Го избркаа бидејќи работел на клиника со решение, а во санте ставал анестезија на родилката која почина.
за тоа знам. А што сега го вработиле санте? Добро веќе јасно ни е санте кој вработува. пензионеркаНа што неќе да се пензионира фатални грешки прави само санте ја сака ..
^^анестезиологот колку што чув вчера на вести не е избркан туку суспендиран, сеуште не е ослучено што ќе биде со него и дали ќе му биде одземена лиценцата И грешка сум или Санте уште работи?? Нели ја ставија под клуч?? Ама што се чудам За бебчето кажаа дека е во добра здравствена состојба, ама сепак уште е на педијатрија, душиче
http://plusinfo.mk/vest/144451/filipce-ja-odzede-dozvolata-za-rabota-na-sante-plus-group FALA BOGU. A gledam denes si postirale sliki.
Или јас сум малку будала или сериозно мојот мозок не може да сфати како немаат срам персоналот и оние кои ја одржуваат страната на фб? Па натокмени со осмех од 6ка до 6ка
Ова за починатата родилка е УБИСТВО ти лекар ли си шупелка ли си интубација да не знаеш да изведиш ? ај едниот ами другите шо биле у сала никој ли не знаел интубација да направе? за ова некој треба затвор да леже А санте си работат се рекламираат по фб се сликаат и шо ти уште не
Едниот е избркан компетно ама еве вработен во Санте. А другиот е суспендиран ама не е избркан од ТОАРИЛУЦ.
Се загавило и ја загушиле во хранопрпводник. Само трахиостома ќе ја спасела ама не укажале грижа навреме,ја усмртиле полека се гасела и во возило до Државна. п.с.Помладиот ја правел интубацијата под надзор на постар колега кој сега е суспендиран само. Тој помладиот имал 1год. стаж по специјализација читај никакво искуство,ова што правел е за да научи и скапо да наплати на приватно,ама поискусниот што не надгледувал а? Немаат кадар Санте џабе им се реклами,слики,насмевки.
Тоа не е доктор шо не знае да изведе интубација упорно и упорно и ја пикале цевката во дишни патишта тоа се шупелки не доктори незамисливо е да завршиш медицина а да не знаеш да интубираш
Албанците не сите ама повеќето доаѓаат со дипломи од Приштина,а таму ко на времето нашите на студии во Бугарија што правеле,чекаш да поминат годините да ти дадат пемпеле на крај. Тек на Државна на спец.стаж учат што е медицина ако ги интересира,ако не со партија и министри станѕваат ака Бујар.
Овој што е на специјализација треба да стекне пракса со надзор на специјалист. Ај првиот што ја утнал работата, ама вториот зошто не реагирал? Дали е можно специјалист да не знае дека интубацијата е неуспешна?
Ако навистина се затвори Санте,баш ќе ми биде мило. Ништо нема да ја врати назад родилката,но барем ќе се спречи и на други да им се случи истото. Жално е што во оваа наша држава,треба да си од моќно или познато семејство за да успееш да ја изведеш вистината и правдата до крај. Да бидеме реални,не е само Санте,моментално,па и долги години со ред,се случуваат разни гадости по државниве болници ширум земјава,а никој мува не го лази
Џабе и суспензија и затварање клиника. Џабе сега и причината што е обелоденета. Кој ќе го врати изгубениот живот?!? Жената веќе ја нема, сопругот сам со бебче... Жално.
Не е за затварање, и да не ги затвореа не знам кој ќе стапне таму веќе...треба КРИВИЧНА и за двајцата и одземање на лиценца а не утре да се прешалтаат на друго место и никому ништо, како оној од Гевгелија...абе толку протести на еден да му текнеше за ова да протестира, Господ да ве чува само ако не дај боже стигнете до болница, ама не бе не зашо, побитно е името и таблите за автопатот очигледно