Протест не се прави за да го оживиш детето, туку за да не умре уште едно или уште 100 деца од истото. Ама никој нема да оди на протест, сите аплицираат за визи за странство, тука луѓето умираат од заб, повраќање и вадење на три органи за време на пораѓај.
Друга ми беше поентата, знам ја многу добро. Видов кој колку излегува и колку системот се залага за нешто. Се е партиски поврзано и корумпирано. За лекови се нема пари, деца умираат, млади умираат старите доживуваат длабока старост. Убивства на сите страни, див запад. Ќе протестирате и што?! Ќе му платат на некој за да има инциденти, ќе го стаат у затвор за да копа тунели за бегство. Министерот требаше оставки да подели за сите што беа инволирани во случајов, а не да спие мирно и да си ја гали скапата фотеља. Низ цел свет се шири веста за детево. Скандалозно и потресно. Здрав прав идеш на болница по лек за настинка и умираш. Супер.
Не сакам да шпекулирам, но отоците дали се од бактериска или друга органска причина, слабо срце, застој итн. требале да им бидат аларм, најјак сигнал, особено на доктори задолжени да се грижат константно за нејзината здравствена состојба. Давале капки, какви капки наместо да ја пронајдат подлабоката причина за отоците тие или таа матичната и давала симптоматска терапија, замаскирај симптомите, па од декември по три месеци ти се повторува тоа нема да подразмислиш зошто? Друго на пациент со слабо срце кога ќе дадеш инфузиона дополна од око знае страшен електролитен дисбаланс да настане што често резултира со мозочни изливи или еве во случајов нажалост со срцев удар. Тие ензими тропинин и др. се испитуваат кога има голем сомнеж за срцев удар, се следат во прединфарктна состојба. Значи тие доктори анестезиолозите ли пишаа во текстот што дале наредба да се испитаат ензимите веќе имале целосен увид што следи. Еве и да е од стрепотокока, недолечена, дека дава и таква слика спомнавте, имало малово отоци и во декември каде е тука матичен лекар, педијатар? Каде е таа соработка при која што лекарот (треба) најдобро си го познава пациентот? Знаете ли колку заради недостатокот на лекари онака стануваат матични или педијатри по брза постапка, да не пишам со сила само да се укаже дека е надополнет недостатокот? Епа еве ќе се случуваат вакви огромни пропусти. Кога некој стратешки не мислел и создал резервен план за заменски матични, педијатри итн. ќе пати народов, нажалост. Нека почива во мир милово душиче, земјата и секоја власт која го допушта и поддржува ова ги покрива лекарските грешки, нажалост.
А со кои симптоми требаше да одиш на лекар? И на кој лекар? Тие по вибер што лечеа? За хоспитализација не примаа ако кашлаш само, не знам како мислиш дека идеше. Демек позитивен тест и одма те легнуваат?
Кое легнување бе? Се оди на преглед, да се направи кс, да се слушне на бели дробови, да се измери сатурација. Јас знам многу лекари што примаа пациенти нормално и во најголемата пандемија.
А знаеш ваљда дека на државно термин не се наоѓаше, а приватните дереа со цени за пцр. За цела фамилија 7000 само за пцр требаше. Јас така на брз тест само се тестирав, еден член со пцр. Се лечев со бабини лекови дома. А нетестиран не можеше матичен да те прати. И дури и да се направат анализиве, пак исто велеа. Одмарај дома и следи ситуација па доаѓај кога ќе стане полошо.
На почеток не примаа, ние имавме ковид во првиот бран, мм инфектолог по телефон го лечеше, а малиот после 9 дена дијареа докторката ми пиша дома ќе си го оправиш, да не одите нигде во карантин сте. Ја чувам пораката уште. Е после ко прележаа повеќето матични и ко имаше огромна смртност почнаа со прегледи. Баба ми почина од ковид оти ја враќаа дома со брза помош неколку пати, со 30ка шеќер.
Мене така не ми рекоа, одма ме прими матичната. Мојата матична ми е познајничка и од почетокот примаше пациенти. За тоа алал да и е.
А свесна си дека таа била од исклучоците?! По телефон и на Вибер лечеа а голем дел профолжија така да функционираат.
Не ми е јасно како било кој може да се дрзне да коментира и да ги обвинува родителите. Де за тоа зошто дале изјава на новинари, па зошто чекале толку пред да ја однесат на болница и ред други глупости. Од каде ви правото додека седите мирно во вашите домови да давате такви коментари за родител кој до пред два дена имал две деца дома а сега едното се наоѓа под земја. Повеќето наши "доктори" треба да научат дека доктор не се станува со купена диплома, а вие научете малку човечност.
ВАКА СО ТАПКАЊЕ ПО ТАСТАТУРА НИШТО НЕ ПРАВИМЕ дајте да одбериме еден ден и саат и секој во својот град да се собериме и протестираме за подобро здраство и НЕ за лекарски грешки
Не е алергија,затоа што по втор пат и се случува отекување на очните капаци.Првиот пат уште пред нова година ама никој не изреагирал тогаш.Од тогаш до сега поминати се скоро 4 месеци.Ако во организамот тлеел процес ,не е чудно што сега ескалирал.4 месеци е долг период за да не се третира некоја состојба.
3 дена немам сила да искоментирам за ситуацијава, само на тоа мислам… Страшно нешто…Искрено мислам дека е направен огромен пропуст со девојчето на примарно здравство т.е.матичен и затоа морам да се согласам со ова, зошто знам колку можат матичните да бидат ноншалантни за некои работи, макар и за банални работи. Телефонски даваат терапија, без крвна слика и без преглед, антибиотици се шалтаат ко бонбони да се, се лечат симптоми, а не причини. Истрагава за да биде комплетна треба и матичниот педијатар да се претресе. Што лекувал, како лекувал. Во очи ми падна пред некое време кога прочитав за мајката која се пораѓала и во исто време ќерката од 1,5година ѝ правеле операција на срце во Систина.. Баш пишуваше дека девојчето уредно си било прегледувано од повеќе педијатри на редовни контроли и како тоа ниту еден доктор не приметил на стетоскоп дека не е срцето во ред?! Случајно кога требало да прими вакцина девојчето таа докторка што ја прегледувала приметила. Да ти е страв дете да однесеш на доктор. Бог да нѐ чува сите…
Не можеме со сигурност никој од нас да тврдиме дали била докторска грешка, дали родителска, кога не сме сложни да излеземе на улица, ќе си зборуваме напразно овде. Секој родител му мисли добро на своето дете, девојчето го носеле на лечење и пред неколку месеци и сега, ама колку и да не сакам да кажам гласно, ќе кажам дека за жал на големо се прават лекарски пропусти кај нас. Да, не се семоќни и тие, некогаш не можат да дадат душа некому, ама колку и да сака човек да ги пофали добрите и совесните медицински лица, некако повеќе ќе испадне дека списокот ќе биде подолг со поплаки, отколку со фалби. Таа госпожата што ќе одела на пауза и не сакала да ја земе крвта на испитување, изгледа не е од мајките кои ги фалеше доктор Беќароски, среќа што колегата до неа се погодил да ја потсети дека се работи за малечко дете, инаку изгледа немаше да стигнат ни крв да и испитаат.... Жалосно, прежалосно......душа невина, нека почива во рајот
Епа од тоа џабе ќе протестираш не работат во памет 30 години уназад. Прават што сакаат. Се вадат органи ко од шала. Се однесуваат ко касапи. Си земаат за право да не лечат како им е желба(за воља на вистината поим немаат). Ама не..џабе ќе сме протестирале... Една Франција се крена на нозе за што таму,не е ни битно..Ние овде ќе си седиме и ќе си трпиме...Мизерни во секој поглед...ама на македончето се му е рамно..што има па да се бори за правда!!?Најсилно е зад тастатура..кој што му може?