдејт, за родилката во Санте хоспитал. Не починала од реакција на анестезија туку од задушување предизвикано од тоа што цевката за анестезија место во душникот и ја пикнале во хранопровод...
За ова треба анестезиологот да одговара. На ист начин пред 2,3 год во Гевгелија почина родилката на царски. Анестезиологот е тој од државна?
http://telma.com.mk/obduktsijata-na...azhala-deka-se-raboti-za-greshna-intubatsija/ видов сте пишале веќе запрепастена сум и гневна РЕЗИЛ Е ОВА!! во каква држава живееме да не даде господ да ти затреба лекарска помош
Не се засолниле затоа што залутале и се спуштиле многу надолу по непристапната стрмнина од каде немале излез за надолу а немале ни добри временски услови за да видат каде се.ЗА нагоре не можеле веќе да се качат,нит опреме нит прегледност на каде да се пентарат. Ги уништи маглата,ветерот,непрегледноста и веднаш што не им се услишани молбите за помош од искусни трагачи. @LollySky @forumce и јас слушнав дека ја задушиле со цевката,затоа и едниот доби отказ и казна да ги исплати парите од специјализацијата.Жално,навистина. Forumce тој е анестезиологот од државна и двајцата албанци ги покриваше директорот им исто албанец ама не можеше. Од моќна фамилија однесоа жена во смрт.не можеше да се заташка работа и едниот отказ има добиено.
Жално е што само во вакви случаи се отркива вистината. А, уште којзнае колку случаи има кои се заташкани, бидејќи не се доволно моќни Цццццц, бетер од Бангладеш сме
- За време на анестезијата, според неофицијалните информации, тубусот наместо во душникот и бил поставен во хранопроводникот при што 31 годишната жена починала од задушување. Воопшто немало алергиска реакција, туку, според коментари на лекари од скопските клиники, ненавремена медицинска интервенција. Како можат да си дозволат такво нешто? Во операционата сала собрани биле специјалисти или луѓе од улица? Толку неспособни и неспремни биле? Како не виделе каде ја ставаат цевката? Да се наежи човек дур чита и да си ја удри главата каде живееме. Па уште приватна болница...Па уште 10 пати повеќе плаќаат... Нека даваат и отказ и казни, битно неа (и други што заминале како неа) не ја враќаат. Барем детето нека преживее.
Случката со Калина и Александар навистина ме трогна, иако не ги познавав. Многу ми е жал при помислата дека со часови чекаа да бидат спасени, а не беа. Гледав емисии со спасување (во тешки зимски услови) и не се тоа обични луѓе. Тоа се спасители со секаква опрема, обучени, спремни, со ратраци, групна организација, со координација и навистина си ја знаат работата. Спасуваат во најтешки услови, каде мислиш дека е незамисливо да се делува. Имаше и кај нас сега пред недела мислам, на Шар Планина француски туристи, по гпс систем ги лоцираа и со помош на хрватска приватна служба ги спасија во рок 2 саати (има и дел видео запис), во ноќни тешки услови. Има и во Македонија спремни лица (е, сега, ако е се по врски вработувањата и за тие места, а имам слушано дека се, навистина е жално. Не е во печати редење во канцеларија, овде се работи за живот или смрт). Цели 8 часа биле изгубени и живи. Последниот разговор бил после 18ч., Александар комуницирал околу 320 секунди и бил жив. КАЖАЛЕ дека се кај карпи, а таму се знаело каде се карпите (терен во должина од 100тина метри). И отприлика знаеле каде биле претходно (кај црквата биле). Значи ако се знае каде се, и цел ден е пред нив - зошто не биле извлечени од таму ??? Најверојатно ја почитувале планинарската пракса - седи на едно место, засолни се и чекај помош. Барем да знаеле дека нема помош, да тргнеле надолу (30 тина метри) бил патот... Ама верувале во помош - имате мобилни телефони, постоела комуникација ! Александар бил жив, паднал и го оставиле ? Па човечки живот е во прашање, а тие се спасувачка служба со сите потребни превозни средства и опрема. И да паднал, каде можел да оди ? Ќе го побараш тука некаде. Не ги болело срце да го остават ? Не е точно дека не можеле да ризикуваат - спасувачите се целосно опремени за секакви услови !!! А, Калина не давала знаци на живот, зошто молчела проценија ? Девојчето очигледно е дека било премрзнато, ама можеби било живо, луѓе со хипотермија можат да се вратат во живот. Барем да сторат се до крај. Се изнаслушавме, водичот, облеката, снегот....А, мене само едно ме боли за децата, а тоа е помислата дека МОЖЕА да бидат спасени. Сите работи водат кон тоа - дека можеа да бидат спасени. Цел ден седеле засолнати. Очигледно грците не си ја завршија работата професионално, а ниту човечно. И сакам овој случај да не се заташка (како се останато во државава) туку да се истера работата до крај.
Мене уште не ми се верува дека дотичниот анестезиолог го избркале од клиника и го вработиле во Санте плус.