Мене тоа ме напиња Шо има таква индиферентност кај народов, шо стварно сакам да знам на шо се. јако се удараат И они се океј си тоа, сфаќаш.. Ќе се бориме јас, шо се бунтувам и контрам за сѐ живо, и сакам правда и мир, и ти, што си искусила лекарска неспособност и незнаење. Е тоа е проблемот Затоа им викам да се свестат дур не им се деси или дур не е касно
Биле ние ноншалантни или не, треба да се помириме со фактот дека живееме во МАКЕДОНИЈА. Да се собереме на протест ќе дојдат 2ца без 3ца а сите што се некако со врски упакини на работни места или имаат допир со тие што се упикани нема да дојдат и ние ќе си стоиме пред влада пр за овие јакиве под наводници од горе да ни се смеат и утре ќе биде папала маца... Ко да не се ни десило, нити за жал трагичната судбина на девојчето нити ние сме протестирале.
А зошто мислиш дека сме така ноншалантни на тој факт? Страшно, мора на секое мислење нешто да се измисли и додаде или изврти.
Не извртувам, ве прашувам. Зошто така лесно се прифаќа тој факт наместо да сме поборбени, колективно сите?
Не знам што се чудиш. Со короната колку отидоа доцна на лекар, се сеќаваш? Јас знам од фамилија што дома седеа и кога дојде критично, тогаш отидоа.
Не, извртуваш. Затоа што пиша КАКО СТЕ ВАКА НОНШАЛАНТНИ. Ти мене нема да ми ставаш работи што не сум ги пишала. Јас само пишав нешто што на сите ни е јасно, дека нема да признае никој ако станува збор за лекарска грешка. Толку. Повеќе не навлегувам.
многу драмиш за саботен прекрасен ден секое немрдање со прст или ,,има и полошо'' ,,шо ќе праиме'' е ноншалантност не е ноншалантноста нешо шо го кажуваш, туку е нешо си го поседуваме народски. Не мора да каеш нешо за да сфатиме
Не е точно. Протестот и тоа како би влијаел во случајов. Затоа што не е ова прв, втор, трет... Многу има вакви. После ова јас дете мое не носам во државна болница Битола. И пред ова бев скептик ама мислам дека го достигнаа дното. Се сеќавате на случајот на Фердо? (оној кој го уби зетот, што ја малтретирал ќарка му) Излезе цела Битола на протест и Фердо доби ослободителна пресуда. Ете пример дека некогаш можеме да се избориме за правда, место да си "легнеме на брашното"
Баш тоа разговаравме со маж ми. А каде би го носела ако не дај Боже има потреба? Во плодност има педијатар само прва смена. Во прилепската болница се истите педијатри од битолската, во Ресен и Охрид нема воопшто педијатар.
Драмење ако виде кај мене... Многу се напнавте, гледам, па одвај чекате прилика вака на некој недолжен да му се закачите. Уште еднаш ќе кажам, јас пишав: И да излезе на крај дека е лекарска грешка, или ќе гледаат да сокријат или никој нема да признае. Ова не значи дека јас сум ок со фактот. Не мора да кажам за да сфатите? Хаха wow, што беше ова. Прочита ти на гугл нешто и готово, се просветли, сега си попаметна од сите тука, дури и без да пишеме нешто ти знаеш што мислиме.
Па ако не е критично, зашто би иделе? Инаку по групине фаќаа врски за да им примат блиски, зашто инаку на среќа ги примаа.
па не гледаме воља за промена лелел ај прогуглај шо е значењето на зборот ноншалантност и ќе дискутираме преку глава ми е од буквалисти на форумов не дека сум смарт ес бич, ама очигледно многу боље резонирам
Така е, ништо не знаеме ако не прогугламе. Ај, што и да пишам повеќе, сувишно е. Пак ќе се изврти. Еве вас, свесните, борбените и просветлените ќе ве чекам кога ќе организирате протести па тогаш ќе се вклучам пак во темава.
Зашто самите лекари апелираа при појава на симптоми тестирање и на лекар. И со јаки кашлици дома седеа и "се лечеа" сами. Ковидот не беше заебанција.
И тоа е битно, времето, ама некогаш - односно често и да е тоа запазено пак докторите не се семоќни за да секоја состојба ја излечат. За жал.
И што ако се вклучиш? Да не ќе го вратиш девојчево.. Тоа не е целта од тастатура да се прави најјаки.