Не само што не се дава, туку е контраиндицирано. Може многу лесно да настане спротивното-прехидрирање. Треба да се даде само онолку течности колку што изгубило. Со инфузија за хидратација кај здраво дете не се оди.
Поентата ми е дека таткото можеби дава лажна изјава.И не ,не е исто да донесеш пациент на време и да го донесеш во 5 за 12.
Како коментираат некои, да ги фати страв родителите кога детето ќе им качи тт. Башка што ништо не знаеме се уште. Каква била кс, дали е даван друг лек. Сега за сега се сомнева на ова зошто нормално, на 9ка шеќер и е дадено гликоза. Но во никој случај не значи дека детето е касно донесено. Знаете се надевам какви се контраиндикации може да имаат некои лекови. И побогу, болно дете нормално дека ќе се однесе на лекар, не здраво. Зошто тогаш коментари од типот кој знае во каква состојба е донесено детето. Па нели тт под 38,5 а не па под 38 не беше покачена тт? За жал не очекувам да се каже вистината. Ќе си остане на тешка дехидрација.
Како заклучи дека таткото лаже? Сум била со дете во иста соба кога примало инфузија и прочитав што пишува, плус си прашав. Не е државна тајна. Кога треба дете да се носи? Знаеш ти колку имало температура, колку било изнемоштено? Пошто три дена може да е болно без страшни симптоми и одеднаш да се влоши па тогаш го носиш. Треба сите да претпоставуваме дека после секој вирус децата ќе ни умрат па затоа одма на доктор?
Не знаете веќе што зборите. Како бе така таткото дава грешна изјава?! До кога ќе ги браните неписмените доктори?
Доктор никогаш нема да признае дека згрешил, ниту пак друг доктор ќе обвини колега и ќе каже дека згрешил. Истото е и со целиот медицински персонал. Затоа сите случаеви се заташкуваат и никогаш никој не одговара за вакви случаеви.
Добро дечки што и да била инфузијата, ете и таман да била, како е можно шеќерот да скокне на 19ка толку брзо? Еве стварно ме интересира.
Никој не кажа дека таткото лаже или намерно дава грешна изјава. Ако не е медицинско лице изјавата не може да му се земе за валидна. Можеби мисли дека девојчето било стабилно, а не било, можеби мисли дека повратила шлајм, многу можеби има и можеме само да шпекулираме додека не искочат резултатите од обдукција.
. па јас друг начин не знам. знам прекрасни луѓе кои завршија средно медицина со учење или седат дома или друго работат. сведок бев на ваква ситуација и тоа за сестра во стоматолошка ординација
И да не одговараат овде, ќе одговараат горе, пред Бога. Тоа е полошо. Ако навистина е лекарска грешка, бел ден да не видат! А девојчето нека почива во мир! Им посакувам само голема сила на родителите и блиските!
Не одбранив никого.Само знаејки каков неодговорен и мрзлив персонал работи ,чудно ми е како се натегнале на испитувања и инфузии за дете кое повратило еднаш од шлајм(негова изјава).Башка немало Т според него,одела сама и муабет правела.Пред се мислам да било така ке и дале антибиотик и чао место инфузии поради влошена состојба. Неколку лекари по фб изјавиа дека од 19 ка шекер не се умира туку так,туку веројатно имало и претходни состојби детето за кое или не знаеле или не кажале навреме во болница.
Ај, не извртувајте. Никој не криви некого, ниту брани. Само се изразуваат сомнежи во изјавите на двете страни. Контрадикторни се. Ни една не е објективна. Поради тоа подобро е да се почека истрагата.
А ти веруваш во овдешните истраги? Посочи ми еден случај каде бил решен и доктор одговарал соодветно?
тоа дека не се дешаваат лекарски грешки, треба да ви е глупо овде да го речете пошо имаме жив случај, дека се случуваат, и дека копилињата се заштитени ко бели мечки. Ние ко народ не веруваме во некои работи, дур не ни се десат. никој од тие надри лекари нема да си го обвини колегата
Ех и ,,фабрички" спакувано не е гаранција. Во право е @Feminka22 има начини. Ако е пластично шише може со шприц во горниот дел каде што нема течност нема ни да се примети дупчето... Ако е стаклено шишето ќе го отворат металното капаче со отварач, ќе стават нешто и пак ќе го затворат, а пред тебе демек после прв пат ќе го отворат... Страшно е ова што се случува
Јас само да ви кажам од искуство... истите тие ако однесиш дете неарно 'ќе те направат од (да не речам што) подолу: Мајкаааааа, шо ги носите децата за се и сешто, ладете дома, матичен ќе си почекате до сабајле, сте се научиле за се тука ни идите, ќе фуфтаат, ќе пуфтаат, ќе превртуваат очи. А ако не однесиш дете па... што сте чекале мајка до сега, кој ви е крив што лечите дома со интернет. Нема win ситуација, секако ќе си исфрлат фрустрација и ќе те направат да се осеќаш мизерно... со тоа нивното МАЈКАААААА, ми се превртуваат цревата кога ќе слушнам такво грдо и иронично кажано. Ви кажувам, лимитирано ми е одењето таму на најминимум, оти секогаш сум се осеќала одвратно, те оставаат да чекаш со саати со болно дете во ходник, те омаловажуваат, секогаш се понашаат како да преувеличуваш, и како да си отишла таму само оти си деген неспособен да се погрижиш за детето. Истите тие, ако не одиш и ако испадне проблем ќе те обвинат за негрижа и дека си чекал долго. А најчесто кога одиш не ни прават нешто посебно. До сега како што сум отишла, така сум си заминала.
А можно е да имало недијагностициран дијабет? Не може вака шеќерот да скокне освен ако немаш проблем со инсулин, претпоставувам.