Го имав ставено во сдк кога се направи. Сега го барам и не ми го дава. Ме тера љубопитноста да тркнам после до плоштад да видам дали стварно имаме толкави идиоти меѓу нас Додуша више чим се пријавиле имаме. Ама ако се откажал ќе осетам некое олеснување
Затоа шо е неизживеан манијак, а за да не те доведе во слична ситуација, нема да излезеш. Ако прочиташ убаво, ќе видиш дека го обвинувам семејството затоа што не ја воспитало што и како треба да прави, или не треба. Првиот однос што го имале, поточно од тоа почнало се, тогаш настанале тие снимки. Значи девојчево нес АМИН! Многу отпор пружате а не го прифаќате фактот дека НЕ Е НОРМАЛНО девојче од 14 години да прифати да има односи со 10 години постар. Тоа и го зборував цело време ама овие светициве се нафрлија дека бранам педофили и силувачи. Ама еве излегла со сомнителен тип што ни го знае ни го познава бе човек.
Дете е бре жено, од кај знаеш од какво семејство е и колку може да разговара со родителите, не се сите толку отворени и има деца кои се плашат од самата реакција...
Сериозно мислиш Види, не зборуваме ние тука за напаѓање на улица, туку пуштање на социјални мрежи и убедување на сексуални односи. Јас ако не сакам секс, Бред Пит да ми пише нема да излезам. Темава не е за напаѓање и Незнаев дека секс со маж, сопруг е силување. Прифатила да има секс на прв дејт, и тогаш ја снимал и пд тогаш почнале уцените. Како инаку би ја уценувал ако немале снимка?
Свесна си дека ако маж ти те присили Е силување така? Тоа зборам. Дека твојата слобода и голотија пред него треба да му даде за право да те силува, според логиката дека голотија= сака секс. А нормално е да си гола пред него и притоа не треба да се плашиш дека ќе му текне нешто несаглам.
Океј, прифатила, зошто ТОЈ и понудил, пак е малолетна нели? И зошто ја снимил без дозвола? И тоа е кривично делоз па и 30 години да има, да не зборуваме за уцените.
Сериозно то ти е најголем проблем па цел ден за то да се пиши? На 30 години можи да ти вети многу работи и да те изманипулира, а не па на 14. Тој е возрасниот во случајот, тој треба да знај. Исто како шо треба секој да знај дека НЕ, значи НЕ. Дека седење на предно седиште во такси не е слобода за допирање, дека одење во темна улица или во кратка сукња не е провокација, дека секс на прв дејт не е причина за изживување или дека одбивање секс не е причина да те заклучи и истепа. Не можи да барате било какво оправдување (оправдување е да) за чоек шо навел дете да имаат секс, притоа снима без дозвола, препраќа снимки и вика другари да се изживуваат. Осмислено сценарио. Грозно ми е да го напишам ова. Вака тука не. Жена на женски форум ќе расправа за курви и светици.
Каде пишува дека не прифатила свесно? На сите портали и телевизиски сајтови пишува дека имале интимен однос кој би снимен( најверојатно таа не знаела дека тој ја снимал).
Еве тој пошто е болен во мозокот, не размислува дали е правилно да има секс со малолетничка, ако и таа била паметна немало да дозволи да излезе и на прв состанок да има секс, океј? И што ако некој ми вети на 30 години нешто а не исполни? Тој е крив шо мислел дека ме манипулира или јас шо сум му верувала слепо? Како на марс да живеете, како да не знаете дека деца од 14-15 години имаат секс и менуваат партнери како чорапи, дека појма немаат за контрацепција и секоја втора ќе ја прочитаме во темата за бременост ако се триеле дали можела да остане бремена, и многу други случаи. Девојчево не е нападнато на улица, свесно пишувала и се согласила на средба па дури и секс. Се што се случувало после тоа, снимање, продажба, дрога и ред други работи се за осуда, ама да ми кажете дека некој ја излажал да имаат секс, тоа не, и самите сте свесни каква е денешната младина.
Па не пријавила таа, ако пријавувала ќе пријавела уште одма а не после 2 години. Кога следите некој случај, следете го до крај.
Девојче, стварно се надевам ни ти лично ни па некој твој близок ќе имате ваков случај со силување и педофилија пошто тогаш вака нема да зборуваш по форуми.
Абе ај да речеме она одбила средба и не отишла. Ама типот што ја викнал пак е истиот болен тип и тоа што она ќе одбие, не го прави поарен човек само зашто не се случило делото. Битно е што има во главата.
Дај боже никој да не доживее нешто слично. Ама за жал се додека младината е испуштена од рацете на родителите ќе се случува ова. Дефинитвно треба да се воведе некој предмет во школо за оваа работа, или родителите да одат еднаш неделно на советување. И за машки и за женски.
А, како така испуштена од раце? Не сте се опиле, не сте пушеле цигари/марихуана? Од дома така ви велеа? Место да ја фрлате топката кон родителите фрлете ја кон предаторите, во овој случај силувачите. И да е била возрасна вака ќе зборевте? Не ви е језа што вакви ликови шетаат покрај вас пошо мене ми се г-а-д-и.