Не му го прочитав текстот, веројатно кажува можни сценарија од медицински аспект, врз основа на достапните информации што се во јавност.
Мхм, бидејќи навистина не е во ред да се коментира, всушност шпекулира, особено од страна лекар за нешто шо не е веродостојно, а неговиот пост алудира кон определен исход.
Веројатно сака да укаже како обична инфузија може да доведе до фатален исход. И дека не е сеедно како се дава. Оти нели сите се демек како може со инфузија да убијат некого.
Тие за тебе рекоа нема грешка, па сега за Јана ќе речеле имало грешка. Пффф И кај онаа Јилдиз рекоа нема грешка.
Кај Јилдиз нема грешка?! Како?! Девојката остана без органи. Сигурно и за ова ќе кажат дека нема докторска грешка, а очигледна е.
Не не, за мене уште ништо немаат кажано рачунај. Скоро две години еве немаат одговор, ништо. Тоа е целиот проблем.
Оти сасвим нормално е цела артерија да пресечеш при пороѓај. Пошто да, така беше. Ја пресекле бубрежната артерија ама не знаеле од каде крвари и извадиле матката и јајникот "за секој случај" да не е од таму. И кога сконтале дека е бубрегот, толку веќе. Ја се прашувам што ќе правеле да не сфатиле дека е бубрегот? Ќе фателе сите органи по ред да вадат?
Абе срц тие не приметија. Тие и ги извадија матката и јајникот во Тетово Гостивар (нз каде раѓаше жената), а дека уствари е бубрег приметија на клиника во Ск
Во Струга мислам се пораѓаше. Пред некој ден членка тука пиша за влакно се спасила од операција на слепо црево, исто ради грешка. Или прочитав наназад низ некоја тема, не знам точно. Ама беше слепо црево знам. Како бе доверба и раат да има човек под нож да легне и за ситница ај, како. Ма и инфузија да примиш ти е шубе.
Затоа не идам на доктор Ќе умрам дома ако треба Племето нивно Абе така сум огорчена, и ова малце сила шо го иам ми се претвора у бес Бел ден да не видат до 7мо колено
Исто и мене ќе ми оперираа слепо црево пред повеќе од 20 години, а јас со мал потрес на мозок. И тоа кажано на лекарите дека сум падната на глава и дека повраќам од тоа. Како вчера да беше да се сеќавам како на моите им рекоа слепо црево е одма ја носиме на операција. Среќа мајка ми ги сопре им рече нема шанси не давам никој вечерва да ја прави операција детево падна на мермер, главата е а не слепото црево.
Омг Не се реални Дали се добри со тоа главите не разбирам? Ова е елементарно непознавање на основни работи ало
Човек загрижувачки е више Јас вчера горев од температура и имав грчеви, ама реков не идсм на доктор и не. Е до тој степен доаѓаме. Да се тресам дома од температура ако треба, ама да ми е страв да отидам кај матичната, за да не завршам ко Јана. До тој степен ќе нѐ сведат. Сами дома да се лечиме и оправаме И искрено. Цел живот дур не ми дојде нож до коска, сама се лечам, антибиотици за 38 не пијам па шо сала нека е. Не се играчки тие. Да иам бактерија океј. Ама на настинка да пијам Опсен, Цефалексин, не фала. Да ми го изеде црниот дроб безпотребно Господ дал болест, ама дал и лек во близина. Лимонче, супичка, чајче, олд скул
Па со денешниве "доктори", подобро сама да се лечам. ОСНОВНИ работи не знаат, ОСНОВНИ! Или па не се замараат воопшто, ништо не ги интересира. Лиценцата да им се одземе на матичната и на сите "експерти" кои го лечеа девојчето.