Ауу ,,ај на женско, ќе разбереш” Значи на нас може а? Еве мене ми имаат подметнато. И знам уште еден пример на девојче исто што му подметнаа табла. Ама знам и на машки шо им го напраиле тоа. Не сфаќате дека БОЛЕН мозок не знае за машко/женско, и дека не е океј ни за двата пола. Со дрога нема заебанција не знам како да сфатите. Мава на ПСИХА. И да не умреш, може ретардиран да останеш. И само вие тешете се дека ,,не подметнуваат” И мене ми беше нереално дур не ми се деси, или на лица кои ги знам. И ја викав :абе кој ќе дае пари за мене да ми е убаво. Ама не е убаво секад, нити па повеќето ги заболе за парите, пошо не им мисли мозокот. Нене никако они. Па они се најоштетени. Ја на нивно место сторителот со голи раце би го задавила. Да ми умре детето пошто некој имал проблеми со мозокот…
Ако некој некому му има подметнато дрога и како последица од тоа личноста умрела, тогаш тој што ја подметнал дрогата е убиец. А ако има повеќе жртви, тогаш е сериски убиец. Не знам како не се зборува за случувањава?! Мрднато е ова!
Може мислат за онаа дрога за силување што е за тоа.. ама ова навистина е страшно а е како што кажуваат наводно повеќе деца се починати...
Па и на женско. Коментаров ѝ е од глуп, поглуп. Глупо е да се збори и за двата пола. Пак ќе кажам, нема заебанција, може многу лош исход да има таквата ,,шала” Едит: плус како шо сфатив, детево имало халуцинации и самоубиствени мисли. Шо е престрашно. Тоа не се добива од шпанска мушичка.
Не драматизирај. Не знам кај реков на нас дека може. Реков дека е поверојатно од причина што воглавно жените се жртви на такви работи со цел да бидат искористени. Не е дека е невозможно, но ситуацијата не е типична и веројатна. Многу нејасни работи има. Наводно и на други деца од негово друштво им било подметнато(?). Мене да ми подметнат, и да умре дете од мое друштво, мајка ми светот ке го дигне во вис. Другите родители ни изјава не дадоа. Да не се лажеме, во денешно време дрогата е премногу застапена особено во таа возраст. Како и да е, треба да се испита случајот и ако навистина има таква позадина да се казнат соодветно сторителите. А до тогаш, да не креваме паника дека се шетаат “подметувачи на дрога” низ град. Нека почива во мир.
Ако е вистина ова... Еве да речеме е. Сфаќате зашто легализација на вакви срања не е океј? Глупи се коментарите во други дискусии дека дрога треба да е легална зашто твој избор е дали ќе земеш или не. Е твој избор ама не е секогаш избор. Секој кој продава, шверцува, користи и е опасен за другите и подметнува за мене не е саглам човек и не ги сакам во близина. Крај.
Имам среќавано. Може не на форумов ама сум слушала дека треба да е легално па ти ако сакаш не користи, никој не те терал
Ја сфатив поентата. Затоа така и изреагирав. Пак ќе кажам, живееш у некој посебен свет, кај шо немаш спознаено уште толку работи. Не е. У Португалија им легализираа СЀ. Знаеш колку е намалена стапката на наркомани, на предозирање? Многу помала него кај нас. Пошо е регулирано, плус коа им е сѐ достапно, им здосадува. Само ние пошто сме скапан народ, контра ефект може да има. И не споредувајте упорно трева со дрога. Или дрога со дрога.
https://twitter.com/100deutschemark/status/1635972440567296000 Ако ова е вистина, страшно е ова што се случува со децава.
абе нели 150 на 150 договараат тепачки, у основно организираат ОРГИИ, шо поише? одамна сме отидени у курац. И од постариве (конзервтивци) и од помладиве (ретардоси) ќе си пати државава... пак ќе кажам...родителите се криви
И порано имало родители што не ги контролирале децата, но сега бројот на такви е поголем. Наместо да се интересираат што се случува со детето му даваат уреди на детето и се тргаат. И после доаѓа до трагедија.
И алкохолот е дрога па е легален, а колку смртни случаи има поврзани со него? Премногу. За цигарите истото важи. Ама кога сме пијани не мислиме дека сме опасни. Легално не е автоматски и сигурно. Да бидеме реални, сигурно не се работи за келнер сериски убиец, или тие што биле со него го натерале или сам се предозирал или стварно не знаел што земал(ако мислел дека зема кокаин ама било помешано со фентанил).
Нема врска муабетов, увек имало неодговорни родители а и не е секогаш во нив вината. По школите отсекогаш имало инциденти, не знам кај сте завршиле вие школо ко од пинк бабл да сте искочиле и наеднаш шокирани сте.
И за алкохол сметам дека треба строги регулативи. За дроги баш ова што спомнаа фентанилот и слични не треба ни малкуцка да има легално нешто. Освен не знам, за медицински или експериментални цели ама да треба да ти ги протресат и гаќите ако сакаш пристап до нив. Од тешки дроги тронка е доволно да не си при себе.
Ама се подразбира дека не може секоја дрога да е легална. Не може хероин да легализираат. Со легализирање на некои супстанци барем нема вакви случаи на сомнително потекло и тој што зема знае што зема. Зависности постојат секако, и без и со легализација. Е сега ако стварно некој го натерал без негова волја или па уште полошо, му подметнал, тоа треба да се води како убиство. Иако кажав и претходно, ако е таков случајот, 100% сум сигурна дека е некој што го знаел а не рандом човек.
А у кој е вината? У мене и тебе за туѓо дете? До 18 години, родителите се одговорни за детето. Затоа некогаш и малолетник коа ќе напраи срање, одговараат родителите, пошо е НИВЕН пропуст. Точно дека и улицата си има влијание. Зборам за мојот живот и понашање. Ама има влијание пошо сфатив дека моите се злато, и дека тоа они шо ми го зборат, со светот надвор не е секад услогласено. И сите лоши работи шо сум ги напраила, не сум ги напраила како знак на невоспитание или распуштеност (напротив строго ме држеа) ама сфатив дека нивното размислување не секад ќе помогне у пракса. Ама пак на крајот на денот, и ја иам некои граници на етикта и моралот. Баш дека не сме у пинк бабл растени, збориме дека треба да се превземе нешто