Ја само ќе ја цитирам Мантуб тука зашто преку кур ми е дојдено од тоа дека сме криви а во постов е кажано све.
На своја кожа моментално го осеќам тоа зло и не можам ништо да направам освен да се помирам. Ама слободно прај ми виктим блејминг (нешто против кое се борите сите на форум кхм) и мене и сите останати. И тие силуваните се криви што не добиваат правда изгледа. Ништо подобро не знаете.
Не знам од кај го извлече муабетов... Ако си човек со мајндсет дека 'со врски се се решава', ќе ги користиш врските што ги имаш на раполагање. Во превод, како се качуваш по оштествената скала, воспоставуваш се поинфлуентни 'врски'. Некој рендом Џо, ќе ја оштети државата со 3000 денари казна, ама Мијалков кој ги имаше сите врски во државава, ќе ја оштети со 30 милиони евра... и така
Моментално не фаќам врски. Ама да ми дојде нож до коска, ќе искористам све. Знаеш зашто? Зашто во нормален свет нема да имам потреба да фаќам. Не фаќаш врски ако немаш потреба за тоа. За болка у колено не фаќам ја врски. Или преку ред на шалтер. За живот да спасам да. Или болје да умрам како чесен граѓанин.
Кажав што мислам за 'фаќањето врски' Можам да одлучам за себе како ќе постапам во одредена ситуација, за друг не можам. Прави како што мислиш дека треба. Немам моќ врз носењето на твоите одлуки
Дали сметаш дека силувана девојка е крива ако силувачот е на слобода? Мислам ако сите сме криви, сите сме, без исклучок.
Ако сите фаќаат врски, да не не' чуди и силувачот да го прави истото А иначе не, не е крива за конкретната хипотетичка ситуација, ама ако практицира и одобрува фаќање врски, тогаш придонела кон исходот.
https://shilomagazine.com.au/2023/0..._Qk36Sbd_C03ra12nKV0Dr5PIoZ6g&mibextid=Zxz2cZ Прекрасен старт на викендот…
Ако фати врски за да го фатат насилникот дали ќе ѝ речеш дека е поарно да умре или да фати врски? Патем ти велиш и другите дека СИТЕ сме криви. Не само врскаџиите.
Не треба никој да фаќа врски. Ако не преземеме лична одговорност за постапките, никогаш нема ништо да се смени. Моќниците нема еден ден да се разбудат и да се сожалат на сите оштетени лица во светов и да престанат со корупцијата.
Не треба, тачно Јас те прашувам во ситуација која е итна и животозагрозувачка што ќе ѝ речеш? "Умри ама не фаќај врски" или "спаси се како знаеш?" А притоа не може по нормален пат да се спаси. Првото?
Избегнувај одговор, што да ти кажам. Зашто душа не ти дава да кажеш дека тогаш ќе одобриш врски. Ако не кажуваш за другите, не ги суди тогаш.