Секако дека немаш доверба во никој. Ви излезе статијата со логопед кој тегнел дете за уши? @MandyLane која уште нема никаква информација зошто нема матка? Ке се заташка како се останато. И утре некоја силна ке ми се прави зашо сум подмитила доктор за пораѓај.
Значи има и тоа и тоа во растворот. Најмногу паничам кога и да се разболат и имаат повраќање одма мислам на дехидрираност и дали и кога треба да реагирам.А знам дека нема да знам кога. Што и да било жално е за детето.
Кога ќе почне здивот да им мириса на ацетон, значи треба да реагираш. Исто така, ќе сака да спие. Ова од искуство со ќерка ми и рота вирусот.
Со која совест бе завршуваат вечерно медицинско и од партија медицинска сестра на работа. еве ги последиците и тек допрва ќе ги гледаме. Во здравство се вработија најнеписмените, од она што го гледам во мојот град , страв да те фати ако мораш да одиш на болница. Лани мене буквално ме избркаа од брза помош оти докторот при крај смената му беше во 6ипоол сабајле ми рече ај бе издржи ,ќе отвори сега матичниот твој таму ќе одиш. Со повраќање , дехидрирана и напад на бубрези испадна после. Господ да не чува сите. Девојченцево сите треа на совест да го носиме , сите сме виновни.....
Да, значи истата болница е со тој што го отруја тогаш. Абе замисли колку факинг банална грешка беше тоа. Нема ни да бидеш у претешка состојба и пак ќе најдат начин да утнат нешто и да те умрат. Еве што зборев пред некој ден оти ми е страв што ме чека. Оти и обична инфузија и мала операција ќе те однесе на оној свет оти и таму се толку глупи да згрешат.
И така ќе биде се додека го имаме овој менталитет "ќути, има и полошо". Буквално што и да се деси овде народов е пасивен и мутав, немаме ни б од борбеност и затоа се дешаваат с*ања. Сами ќе си се истребиме од што сме глупи.
Тоа знаеме сите кога, коа ќе речат дека немало ништи, и ќе демантираат. абе не се нормални. Јас не знам што се дешава више со народов. Затоа сама преферирам да се лечам. Да почнеме од тоа колку во пандемијава, заболени од ковид добиваат сумамеди да пијат. На вирусна инфекција да дадеш антибиотик кој е за БАКТЕРИСКА инфекција. А не се ни лесни тие сумамед, оспен, не се зафрканција. Лечете се дома луѓе колку можете пошто црно ни се пишува
И ова е погрешно, научени сме од деца на хемија со висока концентрација и сега се природно е со слаб ефект. само превенција да се чува здравје и тоа е.
Даваат антибиотик зашто пациентите напнуваат. Не дека не знаат, но да си бидат они чисти и да се оградат дека дале терапија(не ме сфаќај дека оправдувам). Ама од луѓето на никој не му се чека да направи брис и крвна слика па да почека, па тек после два дена да почне со антибиотик - ако треба, и за да не се расправаат со најразлични луѓе одма препишуваат. Што е секако погрешно, ама тоа произлегува од ова секој сам си знае најдобро.
јас дур не се распаѓам не идам кај матичната. За 38 тт ми имаат амоксиклав препишувано. Ако треба да си го уништам црниот дроб, преферирам да е од алкохол. Витамини, чаеви, не може да наштетат дур не се претера со нив.
Епа они како ,,искусни'' или искусни, треба да им кажат дека нема потреба, и дека кога ќе има, ќе им дадат. Ако се паднати леукоцитите, океј. Ама не, кашлала, ај сумамед да не им досаѓаат по телефон. И после резистентни, епа резистентни...
За настинка да. Ама за ковидов даваа и по неколку различни антибиотици и тоа сум сигурна дека не секој барал и тоа сумамед да му препишат што е малку појакичок. Или дека сам барал три различни.
Точно, навистина има неконтролирана употреба на антибиотици, особено за време на пандемијата. Меѓутоа, освен шо неконтролирано се препишуваат, честопати и пациентите ги земаат на своја рака од аптека, иако не треба да им се издаваат без лекарски рецепт. Секој втор во својот дом има барем цефалексин, за секој случај да не им затреба. Инаку, кон резистенцијата освен често земање, придонесува и непотполно земање на терапијата, т.е. малку да им дојди подобро, ги прекинуваат, а клучно е да се земе терапијата до крај.
Па даа, така треба, ама луѓето паничат и антибиотиков е повеќе психолошка поддршка отколку реална. Некои тоа "не може" го сфаќаат како директно да ги праќаш во смрт. Нормално има разумни луѓе, ама еве јас пример дома имам неразумен родител а и другарки и точно приметувам како еден ден ќе се напијат анитибиотик и мислат дека од тоа оздравеле, а нема врска, настинале и им поминува по нормален тек. Само ете, моментот е дека им е страв да останат без терапија. И докторите ама и пациентите придонесуваат за ова неконтролирано користење секакви лекови.
Жив пример е сестра ми,која антибиотици лапа за се.Последните 3 месеци се отру од апчиња и инекции за да на крај искочи дека сите симптоми и се од алергија на кравјо млеко.
Посебно шише е физиолошки односно натриум хлорид, а посебно е гликоза. Луѓе, значи едно е натриум хлорид, а друго е гликоза, односно шеќер. Медицинска сестра го дава она што докторот го препишал, на своја рака не смее да даде.
Ама зошто сега вакви коментари? Во Франција Макрон донесе закон со кој ја подигна границата на пензионирање од 62 на 64 години. Ја запалија општината во Бордо, 120.000 луѓе се на улица, протестираат професорите, протестираат железниците, протестираат луѓе од најмало до најстаро. Кај нас без органи остануваат луѓе, се палат живи, умираат како на видео игра и ние со курот во рака си дремеме. Не е последен случај ова, бидете така до следната трагедија.
Добро значи ако е посебно шише, зошто тогаш и дале гликоза? Навистина не се разбирам и си прашувам. Зарем шеќерот на дехидрираност нема да напраи поголем проблем. Мајка ми пример доби напад на желудник! Инаку не сите бараат антибиотик. Бараат паничарите зошто мислат дека ако се под антибиотска терапија се мирни. Како што и дадоа на ќере за бактерија во нос, без брусеви и кс само од инат пошо видоа дека знам да си го лечам детето, па дури и дрски беа, кој ви кажал да лечите така...па вие не знаете која драма пробаа да ми ја направат И мери откуцаи на срце, вика онака демек загружувачки 178 а др и вика па качува тт... Мислеа од памет ќе ме извадат со пулсот па ќе се стрчам по антибиотик. Од тогаш еве 4-5 год не стапнав на клиника. А прво ме убедуваа нема мајка дете тт... Не е топла види, еве ти топломер, мери. Мерам 38,9... Ааа епа ај влезете да видиме Мајка ми углави на инфективна 3 недели ради заб луѓе, заб!! Зошто докторот од орална оцени дека високото црп, тт и отокот на лице не е од забот. Па после 3 недели лежење у болница и испитувања секој божји ден, без наод и тт шо никако не се симнува. На максило конзилијарно, и го отвориле непцето и исчистиле и магично нели спадна тт и спадна оток, и сите симп се повлекоа... Среќа, среќа што колку толку се разбирам, па јас бркав каде да ја носам и што да се испита се. Да идеш да молиш по приватни амбуланти, да ти причитаат кс и само да те упатат каде следно. Зошто, зошто некој вика нема место за паника, ќе чекаме... Чекање 2 недели дома со тт и 3 у болница... За на крај да ми речат, Вие колку што знам сте ни колешка... Да колешка сум!! Како да пациент не е битен ако не сум им колешка. Ете така.... Да не пишувам дека у 8ми септември на дежурно на ургентен немаа доктор. Па ја вратија мајка ми после пад, со удар на глава и истори од болница само што излезена(ме плашеше да не е мозочен). Пренапната сум денес. Ептен. Реферати можам да напишам.
Јас сум жив пример за погрешно лечење… пред случајот со тромбот кој пишував во 40ка во Мкд правев испитувања сите беа тип-топ за на крај 13 дена подоцна да ми виси животот на конец. И ќе ме убедува некој дека тоа овде се десило, да важи. Не ги читаат резултатите само ти викаат “ништо не е тоа,ништо не ти е…” Ама еве од тоа “ништо не ти е” имам доживотна последица. А мајка ми кралица ме исчува,бдеела над мене. Кога сум имала 40 температура трчала по болници, мала кога сум била бебе никој не сакал да и помогне да и даде инекција, и како последица од предолго чекање 13 години подоцна го губам слухот на десното уво. Алал им вера на поединци и нивното “ништо не ти е”. Има правда,има некој се гледа!!!