Знам тоа Основно е NaCl, ама секакви инфузии ина нели. Ама јас вчера како што читав. значи треба да се внимава. Ако сме дехидрирани, и додадеш сол, шо ќе се деси? знаеме сите
Под инфузија се подразбира и физиолошки и гликоза. Односно самата постапка се нарекува така а не содржината во шишето
Нема борбеност кога има партиска книшка. Ако излезе на протест ке лета од работа. А преку суд и сама знаеш дека нема да стигнеш никаде.
Многу ме погоди оваа вест за девојчево, имам сестра на таа возраст, особено еден наслов што го прочитав, вика „Незнаењето им е голема црна дупка, црна како детскиот гроб што денес ќе биде ископан за малата Јана.“, иако не го знам детево, душата ме боли..
Ама не ти е е таа дехидратација на која што мислиш истата. И во самото упатство што го постираше ти пишува различни типови дехидрираност. При повраќање се дава тој раствор зашто се губат и солите, не е грешка. Е сега ако утнале нешто друго, не контролирале или па детето веќе имало некоја состојба за која не се знаело е друга приказна, само дали ќе излезе целосната вистина.
Знам дека се губи сол. Ама затоа треба правилно дозирање од мое лаичко искуство. Да се надокнади колку шо треба. пошо нели коа сме жедни, ако јадеш нешто солено или благо, уште толку ќе си.
За францускиот предлог сите излегоа. И тоа секојдневно излегуваа Како тогаш не се плашеше никој дека ќе лета? Можеа тогаш, можат и сега
Можно е да ја пуштиле многу брзо гликозата да тече. Тоа е опасно, ама кога сестрите ни се со вечерно... сите сестри станаа за да одат у Германија, ама таму сестра не пушта гликоза, се прави доктор. Ова и на дете и на возрасен може да му се деси.
Кај нас или ти викаат ништо не ти е или ти викаат што си чекал до сега.Лути е нормално да сме ама незнам зошто сме изненадени.Дека ќе дојде до ова требаше да ни биде јасно кога почнаа да бегаат сестрите и докторите од Мк.И ќе биде се полошо.Пола народ не избега од Мк само ради пари,него ради целиот крш систем.
Аа тука доктор не знае да дава инфузија и да зема крв од вена, само сестра знаела Така се збореше низ коронава, дека просечен доктор не знае да боцка, дури ни тие матичните Мајке ми.
реално.. ама и тогаш се 2ца без 3ца искачаат на протест тие шо немаат шо да изгубат, добри 10% од популацијата овај скапаницијата во државава. Другите не смеат ради тон работи. и претходно имам трубено, СА МИ СМЕ СИ КРИВИ. Никој друг. Ова сѐ е последица на нашиот удрен менталитет, непотизам, мито, корупција, и врскаџиство, и секој еден од нас индиректно има улога во секој изгубен живот. Да имаме, и јас и вие. Сите ние. Бидејќи ќутиме како идиоти, и еве шо се дешава. Гинат невини луѓе, небитно дали деца, адолесценти, или геријатрија кру. Дур ќутиме, вака ќе ни се дешава ја прва би протестирала за сѐ. немам шо да изгубам, ни моите не се партиски определени фала Богу. Ама кои ќе сме? Јас и уште 100 души? ако сакаме нешто да смениме, треба уште 000 да се додадат на тоа 100.
Ете не можат. Очигледно е. Доктор никаде не пушта инфузии. Препишува што да се даде. Или анестезиолог. Главна медицинска сестра вади од магацин што треба а (обична) сестра приклучува. На секој кревет има листа со крвна слика, алергии, лекови што треба да ги прими пациентот итн. Ваков протокол има во наши болници. Дали се почитува е друга тема.
Мене во целава ситуација со девојчево е што татко то изјавил дека имала потечени очни капаци, и дека и петходно и се случувало така. Да не излезе некоја алергира а докториве да промашат. Лечат друго а д било алергија. Знаеме кои се последици од нелечење алергија. Ќе чекаме да видиме официјално.