Ова е веќе застрашувачки... Постојано news feed ми се преплавени со црна хроника, почнав веќе и да не отварам facebook. Нека почива во мир, душа мила, само тој си знае како паднал и што носел во себе... Се надевам дека вистината ќе биде обелоденета, но дискутабилно е знаејќи каква ни е државата. Пострашен е фактот што во последно време најголем дел од црната хроника изобилува со содржини за смрт на млади лица на возраст од 16-26 години кои дури допрва треба да ја вкусат убавината и горчината на животот... Еве да речеме ова со детенцево е несреќен случај и ако е точно тоа дека му подметнале дрога, веќе дава знак на класичен пример за убиство со умисла. Но не е само овој случај, веќе последните 5-6 месеци бевме сведоци на уште две класични самоубиства на млади луѓе, едното од нив беше тоа детето што се фрли од покрив (ученикот од Корчагин). Сметам дека недоволно стручните служби во училиштата се интересираат поединечно за состојбата и менталното здравје на нивните ученици. Секое дете е приказна за себе, за жал некои од нив не се осудуваат да зборуваат за тоа што им се случува, собираат во себе и на крај, се случува она од кое сите се плашиме...
Возачот што пијан ја усмрти 11-годишната Магдалена Иванова во Велес и потоа се даде во бегство призна вина на првото рочиште. Ангелчо Николов пред судот рече дека признанието го дава доброволно и без никаква присилба. Пресуда ќе има в петок. Возачот им се извини на семејството и на јавноста по што од судот побара да добие поблага казна. Тој се гони за две дела бидејќи, освен тоа што возел пијан и со недозволена брзина, по сообраќајната несреќа, избегал од местото и не укажал помош. Остра реакција на социјалните мрежи имаше адвокатот Јанаки Митровски, кој го застапува семејството. Тој ја критикува обвинителката. „Во воведни зборови, наместо да се концентрира на обвинетиот, јавниот обвинител Славица на скандалозен начин се обиде да ме шиканира осврнувајќи се на тоа зашто нема кривичен прогон за селаните што го криеја, како и за сопатниците што се вратија на самото место, а не сакаа да го откријат идентитетот. Возилото е пронајдено поради испадната регистрација, а да не беше тоа случај? Па, така, јавниот обвинител Славица рече дека Обвинителството не било рекла-кажала или фејсбук-институција, јасно алудирајќи на моето алармирање преку социјалните мрежи. Единствено, мојата почит кон судијките Габриела и Валентина, кои се одлични судии, ме спречија да реагирам како што знам и умеам бидејќи одамна сум се решил дека нема да дозволам никој да ме гази“, напиша Митровски. Сообраќајната нерсеќа се случи на десетина дена пред Нова година. Возачот Николов беше во бегство, па по два дена, уапсен од полицијата. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката. „Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од приближно 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде што постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка, кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката добила телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-ина метри напред, до следниот пешачки премин, каде што паднало на земјата, добило многубројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало“, соопштија од Обвинителството пред четири недели кога го поднесоа обвинението.
Може, како не може, муабетот беше дека поверојатно е сам да земал отколку некој да оди да става по пијалоци. Освен ако не било под присила на друштвото. Само ако е така мислам тешко дека ќе откријат...
поверојатно е за тие што не искусиле такво нешто на нам што сме искусиле, веруј дека го ставам на 50-50 шанси со тоа дали сам земал. пишував позади... има секакви ѓубриња од луѓе
Како што и претпоставував, само не знам колку треба да си злобен и онака нетокму поради политички цели да злоупотребуваш фамилијарни трагедии, објавувајќи лажни непроверени вести. За ова и тоа како треба да одговара оваа и уште некои нејзини пријателчиња кои често пати ја користат истата тактика. https://meta.mk/smrtta-na-srednoshkolec-od-skopje-zloupotrebena-na-socijalnite-mrezhi/
Да во право си, ама покомпетентна сум да кажам од некои што врз основа на рекла-казала пишуваат коментари дека детето се предозирало, било наркоман и ред други работи. Пролистај по коментарите на ФБ малку и ќе видиш каков умно-болен народ сме. Се знаеме за другите... немам што да додадам. И да, токму така, не сум 24/7 со семејството, ама познавајќи ги сите меѓу кои и починатиот си дадов за право да кажам за какво дете всушност станува збор. Ниту јас ниту било кој друг, па и неговите се уште не знаат како и зошто точно починал, самиот тој најубаво си знае иако веќе го нема... но си стојам на ставот дека е дете кое не се дрогира и е доволно воспитано од дома да знае што и како да прави. Останува да излезе вистината на виделина.
Не знам дали е лажна вест или има злоупотреба, а и не е сѐ уште готова токсиколошката анализа за да се знае. Ако излезе дека сепак не е лажна вест, тогаш независно од мотивот политички или од загриженост, револт, некој треба сериозно да одговара. Секако, не треба да се шири паника и не е баш вкусно да се објавуваат вакви работи. Од друга страна, ништо не ме изненадува и ич ама ич немам доверба во институцииве, особено МВР. Факт е само дека овие последни години, особено после ковидот, има многу случаи со дрога, зависници... Не беше порано вака, ова е навистина поразително. Јас на пример не се чувствувам безбедно, од многу аспекти, не само овој. Не знам дали ќе излезам и некој ќе ми тури нешро во пијалокот оти има пореметени мозоци што не бираат средства или некој ќе ме убие оти не бил при себе или ќе завршам како колатерална штета на мафијашки пресметки... Значи проблемот не е во поединци туку во системот. Во нормални држави се поднесуваат оставки, се расчистуваат работите и се преземаат мерки, ама кај нас знаеме како е. Независно од причината од која починало момчето, не прејудицирам ништо, аман внимавајте и вие младите и родителите, во овие луди времиња за жал се е можно. Нека почива во мир
Инаку нова трагикомедија у северџанското здравство. https://www.slobodenpecat.mk/tetovk...oza-za-rak-na-dojka-pa-mi-gi-otsekoa-gradite/ Додуша не е нова ама сега излезе во јавност.
Исто толку злобен како некој друг истакнат граѓанин кој пренесе лажна вест во екот на корона, дека дете ја заразило фамилијата со корона и сите починале . Среќа па јас памтам долго, а јавноста кратко. Како и да е, две работи ваљда се јасни. Очигледно дрога се подметнува (и да не е овој случај), и младината е скроз заебана психички, што од ,,уредувачки,, политики, што од бизнис интереси на ,,социјалните,, (или психо-социјалните) мрежи. Не е ова украдено детство, ова се украдени животи на цели генерации
Ова ептен им идеше во прилог на тие што цркаа оти некој подал глава низ прозор. За пример го посочуваа ова цело време и како детето си ја убило фамилијата. Морничаво.
Според досегашните информации е лажна вест, и нормално дека за злоупотреба на нечија трагедија поради одредени цели треба да се одговара. Не знам на која вест мислиш, дали и кој кого заразил и какви биле последиците од тоа, ама знам за една скорешна вест која еден новинар пријател на дотичнава професорица напиша статус дека деца на политичари (кои не му се баш по ќеиф) биле крвнички претепани во ноќен клуб и завршиле на болничка постела, за да истите тие веднаш после објавувањето на веста го демантираат тоа со објавени фотографии од фамилијарен собир каде се гледа дека не се повредени и се е во ред со нив. Очигледно некои доста ги злоупотребуваат социјалните мрежи.
Малце тешко тоа дека му подметнале дрога,ама ќе чекаме официјални податоци. За секоја мајка нејзиниот син е добар тинејџер, кој нема дрога пробано,а децата на другите родители лоши ,џанки. Како и да е жално е ,мнолгу младо дете е Едит . Со "класичните " дроги повеќето доживуваат еуфорија,само тешките зависници во кризи имаат самоубиствени мисли. Дроги од типот трип,печурки ,можат да направат таква беља,човек да трипува, и после конзумацијата со денови /месеци да има тешка депресија. (самоубиствени мисли)
Ова сега што се случува со децата е страшно. Јас кога учев основно не смееше нокти налакирани да имаш те проверваја, не смееше да идиш после наставник, имавме униформи...беше построго, се казнуваше, и се имаше некаков ред, но и почит. Не смееше на наставник да му вратиш, од дома ќе ти викаат, дури и некои ќотек јадеја иако тоа е лоша воспитна мерка. Да повишиш тон на родител тоа беше научна фантастика. Како ќе ти кажат така ќе правиш. Одевме со 20, 30 денари на школо, за геврек и сок од 10 денари. Алишта ни купуваја за роденден и празник. Некое дете ако малтретираше друго дете не само на психолог што ќе одеше туку од дома ќе беше казнет. Ни цигари ниту пак знаевме што е дрога. До 15 години излез имавме до 20 часот и сите дома.. Сега се е достапно, на родителите им е полесно дај му пари и нека тера. Никој не води контрола за деца. За детето што се случило не знаеме конкретно. Дека дрога можи да се подметни можи, и тоа подеднакво на двата пола. Треба повеќе внимание да се посвети на децата, самите да имат доверба во родителот и да кажуваат што им се случува.
Па воа тоа наше време не да имаше наркомани, вриеше. Нема врска кое време си е, од секогаш имало пороци дрога,алкохол и коцка. Достапноста може е различна тогаш и сега. Сега е се подостапно.
Имаше да, ама немаше девојчиња со миничи од 12 години, со нокти, ете јас кога бев основно и средно во моја генерација немаше ни еден наркоман, да се пиеше алкохол али над 15 години, тој што пушеше цигари се криеше не само од родители туку и од наставници, не смееше по куси пантолони да идеш на школо. Сега си слушнала за забрани? Имаш видено како одат на школо? Знаеш по колку пари имаат џепарац? Со 30 денари ние не можевме да купиме пакета цигари. Никој со кола не идеше на школо...
Со халуциногени дроги (лсд, мдма, дмт...) има многу вакви случаји како пад од висина, не ради суицидни мисли туку ради халуцинации.
Не е криво времето. Не можеме да речеме дека ради времево е ваква младинава. Имам внука 13 години, ај нека мрдне негде без да каже каде, со кој. И не оди во минич.Еден сјај за уста да стави бара одобрение. До родителите е, не е до времето. Јас сум 87ма родена мојата најдобра другарка на 13 години вештачки нокти лепеше.Беше секој прст разна боја. Тогаш излегоа тие блузите со голо меше ако се сеќаваш YES напред пишуваше, NO назад. На школо одеше со таа . Имаше и тогаш, не толку изразено ама имаше.