Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, баш за тоа најмногу дискутиравме во поткастот со ИРЛ, утре мислам ќе излезе, ќе слушнете детално и од правен и од секој аспект.
    Најголем кривец се Лекарска комора и фактот што НЕМААТ КРИТЕРИУМ на кого даваат лиценца за работа.
    Наместо да си го штитат угледот на фелата со построги критериуми, ама и казни за таму каде што ќе се потфрли, нив никаде ги нема.
    Никогаш не излегуваат да ја кажат нивната страна, па така народот си има слобода да си носи заклучоци сам и воедно да губи верба во здравствениот систем во целост поради неколку индивидуи.
     
    На Victorian, sweet-cherry, Feminka22 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Токму така има огромен пропуст.
    Прво направен од матичната како најјак сигнал дека нешто друго не е во ред, освен очна инфекција како што симптоматски ја лечела и препокривала со капки, а башка на детско што требале да го уочат ова веднаш.
    Ама тие таму одат по протокол, дехидратација следи инфузија, а да удреле главата отоци на очи, болки во мускули е нешто поозбилно од мистериозниот вирус од кој пред две недели починало и 2 годишно детенце се би било поинаку.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Не е наше да анализираме што било-како било.
    Си има органи кои треба да постапат.
    ... ама не постапуваат... или заташкуваат, како што знаеме и сите...

    Не е убаво да се шпекулира.
    Ни на болница бевме со нив, ни живееме со нив.

    Катастрофа невидена е ова што ни се случува.
    Денес тие, утре вие, задутре ние.
    30+ години, истото-па истото
     
    На Lovebug01, Didajo и tanjaaa им се допаѓа ова.
  4. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
    Ама не се неколку, во тоа е проблемот. И на себе ја осетив нестручноста на медицинскиот кадар. Имам голема среќа што сум жива, и што во моментот реагираше и притискаше мајка ми. А нељубезноста пак е друга тема. И со тоа уште повеќе ни ствараат одбивност
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    8.857
    Пол:
    Женски
    Ми падна во очи таткото кога кажуваше кога отишол во лабораторија за некој човек 60 години, вика “ако имаш над 60 и ти е нешто, никој не се замара слободно можиш да си умриш” Сум била сведок исто во лабораторија кај што сум слушнала “абе стар е, каква да му е крвната слика” за човек од 70на години. Матичната на свекрва ми не изреагира за шеќер 8,5 на гладно со терапија глукофаж, да рече чекај да видиме што е проблемот, да испитаме тримесечен шеќер, да не треба терапија да смениме. Не бре. Дијабетичар е нормално е висок да ѝ е. На другарка бебето со висока температура преку 39 3 дена и плачење матичната му вика од забите му е, не му проверува ништо освен грло, а детето вришти од болка. 3 дена над 39 темп и дрвата знаат дека не може да е од заби. Одење кај друг доктор, ушите жар црвени, матичната не му ги ни прегледала.
    Како да имаш доверба во докториве после сѐ? Тек на фб какви коментари се изначитав под видеово, колку луѓе сами си барале лек додека ги препраќале од едно на друго одделение. Ми се плаче сериозно и после сѐ ова што прочитав да ти е страв дете или човек да се разболи тука во државава.
     
    На Гладиоли, Skorpija25, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Токму така, а зошто е така, само за пари.
    Колку кошта стекнување лиценца и како се се добива корисно е да се чуе, се надевам во интервјуто ќе го опфатите и тоа.
     
    На MandyLane, st-el и tanjaaa им се допаѓа ова.
  7. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    Мразам да коментирам на вакви теми, ама го изгледав видеото. Да бидам искрена, треба родителите да одат и да ја запалат болницата. Какви протести и судови, тоа е сѐ механизам за да се покријат и да кажат, еве ги доказите - чисти сме. Дури и да не е лекарска грешка сите знаеме каков е односот на лекарите и сестрите кон пациентите, треба веќе конечно да им се покаже сила, да јадат еден страшен ќотек, па да имаат малку поинаква мотивација за работа.
     
    На lovely91, Гладиоли, Skorpija25 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.455
    Допаѓања:
    25.147
    Баш така. Пошо ако се протестира, овие од прозор ќе ги гледаат, и вечер ќе идат дома ќе си легнат, ќе спијат, и сабајле пак од почеток, никому ништо.
     
    На ZAHRA, Feminka22 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.267
    Допаѓања:
    50.865
    Пол:
    Женски
    Не само што не разбираат туку и најголеми мрзи се, нај не им се работи на лекарите, ако не ти се работи те најди си некоја лежачка работа и лежи таму а не каде што треба да лечат и да спасуваат животи.
    Да ти е страв да отидеш на лекар исто како низ минско поле да одиш.
    Жално за родителите а прежално за малечкото девојче, ќе се заташка и ова како и секој случај, овде нема правда.
     
    На ZAHRA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ikkui

    ikkui Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Го чувала во фрижидер растворен или не растворен?
    Не растворен нема потреба да се чува во фрижидер. Растворената суспензија е стабилна САМО 7 дена од приготвувањето и мора да се чува во фрижидер.
     
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.628
    Пол:
    Женски
    Ако не искочите денес на протест, и само крекате со денови по социјални мрежи е тогаш стварно сте нелуѓе..
     
    На Corika и tanjaaa им се допаѓа ова.
  12. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.628
    Пол:
    Женски
    Едвај 30 луѓе дали има на протест, јас не знам што да кажам повеќе.. Утре и на вашето дете ќе му се случи исто или на ваш близок, да видиме дали тогаш ќе бидете волку смирени..
     
    На Feminka22, BelataMasai и TMNT им се допаѓа ова.
  13. TMNT

    TMNT Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2023
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Машки
    Žalno mnogu, kolku mi e krivo samo za detenceto ;(
     
  14. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    8.857
    Пол:
    Женски
    Го гледав интервјуто со директорот на судска медицина ма Сител и само во едно ќе се согласам. На пациентите не им се обрнува доволно внимание.Зашто? Мн убаво објасна докторот. Имаш денес 15 прегледи со термин, и уште толку со приоритетен и со врски што мора да ги прими. Кај може да постигне да обрне на сите внимание во 8 часовно работно време? Недостиг на кадар имаме тоа е факт. Има квалитетен кадар и на државно, не велам не, но со толку пренатрупана работа и да сакаат не можат да се квалитетни. И не само со прегледи туку и со административни работи се пренатрупани. Напиши извештај, искуцај упат, внеси во дневник итн. Еднаш бев на детско одд во Струга во викенд со малата, тоа беше гунгула во чекална од болни деца, а само еден доктор на смена. Малата дехидрирана од повраќање поради тровање со храна примаше инфузија, докторот еднаш не дојде да види во дневната болница како се децата, зошто беше пренатрупан со работа. Струга, што ги покрива и Охрид, Дебар и сите охридско-струшки села зашто немаат трета смена и викенди не работат. Возила немаат болнициве од градовиве, ејј возила за пренос за Скопје на итни пациенти во 21 век. Е за тоа треба да се протестира.
     
    На Glowy, elimkd, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  15. tanjaaa

    tanjaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    2.370
    Пол:
    Женски
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.680
    Допаѓања:
    182.091
    Од каде го извади ова дека едвај 30 души дали имало на протестот
     
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.628
    Пол:
    Женски
    Јас лично бев пред министерство за здравство, од таму.
     
    На BelataMasai му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.169
    Пол:
    Женски
    Апсолутно. Луѓето се лутат зашто не им обрнале доволно време, а како еден саат да посветат на еден пациент кога денес имаат милион? И сите работат со повеќе од што треба.
     
    На Lovebug01 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.680
    Допаѓања:
    182.091
    па еве на линкот од погоре гледаме посетеност не би рекла дека се триесет души
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Па не знам дали време или внимание. Лично не ми треба 1 саат да ме прегледува доктор или да праиме муабет. Ама барем тие 10 минути да ми обрне внимание, ама и тоа некогаш тешко.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.