Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.077
    Допаѓања:
    131.248
    Пол:
    Женски
    Нема кога само неколкумина се бунат, а остатокот од народот ќути.
     
    На ZAHRA, Didajo и VDT2906 им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.862
    Допаѓања:
    41.193
    Пол:
    Женски
    Не, не е јасно. Лоша состојба може да значи многу, широк поим е и може да биде било што од тие три работи. Колку глукоза му дале, 5%, 10%, 100%? Има точен податок за содржината на инфузијата? Мене ми е незамисливо како сите наеднаш се стручни лица и точно знаат кој што згрешил, што администрирал, во колкава доза, која сестра била завршена со курс, кој е одговорен, што точно му било на детето, што точно требало да му дадат.

    И не викам дека здравството ни цвета, не пишуваме за други случаи туку за овој. Нормално дека треба да излезе на виделина што се случило, само со секакви претпоставки тоа не е возможно.
     
    На simoncelicius, marchi-cool, BlackNight и 8 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.104
    Допаѓања:
    110.993
    Пол:
    Женски
    Таткото во изјавата кажува дека и пред некој месец било исто, иста клиничка слика. Мене тоа ми мати ум. На крајот од краиштата ништо не го враќа детето, но треба да се донесе еден случај бар до крај за да може да бидр пример како не треба за сите останати.
     
    На marchi-cool и BlackNight им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    13.658
    Пол:
    Женски
    На покачен шеќер во крвта на малата Јана и дале гликоза во инфузија, сведочи таткото за „Апла.мк “ . Девојчето е родено здраво велат родителите , без ниту една посериозна болест констатирана од лекарите досега. Резултатите од обдукцијата се очекуваат утре.

    Вчера, на покачен шеќер 9, после приемот во Битолската болница на шест годишната Јана му дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици.

    Вака сведочи таткото на 6 годишната Јана од село Кравари, Стојче Христовски, девојчето кое вчера по примена инфузија почна во Битолската болница.

    Стојче вели дека немало ни температура тука само била омалаксана бидејќи дома една повратила.

    „Пред три дена девојчето крена температура 37,7 и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта и се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на Болница. При првиот преглед на крвта шеќерот и беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат. По овој резултат докторката и даде инфузија со гликоза, а на сопругата и кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе и ставаа втора инфузија но не успееја чупето почна да се губи“, сведочи таткото Стојче Христовски за „Апла.мк “.

    По ова состојба веќе бил вклучен „црвениот аларм“ кај лекарите од Педијатрија па повикале и други лекари анестезиолози на помош, а се консултирале и по телефон со други лекари како да постапат.

    “Настанаа паники, дојде лекар од анестезиологија и малку ја повратија со инсулин. Не знам што ставија, но слушнавме дека моето дете му одговори како се вика. Им рече дека е -Јана. По кратко време лекарите си заминаа а девојче пак се изгуби. Итно ја зедоа на Интензивна, додека лекарката од Детско бараше на телефон совет како да постапува“, вели Стојче.

    Веста од Интензивна била трогателна, Јана веќе била мртва.

    Сега семејството Христовски ги чекаат резултатите од обдукцијата по што ќе знаат како ќе постапат понатаму дали ќе бараат одговорност за лекарска грешка.

    Малата Јана ќе биде погребана утре на селските гробишта во Кравари.
     
  5. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.748
    Допаѓања:
    38.576
    Пол:
    Женски
    За вакви работи не би се препирала особено не на форум.
    Кога пишав каде да се обрати, се знае кои институции се за таа работа. Суд, право, полиција....
    И кога пишав дека последно би ми текнало на новинари, осетив на своја кожа кога изгубив драга млада личност, во тој момент на тага сакав само да го донесат телото и да гк видам него. Никој не зборуваше, никој не беше ни во состојба нешто да кажува. Ете толку...
    Жално прежално, цел ден ми е во ум случкава.
     
    На azelea, sonuvana, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.922
    Допаѓања:
    23.872
    3 дена влошена состојба може да значи дека повраќало и било омалаксано ама пак да функционира.
    Стомачен вирус може неколку дена да трае дур скрос ти помине и притоа да немаш потреба од болничко лекување.

    Инаку пред неколку години имаше многу сличен случај со девојче од 13 години, исто вака за инфузија ја однесоа омалаксана и таму почина. И слично беше со шеќерот нешто поврзано.
    Ана Марија знам се викаше, од Ѓорче беше.
     
    Последна измена: 23 март 2023
    На marchi-cool и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.636
    Допаѓања:
    152.675
    Пол:
    Женски
    Се надевам не си серозен/на со напишаново за детско одделение посебно?!
    Ако воопшто си го посетил/а?!

    Цел олош и ароганција таму е собран и тоа не од сега а се што вредеше избега во приватни клиники и во Ск.
    Притоа мислам на др.Венера (покојна )и др.Аница (која е во Плодност сега).

    -Годиначе дете носам со температура 39.8 во 3 саати ноќе.Ми го вратија со зборовите-лади ја мајка ние шо да му прајме.
    Истото дете очи ми преврќаше сабајлето од дехидрираност едвај вена и најдоа за инфузија.
    -Зимава синко го носам со скоро 40 темп.во недела .Го прегледаа после 2 саати чекање а само тројца бевме во чекална.Утре ќе си одите кај матичен да ви направи к.с.и да ви одреди терапија а матичната попладне во понеделник.
    Изгоре детето оти гнасите ги мрзеше лабораторија да напишат..
    Со инекции завршивме.

    Не ги воспевај те молам...
    Еденн не знам арно да рекол за нив особено не во последниве години.
     
    На Simplicity, Harper, marchi-cool и 11 други им се допаѓа ова.
  8. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Леле ја имав истата случка. Ми препишаа антибиотик со полузамижани очи
     
    На mal.ecka, LejlaD и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  9. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.340
    Допаѓања:
    19.819
    Пол:
    Женски
    И после се чудат зошто биле тепани...не сум за насилство ама некогаш и ги разбирам луѓено во таква ситуација не размислуваш 2 и 2 колку се. Не дај боже да се најдам така да ми направат ќе ме има по телевизии робија ќе ги лежам. Се сеќавам пред години сличен случај само во државна девојче носат и после неколку часа им кажуваат дека починало. Не им кажувале што се случува не ги пуштале на преглед родителите тие буквално слушале како ќерка им вреска, зошто на сила сакале да и земат мокрача со катетар. Слично нешто беше со инфузии давање..Текстот беше напишан од таткото на детето. Буквално имаше пишано " Ја однесовме на нозе ни ја вратија во сандак".
     
    Последна измена: 23 март 2023
    На marchi-cool и ZAHRA им се допаѓа ова.
  10. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.636
    Допаѓања:
    152.675
    Пол:
    Женски
    Родител сум 17г.
    Не носам деца без причина и не додевам.

    Во детско во Бт болница сум била 7-8 пати..само 2 пати сме поминале ко шо треба и тоа благодарение на двете докторки кои погоре ги спомнав .
    Ама и кога има потреба избегнувам да одам баш поради односот таму.
     
    Последна измена: 23 март 2023
    На mal.ecka, mssuniquee, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    14.153
    Пол:
    Машки
    Да, сум го посетил одделението и одев на стаж таму определен период, во главно со д-р Оливера. Од неа вака никој не бил третиран(барем тогаш кога одев), не го негирам тоа шо го кажуваш, ти верувам и навистина ми е жал шо сте имале такво искуство.
     
    На LejlaD и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    4.234
    I jas se sekavam na ova..
    https://novatv.mk/obvinitelstvoto-pokrena-istraga-za-smrtta-na-malata-anamarija-2/
     
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.240
    Пол:
    Женски
    Што се случува во Битолската болница не ми е јасно. Се сеќавам дека пред неколку години имаше ИДЕНТИЧЕН случај со едно момченце. Сепак не се во прашање критични случаи или специфични дијагнози, туку чисто незнаење и глупоќа.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.815
    Допаѓања:
    77.200
    Пол:
    Женски
    Да ама со 2 пати повраќање само и 37.7 температура, како било толку дехидрирано детето? Така пишува, болно било ама 2 пати повратило и немало висока температура.

    Нека почива во мир, а обдукција ќе каже од што починало..
     
    На mal.ecka и mssuniquee им се допаѓа ова.
  15. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.636
    Допаѓања:
    152.675
    Пол:
    Женски
    Пред само две недели почина 12г.момче..исто таму..
     
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    9.240
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам. Па макар на децава малку да повнимаваме.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    34.109
    Пол:
    Женски
    Многу жално,зошто да умираат деца зарем нема старци за умирање:@:doh:;(.Многу ми падна жал:(.Нека почива во мир;(.

    Туку си ја мислам зарем инфузиите кои народски ги викаме гликоза ,зар не се уствари NaCl -натриум хлорид (солен раствор) ?:?:Ова вака ми останало од часовите по хемија може и да грешам.Исто кога беше ќерка ми во болница и ставаа натриум хлирид никаков шеќер.Како од солен раствор може да и се качи шеќерот? Сигурно нешто друго е проблемот или грешката.Не знам нека каже некој др или што разбира повеќе во ова.
     
    На azelea, fairy88 и elimkd им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.230
    Допаѓања:
    17.985
    Еве јас сум немајка што не трчам на лекар одма за 37.5 и еднаш ако повратат. 3 дена чекам, па носам на лекар. Најчесто за толку и им поминува, па ретко стигаме до лекар.
    Секој родител постапува како што мисли дека е најправилно.
    Тука има некоја грешка 100%. Не може здраво право дете да отиде без причина од 37.5 тт.
    Многу се потресов, со оглед на тоа што ќерка ми е на иста возраст.
    Господ да им даде сила на родителите.
     
    На Harper, marchi-cool, Lotus Girl и 15 други им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.773
    Допаѓања:
    40.265
    Пол:
    Женски
    Натриум хлорид е солениот раствор,а гликоза е шеќер
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    34.109
    Пол:
    Женски
    Да де.Тоа реков ние мислиме само дека инфузиите се шеќер,а уствари се сол.