Може, може. Зависи како е земен. Во еден ден, за пола саат разлика зедовме брисеви во две различни лаборатории и добивме различни резултати Затоа и не правам брисеви веќе, нема поента.
Па напишав јас ја препознавам оти ја фаќаме со синко, а не пак доктор. Инаку и мене коски ми се тресат од нејзе, затоа и ептен пазам, и ретко кога не смрди здивот. Како расте веќе и не крева температура, ама секако или ќе го боли меше или грло и ќе мириса здивот.
На Марс живееш? Дали некој доктор одговараше за своите ср**а? Нормално никој. Ќе измислат нешто само за тие да се во право.
Ова во МК, кај вас сигурно не е вака. Тука ниту некој регулира кој како работи, ниту пак се почитуваат стандарди.
Сосема се согласувам со него. https://faktor.mk/bekjarovski-dali-...9SVgEMDgXPanlDBdnHDhZ2QnSSCP2d0SargfmCvBQ5LHc
Види може стварно не е лекарска грешка ама каква врска има што докторките се мајки? Ја се кладам дека 70% од тие што осакатиле пациенти досега се родители. И сега? Глупи се вакви изјави дека тој и тој не би никогаш тоа и тоа. Ако сакаат да се води јавноста по медицински факти, нека се води и тој. А не оти биле мајки.
У кој розов свет живее овој бе.. за такви психопати се изнаслушавме, дадилки, мајки, никакви родители...овој зел кажува бајки..жити аргументот.
А сега треба да ни падне жал? Детево било нечие чедо. И тоа имало мајка. Никој не сака да стигне до овде, ама за да почнат да работат како што треба МОРА некој да одговара, па после ќе видиме дали толку чести ќе се ваквите случаи. Срам да им е!!! И нив и нас. И сите вас кои ги браните, а немате поим шо се дешава во битолската касапница
ми се Умира од деталиве. И мене за малку ќе ми умреше детето на 8 месеци од вакцина па имало Господ ама на одделение кога бевме шеќерот втаван беше и докторите во паника сестра до нас седеше јас лежев и цело време додека примаше инфузија беше на цицка. Нема играње со шеќерот. Не знам како бе лекариве немаат емпатија прво а потоа да збориме за стручност. Добро што се во Битола олку грешени?
точно дека доктор нема да признае дека згрешил ама дека друг доктор нема да обвини колега не е точно. На големиот син кога си ја скрши раката на крај испадна после месец дена пад на шака т.е тешка лезија На радијален нерв. Доктор кој требаше да ординира терапија во договор со невролог со сигурност ни тврдеше дека тој кој го оперирал со затворена репозиција и поставување на игли направил повреда на радијалниот нерв. Ама да не сум оф топик. Само да ти кажам дека оние "писмените" ќе ти ја кажат реалната состојба
Pa poveketo imat roditeli-pa postarite gi tretirat ko kucinja... Poveketo se roditeli- pa se vreknuvat na ispanicena majka/tatko Poveketo se roditeli- pa ne obrakat vnimanie na bebinja ( posebno ako se vo inkubator) slucajot pred nekolku godini Poveketo imat brat/sestra-pa koga molis za lek,se ponasat ko od nivji pari da go plakat.... Aman so tie muabeti doktorite se covecni roditeli pred se....oni se ( cest na poedinci) najnecovecni luge i najgolema mafija....
По примањето на инфузијата состојбата се влошила. Тука престанувам со читање. И...од некој линк погоре. Вистина двегодишно дете починало во истата болница пред недела дена?
Јас само читам што е напишано во линкот што си го постирала. Наводно така му рекле на таткото, за утеха. Не, не може и не смее вака да се релативизира. Не смее да е утеха и не смее да е нормално. И ниту е човечно, ниту професионално. Ако е се тешко- тешко да знаеш се, тешко да имаш современа дијагностика, тешко да имаш интегритет- не е тешко да знаеш кога е најпаметно да молчиш. Ако е вистина. Абе има ли таму еден нормален со две чисти
Има и такви, не дека нема, ама на прсти се бројат. Тие што вредат се или странство или во приватните клиники или Скопје. Не сум плачка, ама по ова шо го прочитав (изјавата на таткото) се расплакав. Ова може да е било кој од нас...
Дали ја прочитавте статијата со анамнезата од девојчето, девојчето пиело ко алмацин, забележани се отоци на очните капаци, мајката престанала да дава ко алмацин, што можеби укажува дека девојчето има и некој друг проблем, кога детално не се знае медицината сувишно е да се коментира се и сешто од луѓе кои немаат ниту површно познавање на истата, чест на лица кои коментирале а се медицински подкрепени, и како и секоја наука и оваа има зошто и затоа. Сигурно докторката прв пат на ваков случај не дава инфузија. Има нешто што ги предизвикува и птоците... Не е фер родителите да обвинуваат и оцрнуваат некого без факти. Не дај боже некој да им е во кожа, тоа никој да не го доживее, но подобро да се дочекаат резултатите од обдукцијата па потоа да се коментира и обвинува. Сочувство до семејството, и Господе чувај не сите.
Па коа ќе скокнат ова докторите ко хиени во одбрана демек... Абе да му се повраќа на човек... Дали поверувавте дека докторките кои притоа се мајки несовесно го лечеле? Поверувавме. Оти го осетивме на наша кожа. Оти ми го заборави бебето да го стави на кислород. Се налути можда дека не ја почастив. Истата таа дежура и на неонатологија и на педијатрија. Во битолската болница. За воздух ми се бореше бебенцето, јачело како маче таа до продавница одела вода да си купи. Крофни јадела што ги однела мајка ми на одделение. Требало да се адаптира, малку во инкубатор го ставила ништо страшно. За по неколку часа да заврши на интензивна нега на детска клиника. Дали сме поверувале? Да верувам. Почивај во мир малечко ангелче