кое самоубиствоо ахахха едниот го бутнал другиот гарант ќе се самоубивам со дечко ми на 30 и кусур години, сигурно хахахахаа башка која црна забранета љубов на 30 и 40+ години шо ви е (не тебе на овие под тебе) другар беше на местото на настанот му викам кажи кој кого бутнал, и само нц ми рече ама рече многу било гадно и језиво
Ауу јбт тоа да го видиш трауми за цел живот.. Од кој спрат паднале? И дали преживеа девојката? Не можам инфо да најдам најново..
https://www.slobodenpecat.mk/pretepano-i-premrznato-dete-vo-veles-smesteno-na-klinika-vo-skopje/ Што е со ова ?? Знае ли некој нешто??
Девојката била со тешки телесни повреди и во кома, хоспитализирана е, сега каква и е состојбата нема никакво известување. Жално
Можеби во расправија едниот го бутнал а другиот го повлекол со него, а можеби и другиот се фрлил веднаш по него ако почуствувал дека лошо направил.
па да сигурно не влече толку гравитацијата аххахаха ја мислам дека многу гледаат Ромео и Јулија мене ми личи дека едниот го бутнал другиот, и решил да си пресуди у Велес немаше сеа таква дешавка? нели нешо пробал да ја упука, и после 2 дена се рокна народ со слаба психа сме среќа на нас исклучоците хехе
Овој не е да го фрлиш у затвор, овој е да го земеш и да го убиеш на лице место. Сопствена сопруга да земеш и да ја дрогираш и да ја продаваш. Од земја би го акнала.
Не се сложувам ,брзо и лесно би се спасил така. Да е до мене сум пишала и порано ,скроз истото би им го правела на вакви.
Страшно БИК БРКАЛ СОПРУЖНИЦИ ВО ДЕЛЧЕВСКО: Имаме траума, 45 минути како да бевме во Шпанија Бик бркал сопружници во село близу Делчево, по што тие го пријавиле настанот во полиција, а најавија и тужби. „Во понеделник во 15.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во нива на место викано „Низамски ниви“ во с.Град, делчевско, С.С. и неговата сопруга Ј.С. биле нападнати од бик, сопственост на соселанецот М.С., при што биле направени оштетувања на овоштарникот и на нивното возило. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Делчево, при што се работи на комплетирање на случајот, а против М.С. е поднесена соодветна пријава“, се наведува во пријавата поднесена до делчевската полиција. Се јави газдата на бикот кој нападна брачен пар и оштети автомобил. Младиот сточар Марјан Стојов од делчевското село Град е еден од ретките кој одгледува повеќе грла добиток. Сопственикот потврди дека откако е известен, заедно со полицијата излегле на лице местото каде се случил немилиот настан. Не отфрла одговорност и посочува дека полицијата е таа која треба да открие дали има прекршок. „Ако има некој прекршок нека ме гонат, ако оштетените ако имаат штета исто така нека ме гонат прекршочно. Јас ако сум виновен ќе одговарам, но како што кажав за однесувањето на самиот бик имам сведоци од Илиово до Истевник. Не барам од никој привилегии ни врски, само сакам нека да дојдат сите во судот и да ја кажат како се однесувал бикот, дали бил агресивен или не“, додава Стојов. За МИА луѓето кои се оштетени велат дека претрпеле траума. „Тоа што се случи е голема траума за мене и сопругата, 45 минути како да бевме во Шпанија“, вели човекот кого бикот го мавал. Тој додава дека бикот е опасен за луѓето и стравува дека ќе се случи немил настан.
14-годишно девојче загина од струен удар во Илинден. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14-годишно девојче. Како што соопшти Јавното обвинителство, првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните со цел да снима видео за Тик Ток и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче. Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан. Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка. Од МВР наведуваат дека на местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.