Вакцината за стрептокока треба да биде задолжителна, и за рота исто. Според мене ова. Лично знам дека бебиња не ги вакцинираат со овие вакцини, не знам зошто.
А од каде знаеме дека имала стрептокока? И мене пред нова година ме отече капакот на едното око, па немав никаква инфекција или бактерија.
Добив информација од доктор дека периодов од амоксиклав/алмацин добиваат дијареа луѓево затоа треба да се комбинира со пробиотик така да ако девојчево пиело алмацин на почеток се уклопува првичниот извештај дека најверојатно било дехидрирано однесено во болница.
За стрептокока пиогенес, за која што збориме тука, нема вакцина. Вакцините се за стрептокока пнеумоние.
Ама го носат живо, во свесна состојба, имаат кс, имаат симптоми. Луѓе со мозочен и срцев ги спасуваат, а девојчето е се уште свесно. Туку толку се способни лекарите и не можат да препознаат вакви состојби. Абе ајде, го носеш во свесна состојба, во болница, на итна. И да е од претходно, матичната не ли требало да испита зошто оток на капаците? Па и јас отекувам и прво нешто ми испитаа срце и хормони, бубрези. Син ми исто од алергија отече, ама му проверија кс, да видат ензимите, бубрезите. Страшно значи. Родителите криви. И пак народот и новинарите кренале фама.
Не е само периодов, отсекогаш добиваш дијареа и не е толку многу за да дехидрираш. За да дехидрира дете треба многу повеќе. Од рота син ми беше. Не знам кој родител ќе седе дома и ќе чека да дојде до тој степен. Плус дехидрирано дете не може ни само да се движе.
И што туку везете безвезе, од што починало? Причината е скроз ирелевантна, јер го однесле во болница, не во цвеќара. Ко ќе почине некој прегазен пешак, возачот е одговорен или претходната здравствена состојба на пешакот? Пациент починал во болница. Па било тоа стрептокока, рота, алергија, срце, панкреас- затоа е во болница, а не во цвеќара. Со денови не можам да си го смирам бесот, оти ова не е нормално. Помина короната, и сите останати состојби се подеднакво мистериозни и нерешливи за покритие на главната причина- корумпираност, неспособност и неодговорност. А луѓето нека приумираат од страв за своите блиски, јер боже мој, секоја една баналност може да заврши фатално. Многу ми е мака. Многу.
Предобро аргументирано и прелогично мислење. Да видам како ќе те побијат тие фанатици шо слепо веруваат у надри лекарската фела.
Сакаш да кажеш дека сите пациенти досега што биле однесени во болница и што починале таму докторите и другиот персонал се виновни? Жално за детето, но не треба вакво обвинување. Обдукцијата ќе покаже, дотогаш ние ќе си веземе овде. Плус ако е пример рота, стрептокока, морбили ( давам пример само) даваат тешки компликации и смртност за жал.
Во болница се случуваат и несакани исходи за кои не се докторите богови. Не се спасува секој. А ни деца. Ви кажав пример каде дете почина од менингококна сепса со смртност 95% @Biljarkata Да го затвориме случајов, докториве го убиле девојчево?! Многу предвреме осудувате. Би сакале вас да ве осудат и линчуваат така? Девојчево починало саат и пол после доаѓање во болница. Анализите покажале високи срцеви маркери ензими. Од хипергликемија не се добиваат. Испитувате срцеви маркери кај дете кога детето нема симптоми ? Може имало неоткриено срцево заболување,може е задоцнето и дехидрацијата била огромна и настанал застој на срцето, ќе каже обдукцијата точно.
@Cosmi 2 случаи со деца за 2 недели во истата болница, треба да звучи као-јбг се дешава? И се затвора со ,,нема пропусти,, во рок од 24 саати? Ако имало претходни состојби, немало претходни доктори? По бајачки ли оделе? Не, не ги убиле докторите, политичарите ги убиле. Како и цело здравство, како и цела држава, како и цела логика.
Не знаев дека отсекогаш пошо ја сум немал. Немој да мислиш дека ги бранам докториве, ништо не им верувам после сите испади и утки што ги имаа, а лично 99% од медицинскиве термини не ги разбирам, гледам сите се медицински стручњаци по интернетов.
Косми, девојчето околу 10 оди во болница, околу 15 и 20 починува. Тоа се околу 5 часа и они не реагирале. Имале и кс и отприлика знаеле дека не е вироза туку срце. Туку кажи колку се способни. И еве таткото вели дека детево само се движело, велат еднаш имала пролив, која тешка дехидрираност. Не знаеле како да реагираат. Не се стручни, неспособни. Чест за исклучоци, ама останатото е учено недоучено.
моментот е, еве ко шо викате, не е од шеќер, од нешто друго е. Зашто не испитале? Да идеме постапно. На девојчето му е лошо дома, повраќа, дехидрира, се жали на болка во нозете, и нејзините ја носат во болницата. Ѝ зимаат крв, и ѝ даваат инфузија, по која ѝ рипа шеќерот на 19ка. Е коа сфатиле дека на дете со 9ка шеќер, му дале глукозна инфузија, сакале втора инфузија да ѝ дадат, ама не можеле вената да ја погодат. Е тука веќе знаеле дека ја усрале. Кардинална грешка. Не мора да си шеќераш за да ти е лошо коа ќе ти рипне шеќерот. Имав професорка во средно што имаше шеќер, еднаш на час ѝ рипна и почна да се тресе жената и да се губи. Коа сме болни, срцето ни слабее, мислам сите го знаеме тоа. Многу шеќер на слабо срце не е добро. Имам чоек дома со дијабетес2, не смее да се разболи. Нема да му издржи срцето. Кажано му е дека и најмала настинка може да заебе работа. Ај сеа реченицава да ја свртам обратно, коа рипа шеќерот, го напаѓа срцето. Зашто тие шо имаат дијабетес се најподложни на инфаркт? Затоа. Ги напаѓа вените и нервите кои го контролираат срцето. Сфаќате зашо сум ,,упорна“ со теоријата за шеќерот? Татко ми цел живот имаше 8ца шеќер, вечерта кога имаше инфаркт му рипнал на 16, и срцето му работело ЕДВАЈ. Не е дека не се умира од хипергликемија да се разбереме. Ти го запушува срцето. Плус коа си дехидриран, НЕ ТИ ТРЕБА ШЕЌЕР. Како не сфаќате дека и тој момент е прелош, самото тоа шо не им текнало, Ви го дадов примерот вчера. Вие после тон благо, пиете вода, или пиете Кока Кола? Има и такви, од вторите. Ама претпоставувам преферирате вода. Мене и на солено ме тера, после Милка од 100гр, јадам паковање чипс. Не јадам уште 100гр Милка, бидејќи самото тело бара да го балансира шеќерот. А на 9ка шеќер, плус 250мл гликоза, 250мл NaCl е ништо. Dehydration—less water in your body means your blood sugar is more concentrated. Over time, high blood sugar can damage blood vessels and the nerves that control your heart. People with diabetes are also more likely to have other conditions that raise the risk for heart disease: High blood pressure increases the force of blood through your arteries and can damage artery walls. и да е срцев застој у прашање, шо мислите, као го добила? Срцето веќе ѝ било ослабено од болеста, и од истоштеност, ѝ нозете ја болеле, зголемувањето на шеќерот, уште толку го исфорсирало срцето, што довело до тахикардија. користете логика малце, гуглајте, ја ова не го зборам напамет. Нити па знам све, ама пошо знам шо мрсули сме од народ, си гуглам пошо не верувам толку слепо на нашето здравство. И да чекам обдукција. Никад нема да се покаже шо стварно било и дај малце излезете од розевите наочари и мислете логично, идете постапно
Жалосно Детево пиело антибиотик, пеницилин, каде е матичната да каже на која основа и го препишала. Сигурно направила брис или некакво испитување.
Не се 5 часа,првата кс е направена во 12 чсот. Срцевите маркери зошто биле високи?! Добро. Го убиле.Вие знаете најдобро. Јас велам немој да обвинувате предвреме. @Biljarkata Не е втор случај. 12 год.дете е донесено починато во болница откако дома му се слошило,доктор констатирал смрт.
Во битолската болница нема кадар, едноставно нема доктори на некои одделенија. Сите блиски околу со здравствени проблеми одат во други градови да се лечат. Татко ми ко доби мозочен удар немаше неврохирург, немаа ни терапија што се дава одма по мозочен. Ризично беше да се носи Скопје и во два дена ни почина. Толку имам бес и страв и немоќ што не можам ништо да коментирам, на никој вакво нешто да не се случи повеќе.
на основа, на ти антибиотик и гајле немаш тоа е кај нас најлесно чоек. И мене ми давале антибиотик на 38 температура. Прво ќе ми препише антибиотик, па крвна слика од коа ќе го испијам. Сериозно?
не е у 12 направена. Читај внимателно Потоа креиран е упат за биохемиска лабораторија – уринарен, глуциден и ацидобазен статус, земени се примероци од крв и урина за анализа и потоа ординирана терапија –„Хипоглусал 1“ – 500 мл. ( 250 мл. 5% Глукоза и 250 мл. 0,9% Натриум хлорид) и amp. Bedoxin. По добиените резултати, во 10:45 ч земени се и проширени анализи – крвна слика, ензимски статус, деградациони продукти, глуциден и протеински статус, електролити и липиден статус. како е првата напраена у 12, кога е у 10:45? Направени се два ЕКГ записи во 12.34 ч и во 12.42 ч. и побаран е конзилијарен преглед од анестезиолог од установата.
И каква врска има твоево со моево освен што пак даваш празни претпоставки? Симптомите се неспецифични, повраќање само од едно нешто може да биде? Мислам дека премногу гледате медицински драми па очекувате секоја состојба на чело да ја пишува и сѐ да биде јасно како ден по книга и сѐ да се одвива планирано. Да, цел медицински персонал врска нема да препознае, тука со три клика на гугл ја дознавте дијагнозата. Што не ја брише одговорноста на болницата, туку се трудиме да ја доловиме цела слика, не само една страна.