Не можеме да судиме пред време. Приказната секогаш има две страни. Овие новинариве све и свашта ќе напишат за да бидат читани. Сочуство до родителите.
Душа ме боли со оглед на тоа што имам и јас деца, ама не знаеме која е вистинската приказна. Ако е како што кажуваат родителите, жално и болно, мислам дека и чавките на гранките знаат дека на покачен шеќер не се дава гликоза, или пак се дава ама со протокол. Огромен пропуст. Но ете и приказната за детето од варичела, бомбастичен наслов а вистината била дека детето е со веќе нарушено здравје и многу мала телесна тежина. Се надевам дека ако има виновни за ова ќе одговараат, иако никој нема да им го врати детето. Толку ли ништо веќе не им е свето, еве не знам...
Не да молчи бе Јуле, ама веднаш да собира новинари? Никој да не ја доживее таа несреќа, ама во тој момент најмалку на новинари би ми текнало. И се знае каде треба да се обрати, не на тв.
Ама најлошото е што ова не е прв пат. Работам во приватна болница и доста често се случува ова. Да донесат дете кое е веќе паднато во кома поради истава причина. Последниот пат кога се случи, можеби има година дена детето беше во толку лоша состојба што болницата им предложи да го однесат во државна затоа што на приватно само ќе им ги земат парите а на детето му нема спас. И тоа дете почина, а зошто не се објави во јавноста не знам.
Сега читав и бил покачен шеќер 9, повраќала и дале гликоза и го качиле повеќе. Се сомневаат во лекарска грешка.
Од која причина идат деца паднати во кома? Му се слошило, капаци потечени, шеќер за кои знаеле дека има, каде прочита кома? Или нормално е во болница да ги комираат? И со кој памет родителите ги напаѓате за тоа како изреагирале? Свашта.
Што е уште полошо месецов 11 годишно момче исто со симптоми на грип почина. Никој не превзеде одговорност. Ова не смее така да остане, ако нема стручни педијатри нека ја затворат педијатрија, па ќе си ги носиме децата во приватно.
И јас мислам треба да се внимава со изјави. Знам за случај каде 4 год дете почина од менингокна сепса во детска клиника. Родители 4 дена го чувале дома со 39 температура. За жал кога се работи за менингитис нема многу надеж. Затоа да не судиме пред време,не знаеме што било.
Браво, знаеш како по пропис и процедура треба да реагира човек на кој му умрело здраво прави дете. Кај прочита да се едуцираме и ние?!?!
Јас и за други знам што имаат починато заради давање гликоза на покачен шеќер. И за време на ковид доста заминаа така. Жалосно, нека почива во мир, прежално е. Уште да ги знаете какви се во битолска болница... како се дерат на детско, како те бркаат, те вреѓаат ко дома да си им отишол. Погаден кадар не сум видела во цела болница. Не ме чуди од нив ништо.
Таткото даде изјава, не е приказна од новинарите. Он е ваљда најрелеватен. Да веднаш оти гликоза на шеќер 9 ка е убиство.
Аа не, тоа од ковид све компликација си беше. И оној што дупла доза инсулин ќе му шибнеле за малце. И тоа од ковид беше. ... За наша среќа, а нивна несреќа спласна коронава па нема да можат лесно грешки да се перат.
Прво, кој кого нападна? Никакви родители не спомнав. Не знам за какви знаци за препознавање прашуваш. Кажував за друг идентичен ваков случај. Детето беше донесено исто од некоја државна болница од некаде надвор од Скопје, да не ме фатите за збор дали беше исто Битола или Тетово во прашање не се сеќавам. Излеа по грешка си ме цитирала друго објаснување немам за твоиве неповрзани прашања.
Изјавата на таткото дадена во таква емоционална состојба може и да не е 100% објективна. А сигурна сум дека не е и не е цела приказна. Стварно е многу многу жално ама треба да се почека пред да се донесе заклучок и да се изнапишат коментари.
https://faktor.mk/direktorot-na-bit...o-za-samo-chetiri-chasa-na-detskoto-oddelenie Се јавил и директорот со информации. Не демантира сега за сега.
Навистина ми е жал за чупето и огромна трагедија е целата ситуација. Родителите не можам да ги окривам, секој родител постапува како шо знае и умее, за најдоброто на детето. Меѓутоа, таткото не го сметам за најрелевантен извор, бидејќи како шо знам не е здравствен работник, а со тоа честопати се изоставаат доста клучни информации во таа експлозија од паника и емоции. Битолската болница навистина има лоша репутација, но тоа не би го рекол за детското одделение, ниту пак за ОРАИЛ каде лекарите се навистина преспремни.