Го изгледавте видеото до крај? Сте се запнале со антибиотикот. Да не ме разберете погрешно и јас сум против антибиотик и кога ми се препишува барам второ мислење. Женава ја известила матичната за антибиотикот, таа и го одобрила. Колку мајки знам што имаат дома неотворен антибиотик за секој случај. Мислам дека пред некое време Алмацин се даваше и без рецепт. А зошто другите спорни моменти не ги коментирате, зошто не коментирате за (ај да го оставиме шеќерот на страна) болката во стомакот, која не им е ред алерт туку нормална била. За оставањето на родителите во агонија 2 часа без информација за своето дете?
Откако починала Јана ја покриле со бел чаршав и ја качиле горе па таму си играеле играчки ко демек ја реанимираат а она уште доле им се спзнала низ рацете Шо правеле горе 2 саати? Таа болка у стомак е алармантна според мене итоа шо Јана била 20 кг а на ја наполниле и направиле ко да има 40кг т .е заклучив дека била исподуена а тоа е само проблем со срцето
2 sati nikoj da ne dojde vo najmala raka da pokaze covecnost i da gi obavesti roditelite deka Angelceto preminalo.... ja boli mese,seker 19,brkanje roditeli,cistacka nosi bel carsaf...uteha demek i drugo umre normalno e ovaa? Maticnata odobrila antibiotik,zamena doktor ne e javuva ( bezobraznosta kaj medicinskiot kadar e veke na maximum) ovde vo najteskoto,sedis nema odgovor nikoj da dojde i demek sakas obdukcija? Katastrofa!!!! Izlezete bre luge site sto mozete utre na protestot,nejze nema da ja vratite,ama poraka na ovie mafijasi ke ispratite!
Овде одговорност треба да има и матичната. Се си мислам дека со антибиотикот маскирана е некоја бактерија, стрептококата. Болка во меше и отоци и плус срцевите маркери покачени. Затоа пишев криви се оти имале време да реагираат, ама толку знаат.
не знам што ви се случило ама и ние со големиот поради една скршеница едвај после 3 месеци се опрајвме со физикална. Кој ќе ти признае вина. Ама среќа физијатарот и неврологот кои не примија на терапија јасно кажаа дека треба да се вратиме кај тој што не оперира да види што направил
Јас те прашав која ти е поентата за муабетот во темава? Не дали е исправно давање атб на своја рака или не, туку дали има врска со темава? Пошо, цело време вината ја префрлаш кај родителите. И еве, пак ќе кажам, дури и да дала атб на своја рака, стварно мислиш дека го убила детето со тоа? Иначе, не, не давам атб на своја рака Во случајов е добро постапено што е даден атб, доколку била стрептокока (на што и јас се сомневам според се што прочитав)
Еве, пред две вечери, со мало дете вратиле родители дома. Детево со пролив и повраќање, дехидрирано, им рекле да земат електролити. Вчера врски фаќаа луѓето, за да го однесат да му дадат инфузија. Ова во битолската болница.
Антибиотиците се страшни. Не се бонбони. Од некои антибиотици може и да се повраќа. Зборам општо, не знам за овој случај.
Не сум родител, еден ден ќе даде господ да бидам, ама секој родител си го знае своето дете. Повеќето од вас што сте родители, не знам во кој свет живеете и како ве израснале ама сигурно вашите мајки не трчале одма на доктор при секоја кашлица, повраќање или болки. Малку претерувате со коментари, секој родител мисли најдобро за своето дете, сигурно родителиве дома не ја чувале во лоша состојба, побогу дете е и нормално е ако поврати еднаш-два пати да не се потресуваш и да трчаш одма на доктор по инфузии.
Иначе јас на местото на мајкава кога ќе сум видела дека и помодрува раката од инфузијата одма ќе и ја извадев, ич не ги чекам, или во најлош случај ќе и ја сопрев.. Се знае што е нормално течење на инфузија, не може да ми каже дека е нормално да му помодри и отече на детето цела рака, мене мајка ми два пати ми го има сама извадено книлото и ми ја има сопрено инфузијата сама кога ќе види дека ми е модра раката од неубаво поставена игла..
Абе дури и стварно да не можеле да ја спасат... Што правеле два саати кога веќе не давала знаци на живот? Пациент не го реанимираш два саати дефинитивно. И како тоа оток на цела рака и болки во стомак сред инфузија биле нормални и не бил викнат доктор? Беше спомнато емболија што има така логика ама ај ќе видиме.
Случајно на идов на сторијата од Сител на фб во врска со 6 годишната Јана.. Го ислушав цело, буквално ме трогна, на родителите срцето им е изгорено, срцето. Нека почива во мир ангелчето мало, господ сила да им даде на родителите. И јас не сум родител, но ако сака господ еден ден ќе бидам, но иако мие рано за тоа, буквално се ставив на место од родителите, низ каков ли пекол поминуваат... После она вчера што го видов, не знам зошто воопшто "функционираме" како држава, каков ли грев плаќаме ние македонците, каков. Додека ги интервјуираше новинарката, таткото цело време беше под стрес, му трепереше гласот готов да заплаче, очите полни со солзи само што не пуштиле солза, цело време ја нишаше ногата, мајката целата испаничена, воздихнуваше, гласот и се запираше од болка по чедото. Се прашувам, дали некој од овие "наши" ако може да се каже и воопшто наши политичари, го гледа ова, сноси одговорност, гледа како државата му се распаѓа, како народот му страда. Го гледате ли бе ова? Го гледате? Имате ли бе малку чувство вие, малку грижа на совест, барем малку да се ставите на нечие место, да почувствувате тага, болка, имате ли воопшто жал? Сигурно немате, бидејќи и не ве интересира. Битно вие да украдите, да се занимавате со небитни работи, да им удоволувате на вазалите од запад кои ве донесле, да му слугувате на ДУИ. 32 години ја уништувате државава, 32 ГОДИНИ немате мрднато со прст ! Дури се занимавате со уставот и Бугарија, преспански, рамковни договори и други не битни и штетни работи, видете како ви ЖИВЕЕ НАРОДОТ, во беда, сиромаштија и пропаст ! Ама важно Артан Груби се пофали за двојазичните унифорни, тоа е успех, нели. Тоа е приоритет во држава сега, да се задоволат вазалите. Срам да вие. Ни болници, ни опрема, ни доктори, ни сестри, во ништо не се вложува, не се стимулира и мотивира, во никој сектор од држава, како ли функциора овај систем, како. Луѓе ни умираат, млади, стари, деца. Човекот што почина од цистична фиброза исто од Битола, почина од тоа што државата НЕ ОБЕЗБЕДИЛА ЛЕК! Случајот со малата Тамара и ред и ред други случаи. Во сите овие 32 години барем по малку да вложевте ќе личеше на нешто, па во Бангладеш имаат подобар здравствен систем. Им рекле дали сакаат обдукција, што со таа обдукција? Ќе истражите дека е ваша грешка? Не се виновни докторите, нив толку им е знаењето благодарение на државата што не мрднува со прст да вложи во нив, тие што се квалитетни заминаа по Германија, Швајцарија. Чекаме донации од странски амбсади да ни ги реновираат болниците, училиштата, да донираат опрема, апарати. Цела медицинска опрема е донирана, цела од Кинеска Амбасада, Јапонска, САД, Турска, од донации функционира ова никакво здравство, додека на државата не и е гајле за ништо, троши пари на небитни работи, сега за тие двојазични униформи колку ќе го кошта државниот буџет? Со тие пари ќе реновиравте некое одделение по болниците а не се уште во тврдата комунистичка градба од Тито кои се пред распаѓање се лечат луѓе. Барем да бевте хумани малце. Дно !!
На крајот од денот, дури и родителите да давале антибиотик "на своја рака", тој прво морал да биде препишан од доктор. Вината е во докторите, можеби не во тие што ја примиле Јана, туку во нејзината матична и цел склоп од претходни погрешни терапии и неоткриени болести во позадина. А оние дебилине од Лекарска комора како можат да останат рамнодушни на интервјуто од родителите вчера и к*р да не им чуе за ништо, знаат само да се оградуваат од секое с*ање што ќе се случи, имаат ли душа бре?!
Барем да направеа некаква обука, програма што деноноќно ќе врти по програмине за тоа зошто не се дава антибиотик на неиспитана крвна слика и брисеви. Да не едуцираат сите што смееме и што не смееме, да препознаваме симптоми најразлични, а не да се збори само на форуми по фб како нерелеватни извори. Се фрлаат пари на кампањи и турски серии, а освен за трето дете јас не видов некоја ЕДУКАТИВНА пропаганда. Останаа пар утрински емисии на кои може да се потпреме дека ќе научиме нешто. Ко што нема доктори и сестри ќе бидеме приморани да се лечиме сами очигледно, барем да знаеме што смееме и не смееме. Во Англија пак, висока стапка на смртност од стрептокока само зошто не се давале антибиотици, имале протоколи… страшно, се враќаме назад во време, и со болештии и со племенско однесување.
Нели беше коалмацин? Тоа е амоксиклав колку што знам, само од Алкалоид. А алмацинот е пеницилин, исто од Алкалоид мислам.
Таман работа за се да се чекаат брисеви Па и крвна слика Навикнати сме тука за сенешто боцкаме деца, а всушност и не мора, особено што лабораторииве е прашање колку даваат точни резултати. Ама, за пари е цела работа кај нас. На запад дека не ги боцкаат за се и не им земаат брисеви, гледам сите умреа? Матичниот лекар треба да е добар дијагностичар. Толку И нормално, да не се даваат лекови на своја рака, пошо бактерииве стануваат резистентни, па после ќе се чудиме со што да се лечиме