За тоа што кај нас ништо не функционира. Ни здравство. Ни судство. Ништо. И јас имам судски спор поради лекарска грешка. На крај не се докажа ништо. И што да направам? Според тебе што би било правилно? Продолжив да живеам со тоа. И секој ден се потсетувам.
Ајде бе протест Ама у Скопје. Пошо и онака го форсираат и пола држава е овде. Ја сум за тотален колапс. Една точка пред Сити Мол, една у Центар на Рекорд. Никој до дома нема да може да стигне, ќе се напраи хаос, шо и треба, за да се вразумат. И тоа денски, накај 15-16ч за да е затка. Е така А не у сабота у 12 саат коа живо пиле нема. У Франција глејте шо им праат Чим можат они, нас шо ни фали бе? (Освен 1000 работи)
Состојбата се подобрува. Веќе почна подобро да го движи рачето. Но има последици. И одиме на физикална.
Стишаа порталиве. Прочитав кај Миа дека имало "закана" од врвен доктор доколку излезе нешто друго по обдукцијата, за вестите по портали. Прочитав негде и дека апелираат од семејството да не се користи ситуацијата за политички цели. Се чека обдукцијата најверојатно. Ама народов зовре, не верувам дека ова ќе помине туку така
Нема застој од ЦХ https://a1on.mk/macedonia/dvajca-vo...kvKN3_MfBtoJ12L0lBBi9ROmJdPC8&mibextid=l066kq 69 години алоо уххх да го тепаш дур можеш
Двете докторки биле од Битола, што воопшто не е битно во случајов. Сите знаеме во короната што ни правеа матичните, едвај телефон креваа, земаат најмногу пари од нас пациентите, а кога најмногу ти требаат потфрлаат. Јас искрено мислам тука и матичната дека треба да се испита. Ако било добро детето како што кажува таткото, зошто матичната им вели не чекајте до 2 дури да ми почни смена, одете директно на болница? Зошто? Зошто му дала на чупето антибиотик, па тој антибиотик бил прекинат? Прежално за малото сонце, сите не испотреси, тешко на родителите...
https://sitel.com.mk/dzsi-nema-nedo...yaIZB9jnkD7H1VayEgv14JhvbRmR4&mibextid=l066kq Секако… Јзк да ви е, и од Господ да се плашите. Се надевам ќе ви суди на најлош начин.
Доста крекате за извештајот од ДСЗИ, го искористија за да добијат на кликови медиумите, како нњ во е јасно уште, затоа и таков наслов, за да го подреваат народот.. И сега кога ќе искочи извештајот од Судска медицина од обдукција ќе биде исто, нема ништо што веќе не го знаеме да дознаеме, а тоа е дека починала од срцев застој.. Медицинска грешка може да се докаже само со вештачење, а тоа со години може да трае и јас не го знам ни процесот како се прави тоа.. Во главно, не може ДСЗИ да каже дали имало грешка бидејќи никој нема да запише во извештаите за болничко лекување, и дадовме гликоза, и после тоа во заграда да додаде **по грешка, а во извештајот од ДСЗИ тоа го има, како е лекувана и на кој начин..
На темава. https://irl.mk/mrtva-tishina/ Утре сум на поткаст кај ИРЛ и ќе дискутираме за Лекарска комора, ДЗСИ, надзори, инспекции - се значи, мора, МОРА одговорност, нема откажување. За Јана, за мене, за сите.
Дур не се разгледа медицинската историја нема да се знае што како зошто, од матичен педијатар па нагоре. Не можам да донесам заклучок што се случило без да се знае цела историја. Глупаво е да обвинувам родители дека не си однел навреме дете или лекар дека не си ја знае работата, но да поминете неколку часа на дежурство на педијатрија ќе се сретните со многу случаи каде им носат деца дехидрирани, да, има родители што касно носат дете оти мислел "ќе помине", има родители што ќе кивни дете па одма на болница, се оди од крајност до крајност, али вториве повеќе ги разбирам подобро загрижен родител отколку ќе помине...има доктори што не си ја работат својата работа, има лекарски грешки, има небрежност, но има и стручни лица кои стварно знаат што прават.Пред да се донеси осуда треба убаво да се види што било и како било. А за случајот со дечкото со забот прогуглајте за флегмона и компликации пред да се нафрлааат заклучоци, а да не зборуваме за колку нашиов народ е едуциран и поправа заби.. ниту пак децата ги учат заби да мијат...
За вештачење требаат стручни лица од фелата, во случајов лекари, а кој еден ќе сведочи против друг е тоа е дискутабилното во целиов овој лавиринт со (не)докажани медицински грешки.
Алал да ти е.. жими сѐ ти кажувам пошо не се откажуваш, храбра си, не оставаш на случајот, на судбината, на карма, на ,,ај другите ќе средат'' затоа и сакам да напраиме промени у државава, за жените како тебе, да почувствуваат дека се разбрани, дека имаат поддршка, дека некој се сочувствува со нив, но многу повеќе од курчење на Фејсбук и Фемина. Моеш да рачунаш на мене за шо и да треба. Ќе ти пишам и на Инстаграм ако сакаш, не ми е проблем, i trust u. Мора да прекине овој круг. Јас како млада особа, сѐ повеќе се размислувам за создавање фамилија овде. Оваа држава не е место за моето дете. Нема теорија онака, да се мачам 9 месеци, да не спијам, да личам на потечена жаба (ова не е у навредлива смисла, така е), и после некое време да ми летне детето пошто некој е неспособен. А се знам себеси, и во Шутка не ми личи дека ќе ми е пријатно. Иам проблем шо сум премногу емпатична, дури и за особи шо не ги знам, и едноставно ми е жал и криво, и сочувствувам со останатите, затоа и мрсам бубрези цело време, ама ме боли фактот што знам дека можам да помогнам, а не праам ништо. Пошо не можам сама. Мене не ми е проблем да дремам еден ден пред Влада или Собрание. Викаат ако сакаш промени во светот, почни од себе и тие околу тебе. Јас од кога зборам овде, дајте луѓе, дајте. Дремат сите како п***и.
Колку е лесно вака преку екран да се пишува. И што ако дремеш пред влада? Можеш колку сакаш да дремеш. Џабе ти е. И не сме п***и како што викаш ти. Ти го пишувам ова од искуство. Зошто знам колку е болен, мачен и скап тој процес. Наместо да дремеме пред влада јас и маж ми до сега требаше убијци да станеме. Зошто кај нас ништо не функционира. Ама ни тоа не е решение. Малата никој подобро од нас не може да ја гледа. Лесно е вака кога зад екран се силите. Реалноста е сосема друга за жал.
епа и ја зборам дека е лесно пред екран да се пишува. Шо е скап процес? да дремам пред Собрание? вие сите се тужите и фрлате пари на спроови шо НИКАД нема да ги добиете. Е, затоа треба да напраиме нешо Пошто тие што ти згрешиле тебе, на Дона, на родилката од Дебар, утреден и другого ќе го заебат на трајна основа. Тоа НЕ СМЕЕ да се дешава ај сите ќе станеме доктори тогаш. го трубам истото со години. реформи, сами сме си криви, реформи... мене не ми е проблем да се иселам, или да не родам дете, ако сметам дека е овде срање. Јас ќе се спасам, шо праиме со другите? уште колку луѓе ќе останат без дете, родител, пријател, орган/и? уште колку? дур не се заситат со пари? па да дае Господ со се пари да се испозапалат и живи да горат бе немам фонд на зборови више со кои би ја опишала мојата мржња и гнев према такви говеда
Баш ме интересира ако дремеш пред собрание дали ќе добиеш нешто. Дреми. Па ќе те чекам тука да пишеш. Јас немам време да дремам за тоа што имам дете што зависи од мене. Ама за тоа имав храброст да поднесам тужба. Без разлика на исходот зошто знаев како ќе се заврши.