Намера немам да се објаснувам ја со тебе и да ти давам отчет а најмалце неамера имам да се расправам Многу ниско
Браво за проф.др. Марковски се убаво има објаснето, отворете прочитајте. Ама не, нели никогаш не е лекарска грешка кај нас, која за жал стана секојдневие.
Најточно објаснето од докторов. Пишав и јас инфузија треба строго точно по електролитен состав и волумен да е колку изгубено толку надокнадено, не од око. Плус тој убаво се осврнал на брзината на истекување, а во интервјуто и мајката рече замолила ако може побрзо да истече инфузијата дека девојчево се жалело на болки. Болките веќе објаснил д-р Вело од што биле и грчењата. Кога испаничиле да им текнело да предизвикаат медикаментозна диуреза ќе било еден обид, можеби и успешен да ја спасат. А не да трчаат како муви без глава по клучеви за лекови, па дали имале или немале тогаш да проверуваат. Страшно, никаква подготвеност за брза реакција и соодветна реанимација.
Од око даваат. Еве ќерка ми беше со јасни знаци на умерена дехидрираност. Имаше тровање од храна и во рок од 1 час поврати 7-8 пати. Поспана, бледа, сув јазик. Додека стигнавме на болница ѝ давав јаглен растворен пивнуваше по малку, но млитава беше цело време. Кога ја легнаа за инфузија прво крв ѝ земаа и одма ѝ приклучија инфузија. Резултатите од крвта стигнаа по 45 мин кога веќе пола инфузија беше истечена. Електролитите си беа во нормала. Има скроз логика ова што го пишува докторов, си има јасни знаци на умерена и тешка дехидрираност, они на лесна дехидрираност ставиле инфузија кај девојчето и настанало преоптеретување.
Воопшто не се сјајни во битолската болница јануари месец 3 пати одевме со температура 40. На бебе од 1 година со гнојна ангина.. 3 пати не вратија туширај лади викам луге детето се губи се треси се грчи неее не вратија дома.. Одам кај матичната дава и таа сируп за темп. Детето крева наместо да спушта хитно на болница одиме таму сестрата ми вика ааа вие пак колку има 38 39 викам жено 41 има одам со се топломер и викам докторе ве молам се губи.. Не гледа докторката и му дери на сестрите зошто ништо не и дале, тие дремат ставија инфузија зедоа крв црп 247 паникииии звонат по моб прашуваат со како и ставаат втора инфузија и ми викаат мораш да лежи тука, сопругот не сакаше да прифати и не пуштија секој ден одевме на инфузија ја дупеа по 7 8 пати во главче, дланка, вена неможат да најдат... И не никогаш не ги оправдувам оти тогаш немаше воопшто гужва да неможе да ни обрни внимание, и поради немање здравствено оси.во тој момент кога не враќаа назад, за да ми кажат туширај и лади ми побараа 600 ден и ми викнаа обезбедување бидејки се карав оти ништо не и помогнаа а ми бараат 600ден, за туширање и ладење со алхохол можи и керка ми од 3год да ми кажи...
Не треба од око, треба индивидуализиран пристап во терапија, не се сите од ист калап па ај кај сите ист терапевтски режим. Кај девојчево не само ова туку и отоците на очните капаци биле алармантни, ама мало, само мало обрнување внимание и знаење толку требало. Жално, девојчето веќе нема да се врати назад
После постот на Вело се има смисла Убаво викаше таткото од 20 кг чупето ми го направја 40 кг Го издуле детето Буквално от незнаење го пукнаа детево буквално го пукнаа
Душа мала, низ што поминала... Е за ова треба протести. За да се стрпаат во затвор убиците, ама не мирни, нежни, лабави, со пароли "Сакаме правда! Сакаме правда!". Туку разгневени, напиздени, без повлекување, да ги опколиме да немаат каде да бегаат, па или ќе ги судат и затворат тие што го убија душичето, или ќе ги каменуваме до смрт сите заедно.
Требаше и ова да ни текне. Ама изгледа си велевме не се до толку глупи ваква баналност да згрешат. Ама па све више треба да очекуваш. Како оние у Санте што цревото на пациентка место во душник ѝ го бутнале у хранопровод. Инаку дали некаде имаше информација со колкав волумен била инфузијата? И дали има посебни протоколи со колку мора според тежина? Според статусот на Вело да, ама дали секогаш се променува тоа во болница? Оти не ми е мене логично на пример со ист волумен да рехидрираш дете од 20 кг и возрасен човек од 80 кг.
Имале веројатно запишано во документацијата, ама ете ДЗСИ утврдиле дека немало грешка во терапијата. -.-