Знаев кога не лечат недоучени, приучени...Да ти се плукнам во државава шугава дупка и дно од пеколот сме. Душиче мило и што е најлошо ќе си го извлечат газот тие што се криви како ништо да не се случило ќе заташкаат и ќе се заборави за брзо.
Епа тоа највише боли и сите сме ко урочени на вакви вести. Затоа што ниту имаме надзор, ниту имаме комисија, ниту пак достојни новинари кои ќе направат истражувачка мисија и ќе ни дадат поубави информации. Земете ја Дона од кај нас, значи сто години се мачи надзорен извештај да добие. Женава што и ги отсекоа дојките треба 500 евра да даде да и покажат извештај. За Јилдиз не ми се ни збори. Мизерија. Дно. Ужас.
Мене ми личи дека родителите зафркнале нешто работа, као ништо не му е, ништо не му е, дете е, муабети од типот па зарем само нашево има температура, ќе му помине како на кутре, и кога детето дошло до степен да дехидрира, го донеле од што морале.. Да се вклучи социјалната служба треба, и кривично да одговараат ако затаиле и не реагирале на време..
Затоа што не се носи дете прв ден од температура на доктор. Деца се, качуваат температура, вируси, настинки...се е тоа нормално. Што чекале, колку глупи коментари се изначитав, сите кој од кој попаметен.
А од каде па таткото знае што му дале на детето во инфузија? Му кажал некој, прашал, или пак медицинско лице е и знае?
А вие па мислите ако повратиш еднаш одма те лечат у болница со инфузии со све. Ти викаат течности, одмор, витамини тоа. Тек ако не се подобрува повеќе време ти викаат да одиш во болница.
Пишува каква е таа лоша состојба? Тоа може да значи дека било болно 3 дена, не дека било во полусвесна состојба или во неиздрживи болки. Јасно е кажано што е дадено на дете кое има покачен шеќер. Кои сте вие да вклучувате фантазија и да изигравате детективи во лоша, аматерска тв серија? Немате попаметна работа?
Ако видам дека детето ми повраќа цело време желудочна киселина, дека не пие вода, дека не јаде, сува му е устата, бледо е, дека почнало да дехидрира, ќе го однесам во болница, нема да чекам да биде скроз дехидрирано, туку на почеток, малку дехидрирано да биде доволно е..
Изјава на директорот. Прочитајте ги малку коментарите по портали од познаници на семејството, пред да повикувате на социјални служби. Со оглед на тоа во која состојба ни е здравството јас лично верувам на изјавите на таткото. И ова е втор случај со смртен исход во битолска педијатрија во неполн месец, за првиот се заташка ама до кога?
Кажаа на вести дека девојчето било дехидрирано, со симптоми на настинка, температура и повраќање. Тоа е лоша состојба. И јас ко дете сум била слично и моите биле критикувани од лекари оти чекале 2 дена. Види, јас сега при недоволно информации не кривам никој, но се сомневам во двете страни и сметам дека треба да бидат испитани. Па и тие не се објективни (ќе речам разбирливо бидејќи се во шок и тажат). А, дека треба да се испита, треба. Но, сите и сè.
Грешки прават и докторите, грешки прават и пациентите. Знаете колку од пациентите неправилно ја примаат терапијата? Еве само еден пример, лек препишан да се дава секојдневно по еднаш, тие го даваат секој втор ден. Ова не од незнаење како треба да се прима лекот, туку оти така можеле.
За лекарска грешка во Еу се оговара дебело. Што сѐ не лечи по клиникиве, трул нестручен кадар во тоа сум уверена. Нема лекар денес, умира цела земја од нефункционален систем. Алал вера и на министриве што спијат по фотељине и праат нешто колку само да се каже дека праат. Купени дипломи, неадеквантно одделение. Пу!
Булвално веќе ништо не може да ме зачуди што ќе излезе од државава. Се ќе се заташка како и секогаш и никој нема да одговара, што е најтрагично и најстрашно уште вакви примери ќе има и сите ќе молчат. Оддамна го пробивме дното во оваа држава ако може така и да се нарече.
Да е само детево, ненормални. На жена и рекле дека имала канцер а немала. Се иживјаваат со народов како сакаат.
Најкриво ми е што никогаш никкој нема да одговара за сите овие пропусти што се случуваат. Никој нема да биде обвинет ниту за малечкава, за Јилдиз, Дона за жената која и ги отстранија здравите гради...нити за илјадниците пациенти кој за време на короната починаа од негрижа и неправилно лекување...За луѓето кој загинаа по автобусине за луѓето кој загинаа во болницата...за дечкото кој не го дочека лекот...листава е предолга..Никој нема вистински да плати и да превземе одговорност. Какви луѓе ни ја водат државава, какви луѓе не лечат како си легнуваат мирно навечер да спијат со толку гревови на себе...